ДОМА ЗА НАС КОНТАКТ АГЕНТ
Преведи: Macedonian Albanian Bulgarian Croatian English Greek Serbian Slovenian Turkish

... ПОЧИТУВАНИ ПОСЕТИТЕЛИ НА ВЕБ СТРАНИЦАТА НА САВАНА ... ВО НАШАТА АКТУЕЛНАТА ПОНУДА, ВЕЌЕ ОДДАМНА СЕ НАОЃААТ НАЈБАРАНИТЕ ТУРИСТИЧКИ АРАНЖМАНИ НА МАКЕДОНСКИОТ ПАЗАР ... ОСВЕН ДОБРО ПОЗНАТИТЕ ТУРИСТИЧКИ ПРОГРАМИ КОИ ВЕ ВОДАТ ДО НАЈУБАВИТЕ МЕСТА ВО РЕГИОНОТ И ЕВРОПА, САВАНА ЗА ОВАА ЛЕТНА СЕЗОНА ДОПОЛНИТЕЛНО ОБЕЗБЕДИ И НОВИ АТРАКТИВНИ ПОНУДИ... ПРЕД ВАС СЕ АКТУЕЛНИТЕ ПРОГРАМИ ЗА ЕСЕНСКИТЕ И ЗИМСКИТЕ ПАТУВАЊА ... ЗА ЉУБИТЕЛИТЕ НА ПАСИВНИОТ ОДМОР И РЕЛАКСАЦИЈАТА ТУКА СЕ ПОЗНАТИТЕ БАЊСКИ И СПА ЦЕНТРИ ... ДОКОЛКУ ВО ОВАА СЕВКУПНА ПОНУДА КОЈА ПОСТОЈАНО СЕ ДОПОЛНУВА, ПРОНАЈДЕТЕ НЕШТО ШТО ЌЕ ВИ СЕ ДОПАДНЕ, НАМ СЕКАКО ЌЕ НИ БИДЕ ЗАДОВОЛСТВО ДА ВЕ УСЛУЖИМЕ !!! 

Социјални мрежи:

Facebook Twitter Youtube Instagram
 
 TRAVEL info - архива на изданија
Travel Training Center / Web Site
Airtickets ONLINE / Web Site
Holiday Real Estate / Web Site
Macedonia Vision / Web Site
Уплати "online" !!!
Оnline payment with ccard / Онлајн плаќање со кредитна картичка (по про-фактура !!!)
ДУБАИ - Екскурзии и знаменитости

ФАКУЛТАТИВНИ ЕКСКУРЗИИ во ДУБАИ

ЕКСКУРЗИИ

Тура

оброк

трансфер

времетраење

мин.лица

цена

Дубаи разглед

/

вклучен

4 часа

2

23

Шарјах/Ајман

/

вклучен

4 часа

2

32

Абу Даби

/

вклучен

8 часа

2

46

Ал Аин

/

вклучен

8 часа

6

40

Источен брег

/

вклучен

8 часа

6

40

Ноќно сафари

2 оброка

вклучен

17 часа

4

83

Вечерно пустинско сафари

вечера

вклучен

6 часа

1

43

Доу крстарење

вечера

трансфер

2 часа

1

29

Дубаи крстарење (Bateaux)

вечера

трансфер

2,5 часа

2

101

Ски ресорт

/

/

3 часа

1

35

Возење со хелихоптер

/

/

15 мин

1

184

Делфинариум

/

/

1

23

Бурж Калифа

/

/

4 часа

1

35

 

