ДОМА ЗА НАС КОНТАКТ АГЕНТ
Преведи: Macedonian Albanian Bulgarian Croatian English Greek Serbian Slovenian Turkish

... ПОЧИТУВАНИ ПОСЕТИТЕЛИ НА ВЕБ СТРАНИЦАТА НА САВАНА... ВО НАШАТА АНТУЕЛНАТА ПОНУДА, ВЕЌЕ ОДДАМНА СЕ НАОЃААТ НАЈБАРАНИТЕ ЛЕТНИ ТУРИСТИЧКИ АРАНЖМАНИ НА МАКЕДОНСКИОТ ПАЗАР... ОСВЕН ДОБРО ПОЗНАТИТЕ ДЕСТИНАЦИИ КОИ ГИ НУДАТ НАЈУБАВИТЕ МЕСТА ВО РЕГИОНОТ И ОВАА ГОДИНА, САВАНА ЗА ВАС ОБЕЗБЕДИ ДОПОЛНИТЕЛНИ НОВИ ПОНУДИ... ОД ГРЦИЈА, ПОВТОРНО ЈА ВРАТИВМЕ ПРЕКРАСНАТА КЕФАЛОНИЈА - ЕДЕН ОД НАЈУБАВИТЕ ЈОНСКИ ОСТРОВИ, НО СЕГА ПРЕТСТАВЕН НИЗ АРАНЖМАНОТ КОЈ ВЕ ВОДИ ВО НЕЈЗИНОТО НАЈУБАВО ЛЕТУВАЛИШТЕ - ЛАСИ !!! ...КОН НАМ ДОБРО ПОЗНАТАТА ТУРЦИЈА, ПОВТОРНО ВЕ ВОДИМЕ СО СИГУРНИТЕ ЧАРТЕР АРАНЖМАНИ ЗА АНТАЛИЈА, ЛАРА, АЛАЊА, КЕМЕР, БЕЛЕК, СИДЕ... ИЛИ ПАК КОН РЕДОВНИТЕ ЗА КУШАДАСИ, БОДРУМ И МАРМАРИС... ЗА ЕГИПЕТ ВЕЌЕ Е ПРЕТСТАВЕНА ПРЕКРАСНАТА ХУРГАДА, ДЕСТИНАЦИЈА КОЈА МИНАТАТА ГОДИНА ГИ СОБОРИ СИТЕ ТУРИСТИЧКИ РЕКОРДИ... А ЗА ХРВАТСКА !? НАЈПОСЛЕ ПОВТОРНО ГО ВРАЌАМЕ НЕКОГАШНИОТ ДИРЕКТЕН ЛЕТ ЗА СПЛИТ !!! ПРЕД ВАС СЕ ПРЕКРАСНИТЕ МЕСТА ДОЛЖ ДАЛМАТИНСКАТА РИВИЕРА ИЛИ НА БЛИСКИТЕ ОСТРОВИ БРАЧ ИЛИ ХВАР... НАВИСТИНА ЕДИНСТВЕНА МОЖНОСТ ЗА ПРЕКРАСЕН ОДМОР... И ТОА НЕ Е СЕ'... ВО СОСЕДНА БУГАРИЈА ГИ ОБЕЗБЕДИВМЕ НАЈПОВОЛНИТЕ ПОНУДИ ЗА БРОЈНИТЕ КАПАЦИТЕТИ НА ЦРНОТО МОРЕ, ДОДЕКА ПАК ЗА МЛАДИТЕ КОИ ПОСТОЈАНО ТРАГААТ ЗА ЗАБАВА... ПРЕД НИВ Е ЕДЕН ОД НАЈПОЗНАТИТЕ АРАНЖМАНИ ЗА МЛАДИ, НАРЕЧЕН ТОКМУ ПО НИВ - "PARTY GENERATION" !!! ...СЕ РАЗБИРА, ДЕКА НА НАШАТА ВЕБ СТРАНИЦА ИМА И МНОГУ ПОВЕЌЕ ОД ДОСЕГА СПОМЕНАТОТО, НО СЕПАК, ПОНАТАМОШНОТО ИСТРАЖУВАЊЕ И ПАТУВАЊЕ НИЗ НЕА ЌЕ ВИ ГО ОСТАВАМЕ ВАМ... ДОКОЛКУ НА НЕЈЗЕ ПРОНАЈДЕТЕ НЕШТО ШТО ЌЕ ВИ СЕ ДОПАДНЕ, НАМ СЕКАКО ЌЕ НИ БИДЕ ЗАДОВОЛСТВО ДА ВЕ УСЛУЖИМЕ !!! 

Социјални мрежи:

Facebook Twitter Youtube
 
 LAST MINUTE понуди !!!
Travel info / Web Site
Airtickets ONLINE / Web Site
Macedonia Vision / Web Site
Travel Training Center / Web Site
Holiday Real Estate / Web Site
 Зачлени се во Савана Травел Клуб
Подарете Ваучер, подарете спомени...
Рекламирај се, на www.savana.mk !!!
ПИЕРИА - Земјата на боговите...

