ДОМА ЗА НАС КОНТАКТ АГЕНТ
Преведи: Macedonian Albanian Bulgarian Croatian English Greek Serbian Slovenian Turkish

... НАЈНОВИ ВЕСТИ !!! ... НАЈНОВИ ВЕСТИ !!! >>> ОД 07.АПРИЛ, ПРОДОЛЖУВА ПРЕTПРОДАЖБАТА НА АРАНЖМАНИТЕ ОД ПРОГРАМАТА "ЛЕТО ВО ГРЦИЈА 2014 ГОДИНА" !!! >>> ПРЕДПРОДАЖБАТА НА ЛЕТНИТЕ АРАНЖМАНИ ВИ НУДИ МОЖНОСТ ИСТИТЕ ДА ГИ УПЛАТИТЕ ПРЕД НИВНАТА РЕАЛИЗАЦИЈА И ПРИ ТОА ДА ДОБИЕТЕ ПОПУСТ ВО ПРЕДПРОДАЖБА И ДО 10% НА НИВНИТЕ РЕДОВНИ ЦЕНИ !!! >>> ПОКРАЈ ПРЕTПРОДАЖБАТА НА ЛЕТНИТЕ АРАНЖМАНИ ЗА ГРЦИЈА, ВЕЌЕ СЕ ВО ПРОДАЖБА И ОЧЕКУВАНИТЕ ЧАРТЕР АРАНЖМАНИ ЗА ТУРЦИЈА !!! >>> ЛЕТУВАЈТЕ ВО ТУРЦИЈА СО ДИРЕКТНИТЕ ЛЕТОВИ ОД СКОПЈЕ ДО БОДРУМ И АНТАЛИЈА !!! >>> ОДБЕРЕТЕ НЕКОЈ ОД СТОТИЦИТЕ ПОНУДЕНИ ХОТЕЛИ, ВО БИСЕРИТЕ НА ТУРСКИОТ ТУРИЗАМ: БОДРУМ, КУШАДАСИ, МАРМАРИС, АНТАЛИЈА, АЛАЊА, БЕЛЕК, КЕМЕР, СИДЕ... !!! >>> ПРЕКУ НАШАТА ВЕБ СТРАНИЦА МОЖЕТЕ ДА ГИ ОДБЕРЕТЕ ПОСАКУВАНИТЕ АПСОЛВЕНТСКИ И УЧЕНИЧКИ ПАТУВАЊА ЗА ПРЕСТОЈНАТА ПРОЛЕТ !!! >>> ВО АКЦИСКА ПРОДАЖБА, СЕ ДОЛГООЧЕКУВАНИТЕ IATA КУРСЕВИ - ЗА ОБУКА НА КАДРИ ВО ТУРИСТИЧКАТА И ПАТНИЧКАТА ИНДУСТРИЈА !!! ВО НОВООТВОРЕНИОТ ТРАВЕЛ ТРЕНИНГ ЦЕНТАР ВО СКОПЈЕ, ВЕЌЕ СТЕ ВО МОЖНОСТ ДА СЕ СТЕКНЕТЕ СО МЕЃУНАРОДНО ПРИЗНАТИТЕ СЕРТИФИКАТИ, ОД IATA ИНСТИТУТОТ ВО КАНАДА !!! <<< НАЈНОВИ ВЕСТИ !!! ... НАЈНОВИ ВЕСТИ !!!

Социјални мрежи:

Facebook Twitter Youtube
 
ПОНУДИ НА ВАШИОТ E-MAIL:

MSC Cruises
Календар на сите крстарења
Најповолни тарифи
Подарете Ваучер, подарете спомени...
Рекламирај се, на www.savana.mk !!!
ЗЛАТИБОР

Благодарејки на специфичната клима и карактеристичните воздушни струи, континентални и медитерански, хармоничниот однос помеѓу пошумените предели од eли, борови и смреки, како и пространите ливади прекриени со разнобојни билки, реките и потоците, незагадениот воздух, здравата и чиста вода, големиот број на сончеви денови во годината, гостопримливоста на домакините, преубавите скијачки терени... Златибор се разви во прочуен летен и зимски туристички центар, со најдолга туристичка традиција мегу планините во Србија. За официјален почеток на туризмот на Златибор се смета со доаѓањето на крал Александар Обренович 1893 кога и ова место го дабива името Краљеви води.Златибор е пресечен со реките Црн Разв, Голем Разв и Сушица, и потоци кои се богати со различни видови на риби клен, кркушка, пастрмка... Во Златибор постојат две вештачки езера, едно во самиот центар направено за туристички потреби, а другото е Рибарско езеро десет километри одалечено од туристичкиот центар на Златибор, и служи за водоснабдување на златиборскиот крај а капењето и риболовот е дозволено само во еден дел на езерото. Златибор е познат и како скијачки центар. Скијачите почетници и децата ќе уживаат на благите падини Обудејевице ( помал ски лифт со должина 250 м) а подобрите скијачи ке се одлучат за одење на Торник и некои од неговите стази. Медицинските истражувања покажале дека климата на Златибор е погодна за одржување на здравјето и на кондицијата на здравите луѓе, како и за лечење на разни болести на плуќа, анемии, болести на срцето и крвните садови, а посебно лошото работење на штитната жлезда. Убавината на Златибор неможе да се опише со зборови, неможе да се направи ни со фотографии. Кој еднаш ке помине на Златибор станува негов вљубеник и ке ви биде мерило за убавина за се што ке видите во животот. Тој верно ве чека таму.