Полудневен разглед на Дубаи

Дубаи – главниот трговски центар на Обединетите Арапски Емирати ја плени имагинацијата на туристите од целиот свет. Турата разглед на Дубаи е одлично организирана и се однесува на сите оние кои се љубопитни да го откријат светски познатиот и неспоредливиот град. Турата Ве води до некои од најубавите знаменитости на Дубаи: чудесната Џумеира џамија изградена во 1979 год која е прекрасен примерок на модерната исламска архитектура, волшебниот Бурж Ал Араб - најлуксузниот хотел во светот и секако, Бурџ Калифа – највисоката зграда на светот. Турата продолжува кон трговскиот центар каде може да ги видите најмодерните и највисоките градби во Дубаи кои се чини се натпреваруваат една со друга (Емирати Кулите, Трговскиот Центар итн.) Следната станица е Палатата на Шеикот, дозволена е посета само однадвор. Турата продолжува со посета на најстарата област Бастакија, вклучувајќи ја посетата на Ал Фахиди тврдината изградена во 1800 год од морски карпи и гипс, со одбранбена улога. Посетителите ќе имаат прилика да го погледнат документарниот филм за раниот живот во Дубаи (оружје, гробови, грниња и накит од 3 век п.н.е.). Турата завршува со прошетка и шопинг на затворениот пазар за зачини, се' до затворениот пазар за златни изработки .

Во цената е вклучено:
трансфер од и до хотел (земање од хотел 08.00-09.00, враќање 13.00-13.30)
водич на англиски јазик
автобуски превоз

* Времетраење на турата 4 часа.

Целодневен раглед на Абу Даби

Турата ќе Ве одведе до внимателно одбраните знаменитости на Абу Даби. Почнувајќи од извонредните згради, дел од најчудесната светска архитектура, ќе имате можност да го погледнете одблиску единствениот културен микс и прекрасната традиционална уметност на Емиратите, како и типичните вештини видени преку ориенталните пазари и центарот за занаетчиство. Влезете во светот каде исламските дизајни и елементи ја карактеризираат модерната архитектура, мешајќи го новото со античкото на Истокот и Западот. Уживајте во неговите бои, во славното зеленило на неговите градини, заедно со прекрасното синило на морето и небото. Места за посета:
Музејот на наследство
Големата џамија
Покриениот пазар за злато
Пазарот за урми
Ферари центарот

Во цената е вклучено:
трансфер од и до хотел (земање од хотел 08.00-09.00, враќање 17.00-18.00)
водич на англиски јазик
попладневен ручек
автобуски превоз

*Времетрање на турата 8 часа.

АЛ АИН тура во оазата

Ал Аин е традиционалното седиште на Шеикот и веројтно најтрадиционалниот град од сите поголеми градови во Обединетите Арапски Емирати. Низата од оази е карактеристична за овој град. Посетата на Ал Аин Музејот заедно со Палатата Музеј на Шеикот е задолжителна. Тука ќе може да ги погледнете трките со камили и пазарот за добиток. Во оваа формално витална пустина ќе пронајдете богатата култура и трговски центар кој вклучува пазари со потекло од 18 век. Исто така ќе ја видите датуловата палма одгледувана преку античкиот систем за наводнување фалај, како и интересното спогодувањето на пазарот за камили. Турата продолжува со посета на  „Jebel Hafeet“ планината, која има одлична локација и дава прекрасен поглед врз градот. Исто така се посетуваат изворите со минерална вода сместени во подножјето на планината, целата област изобилува со лековита вода. Последователно на оваа прекрасна тура, се прави пауза за ручек во хотел со 5 * по што се заминува за Абу Даби.
 
Во цената е вклучено:
трансфер од и до хотел  (земање од хотел 08.00-08.30, враќање 18.00-18.30)
водич на англиски јазик
автобуски превоз
Во цената не е вклучено:
пладневен ручек

*Време траење на турата 9 часа. 

Целодневен разглед на Шаржа

Шаржа е третиот по големина емират и е карактеристичен по својата мешавина на старото и новото. Емиратите се благословени со сцени од најразличен карактер и прекрасно крајбрежје. Турата започнува кај Плоштадот на Културата, потоа продолжува до „Majahrah „ затворениот пазар познат по своите заплеткани мозаици и златна купола. Следната станица е 150 години старата куќа Ал Набуда која денес претставува музеј на културното наследство. Се продолжува кон чудесната Кинг Фајсал џамија која во моментов е најголемата во Емиратите, Споменикот на Бисерот кој ги симболизира ОАЕ  и Синиот пазар кој претставува рај за љубителите на шопинг. Одберете помеѓу злато, сребро, теписи, антиквитети, парфеми и вариетет од други блага. Турата продолжува кон фасцинантниот музеј Аџман кој е отворен 1981 год во прекрасната тврдина од 18 век која служела како палата на владетелот. Лоциран во центароот на градот, музејот со куќи е реконструкија на традиционалниот живот и содржи интересна колекција на археолшки артефакти, манускрипти и старо оружје.