Под планината Олимп, која според митологијата била домот на боговите, се протега регионот - Пиериа. Богат со многу природни убавини, археолошки ископини, остатоци од многуте цивилизации кои поминале низ него, овој регион самиот за себе го потврдува епитетот дека е “земја на боговите”. Доклоку сте размислувале да комбинирате одмор покрај море, со можност за рекреирање и уживање во планинската опкруженост, регионот Пиериа е вистинскиот избор за Вас! Широките плажи кои се простираат во должина повеќе од 70 километри, се вистински пример за чиста природна убавина. Златниот песок и рамниот предел ве водат до синото море, а наоколу ве опкружуваат листопадни и борови шуми. Главниот град на областа е Катерини, кој лежи помеѓу рамнината на Пиериа и подножјето кое се издига кон планината Олимп. Најпознати туристички места се веќе добро познатите: Паралија, Олимпик Бич, Лептокарија и Неи Пори.

ПРОГРАМА НА АРАНЖМАНОТ:


01.ден (Сабота)
    СКОПЈЕ - ПИЕРИА
Состанок на групата на паркингот спроти хотел “Holiday Inn” во 05:30 часот. Поаѓање за Грција во 06:00 часот наутро. Патот води преку граничниот премин Богородица-Евзони. По пристигнување во местото, сместување во објект по избор од програмата. Слободно попладне за одмор. Ноќевање.

од 02.ден (Недела) до 07.ден (Петок)    ПИЕРИА
Денови за одмор и идивидуални активности. Престој во место и објект по избор од програмата, во студија и апартмани на база ноќевање. Комуникација со локалните претставници на агенцијата за евентуални факултативни излети и посети. Ноќевање.

08.ден (Сабота)      ПИЕРИА - СКОПЈЕ
Напуштање на собите до 10:00 часот. Во попладневните часови, заминување од местото на престој и патување кон Македонија. Пристигнување во Скопје, во вечерните часови.

*

ЦЕНОВНИК ПИЕРИА (.pdf)


ПАРАЛИА
Опис на објекти и ценовник

(кликни на сликата)

ОЛИМПИК БИЧ
Опис на објекти и ценовник

(кликни на сликата)

ЛЕПТОКАРИА
Опис на објекти и ценовник

(кликни на сликата)

НЕИ ПОРИ
Опис на објекти и ценовник
Резултат со слика за nei pori
(кликни на сликата)


ИНТЕРЕСНИ МЕСТА ЗА ПОСЕТА:

Дополнителен мотив токму Пиериа да биде Вашиот избор за летен одмор, се секако и мноштвото познатиисториски места и археолошки локалитети: Дион, Пела, Вергина, клисурата Темби со Св.Петка или пак градчето Литохоро... Сите тие убавини, сигурно нема да Ве остават рамнодушни и пасивни за време на Вашиот одмор. Посетата на Pella и на Vergina е ескурзија која ќе ве води низ земјата на Големиот Александар. Патувањето се реализира со посета на споменатите антички локалитети, а во своето заокружување обично завршува со Солун. Пела е град кој во 4-от век п.н.е. бил главен град на Македонската Империја, а воедно и град во кој е роден Александар Велики. Турата продолжува кон Вергина каде ќе можете да ги видите археолошките остатоци од гробницата на Македонски кралеви, а за која воедно се мисли дека е и гробница на македонскиот крал Филип Втори. Посетата на Солун, секако нуди различни можности, а при ваква ескурзија најубаво е да се заврши со посета на тамошниот Археолошки музеј. Litohoro е мало гратче кое се наоѓа во падините на далеку познатата планина Олимп. Можноста да се искачите на туристичката панорама во близина на планинарскиот дом на Олимп е секако нешто што не би требало да се пропушти. Погледот кон сета Пиериа која во далечината се протега покрај сината морска шир е едноставно фантастичен. Оваа прошетка би требало да заврши со посета на малото планинско гратче, низ кое додека ќе прошетате по неговите стрмни улички, ќе купите убава домашна ракотворба или пак само ќе се одморите во некоја локална таверна. Kлисурата Tembi и црквата Agia Paraskevi (Св.Петка) Ова е посета која ви нуди прекрасна можност, во летната горештина да пронајдете свежина и малку мир од секојдневниот џагор и мешаница. Реката Пиниос која минува низ оваа клисура е носител на сето богатство на зеленилото кое го исполнува вашиот поглед, а пештерната црква посветена на заштитничката Св.Петка е секако најголемото кое со својата светост ги привлекува мноштвото посетители и верници кои тука доаѓаат на поклонение.

НАЗАД
(c) Copyright 2007 SAVANA Tourist Enterprises
Orce Nikolov 20, 1000 Skopje, Macedonia
tel. ++ 389 2 3115 826, fax ++ 389 2 3114 206,
email: info@savana.com.mk
 

49.000 facebook likes


ВИ БЛАГОДАРИМЕ
НА ДОВЕРБАТА