ХОТЕЛИ ВО ЗЛАТИБОР

HOTEL MONA ****

HOTEL OLIMP ****
 

NOVAKOV DVOR **

HOTEL MIR ****


За време на престојот на Златибор, препорачуваме да ги користите следните локални излети и посети...

Мокра Гора е место кое е 4,5 км одалечено од границата на Босна и Херцеговина. Легендата кажува дека името го добила од патниците кои кога пропатувале низ гората, ноќта кога сакале да преспијат тука и сакале да запалат оган да се згреат дрвата биле толку влажни што никако не можеле да запалат оган.Низ ова мало место протекуваат и три мали реки Камешина, Бел и Црн Разв. Мокра гора во 2008 година е прогласена за парк на природата. Шарганска осмица е активна туристичко–музејска железница, позната во Европа по пругата со низок колосек (ширина на пругата 760mm). Должината на пругата изнесува 13.5 км, а она што е специфично за оваа пруга и по кое го добила името целата оваа делница е тоа што на еден дел од пругата прави пат во облик на бројот осум во должина од 3,5 км. Популарниот воз Ќиро се движел по оваа делница од 1925 година кога пругата е завршена се до 1974 година кога укината. На почетокот на овој век, пругата и сите објекти се обновени за туристички потреби. Од голема вредност е овој комплекс и со самиот факт дека целата рута со железнички станици и вагоните се реконструирани автентично, како и во локомотивата е сочуван процесот на ложење. Така на пример железничката станица Јатара е позната по тоа што во неа никогаш не е продадена ниедна карта, ниту пак некој патник се симнал на оваа станица. Единствена намена на оваа станица била да возот Ќиро тука полни вода бидејќи била богата со вода и тука било единственото место каде може да се разминат два воза. Оваа станица е обележана на сите географски карти во тоа време и била единствено место на карта каде немало ни еден жител. Возењето со Шарганската осмица е права атракција и поради дивите предели на Мокра Гора низ која се поминува, многуте тунели ( дури 20 тунели, кои се една третина од вкупната должина на железницата, мостови и виадукти, кривини и теснеци, далеку од брзиот тек на модерниот свет. Црквата Брвнара е посветена на Св. Илија. Пророкот која се наоѓа во самиот цернтар на Мокра гора. Црквата е изградена во 1946 година, значајно е тоа што е изградена во периодот на Комунизмот. Во 1999 година покрај црквата е обновен парохајски дом на чиј спрат има убаво уредени соби за преноќување. Изворот Бела Вода е еден од лековитите извори во Мокра Гора. Има висока Ph вредност, се проценува дека нејзината вредност изнесува околу 11,5 , и се смета дека е седми ваков извор во светот. Водата на овиј извор не е за пиење, туку може да се пие само две три голтки дневно и е добра за болести како гастрит, чир на желудник и на дванаестпалачно црево. Водата е добра исто така добра и за кожни болести а ја нарекуваат и Вода за очи бидејки помага за болести на очните капаци и очите. Мокра Гора е единствено место на светот каде има две пруги со тесен колосек и го поврзува изворот бела вода со излетничкото место Јатарице во должина од околу 2 км.Недалеку од изворот се наоѓа црквата посветена на Свети Јован Крстител.На патот од Ужице према Вишеград одна позади Шарганскиот тунел, се наоѓа како во бајка волшебен град Дрвенград–Меќавник. Пренесените стари куќи од околните места и од Република Српска, во волшебната природа на Мокра Гора, филмскиот режисер Емир Костурица направил место за се тргнете од секојдневниот живот. Идеата ја добил за време на снимањето на филмот “ Животот е чудо”. Древенград или Мечавник има една главна и неколку споредни улици, плоштад поплочен со дрвени даски и православна црква. Иако е мал и е изграден од дрво, Меќавник има доволно содржини тука да поминете повеќе денови, како и модерно кино и хотелски соби, галерија, слаткарница во која се нудат домашни колачи и сокови, национален ресторан, библиотека, продавница за сувенири, италијански ресторан, теретана, затворен базен, сауна, спортска сала, дискотека, билијард, бежичен интернет, банка и банкомат. Вкупен капацитет на сместување е 100 легла. Под Дрвенград се наоѓа трим патека во должина од 3 км, а на 10 км од Мечавник се наоѓаат терените за скијање Ивер на планината Тара, која исто така ја има изградено Емир Костурица.Пештерата Стопица е пештера која се наоѓа во село Рожанство, на само 19 км од Златибор. Низ неа протекува Травански поток, и поради тоа од украси постојат само сталактити.Влезот во пештерата е широк 35 м а висок 18 м. Пештерата се состои од 5 целини: Светла сала, Темна сала, Голема сала со кади, Канал со кади и Речен канал. Позната е по кадите од бигор кои се исполнети со вода, а кога нивото на водата е поголемо се прелива водата од една во друга. Истражувањата покажале дека најдлабоката када е со длабочина од 7 метри а со таква длабочина има усте една која се наоѓа во Турција.Во пештерата се наоѓа и водопад познат под името “ Извор на животот “. Сирогојно е село познато по рачно изработени џемпери и волнени ткаенини кои се изложени за продажба и воглавно имаат мотиви од Златибор. Тука се наоѓа и познатиот музеј “ Старо село “ во кој е преставен животот и функционирањето на семејната заедница некогаш. Музејот има две целини во првата целина се преставени објектите кои го задржале првобитниот изглед а и намена, а другиот дел се преставени објектите кои го задржале својот првобитен облик но се пренаменети за потребите на музејот и на посетителите. Во првиот дел се две комплетно опремени куќи, додека во вториот дел се наоѓаат 7 апартмани, меана, продавница за сувенири, прекрасен двор како и помошните објекти наменети за вработените во музејот. Одбрани се објекти кои можат да ја представат архитектурата во Златиборскиот крај, и истовремено да го показат начинот на живот во тогашното село.Некои куќи се изградени од дрво дури и клинците биле дрвени сто укажува на слабата економска моќ на некои од семејствата. Основна работа на тогашните жители било сточарството, бидејки од земјоделство не можело да се живее. Навистина интересно е да се посети и да се слушне нешто повеќе за она што е вистинска уметност. Во селото се наоѓа меана, градена во деветнаести век, каде може да пробате домашни специјалитети пита, проја,погачи од црно брашно со кајмак и пршута, качамак и кисело млеко. Една од поголемите туристички атракции на Златибор е Водопадот на реката Катушница, висок дваесетина метри, во чии води според легендата се капеле самовили. Водопадот се наоѓа во прекрасна природа и е идеално место за одмор на вашите очи.Планината Тара се смета дека е божица меѓу планините и е позната како еден од најубавите национални паркови во Европа. Со својата волшебна убавина Тара просто мами. Убава е во секој дел од годината, а најубава е во септември кога сите бои ќе се измешаат. Легендата кажува дека богот Тар поради тоа што сметал дека не е убав решил да го помине својот живот на оваа планина, впрочем така и го добила името. Познато е дека Тара има одлична клима и добра е за оние кои се лечат од асма, бронхит и анемија. Планинскиот воздух го јакне имунолишкиот систем. На 9км од туристичкиот центар на Златибор се наоѓа најколемиот скијачки центар Торник кој се наоѓа на надморска височина од 1110 до 1490 метри.Овој центар располага со четири стази и тоа Чигота, Торник, Рибница и Змајевац. Располага и со модерна шестоседна жичара која е долга 1650 метри.Станицата поаѓа од 1111м надморска височина и се искачува под врвот на Торник на 1485 метри. Зичарите и стазите се делат во два правци. Долниот дел на патеката се движи помеѓу 1211 и 1474 метри надморска височинаи во должина од 330 до 692 метри. Горниот дел од стазата се движи помеѓу 1117 и 1490 метри. Вкупната должина на патеките изнесува околу 5000 метри. Патеките се одлични за натпревари во слалом, велеслалом и супер велеслелом. Во самиот центар на Златибор, на Обудовци, има можност за рекреација и зимски спортови со еден ски лифт со солжина од 250 метри, тип сидро и неколку беби ски лифтови, кои се обично со должина од 200 метри. Изнајмување на скии, моторни санки и останата ски опрема мозе да се изнајмат на ски стазите.На Златибор се одржуваат многубројни натпревари од национално и меѓународно значење. Во Муретница има резервна стаза за смучарско трчање и биатлон, и на оваа стаза снегот се задржува мај. А за крај никако не смеете да пропуштите да ги пробате специјалитетите на златиборската кујна, златиборска пршута, лепинја печени на дрва, полнети со кајмак, јајце и сос од свежо печено јагне,кајмак и сирење, слатко од шумски јагоди и боровноца, и секако познатата домашна ракија “Шљивовица “.

НАЗАД
Travel info / Web Site
Airtickets ONLINE / Web Site
Macedonia Vision / Web Site
Travel Training Center / Web Site
Holiday Real Estate / Web Site
АНКЕТА
Планирање на летниот одмор ?
Оваа година ќе летуваме...
на море
на езеро
на планина
на друго место
нема да летуваме
За тоа ќе ни требаат финансии...
до 500 EUR
до 1000 EUR
до 2000 EUR
многу повеќе...
немаме финансии...
СПЕЦИЈАЛНИ ПОНУДИ !!!
Со Савана Травел Клуб во Грција...
(c) Copyright 2007 SAVANA Tourist Enterprises
Orce Nikolov 20, 1000 Skopje, Macedonia
tel. ++ 389 2 3115 826, fax ++ 389 2 3114 206,
email: info@savana.com.mk
 

18.000 facebook likes


ВИ БЛАГОДАРИМЕ
НА ДОВЕРБАТА