Во цената е вклучено:
трансфер од и до хотел (земање од хотел 08.00-08.30, враќање 12.00-12.30)
водич на англиски јазик
автобуски превоз

*Времетраење на турата 4 часа.

Тура на Источниот Брег

Фуџејра, скапоценоста на Арабија е удобно сместена на Источниот Брег на Индискиот Океан. Фуџејра нуди илјадници километри песочни плажи и бројни водени спортови како сурфање, спортско едрење и риболов во длабоките води. Источниот Брег нуди исто така можност да погледнте најразлични пејсажи во ОАЕ.  Турата започнува со земање на патниците од хотел, возењето се одвива преку Шарџа Емиратот, од каде се влегува во градот Масафи и Даид каде се посетува петочниот пазар кој има широка понуда на арапски подароци. Понатака се продолжува кон  тврдината Битна изградена во 16 век од страна на Португалците, потоа продолжуваме кон селото за културно наследство во Фуџејра, Аин Мадхаб градините и преку рибарско село наречено Дибах се доаѓа до Ал Бидија џамијата, која е најстарото место за молење во ОАЕ. Исто така ќе имате можност да ги погледнете незаборавните кањони на Мусандам. Турата завршува со можност за капење во убавиот Океан.

Во цената е вклучено:
трансфер од и до хотел (земање од хотел 07.30-08.00, враќање 18.00-18.30)
водич на англиски јазик
автобуски превоз

*Времетраење на турата 9 часа.

Вечерно пустинско сафари

Искусете ја широката пустина, магичното и незаборавно зајдисонце, заедно со одличната арапска забава во една ноќ за паметење. Турата започнува со возење низ песочните дини среде пустината, се' до камповите за јавање на камили. Ќе бидете забавувани од страна на стомачна танцувачка и ќе имате можност да ја вкусите сочната скара за вечера. Уживајте во пустинската смиреност и тишината на ноќта, хипнотизирајте се преку погледот во ѕвезденото небо, се' додека пристигне следното утро. Вреќи за спиење ќе Ви бидат на располагање за Ваша удобност. Следното утро ќе се разбудите од изгрејсонцето и мирисот на топол и лесен појадок. Турата продолжува кон Хата Вадис, место кое нуди сцени со неочекувана убавина како на пр. атрактивни базени во карпа, опкружени со зеленило како освежување пред да се вртите назад во Дубаи.

Цената вклучува:
трансфер од и до хотел (земање од хотел 15.00-15.30, враќање 09.30-10.00)
возење низ пустината
јавање на камили
фотогафирање на зајдисонце
стомачен танц шоу
безалкохолни пијалоци, кафе, чај, минерална вода
вечера  (скара - шведска маса) 
вреќи за спиење и кебиња
појадок (кафе, чај, тост, путер, џем, јајца и џус)
превоз

*Времетраење на турата 17 часа, секој ден за минимум 4 лица.

Планинско Хата сафари

Целодневната тура Ве води до старото село Хата, единствениот планински ресорт во Емиратите. Селото е оддалечено на 45 мин возење од Дубаи. Попатно се застанува до петочкиот пазар, каде може да пронајдете вариетет од овошја, грниња и теписи. Уживајте во спектакуларната глетка на пустината и планинските карпести премини, се' до Хата селото за културно наследство. Патувањето се одвива преку нерамни патишти и зелени полиња пред да се навлезе во долината на сувото речно корито. Хата  ги сече ветровите низ планината, со раскошната зелена оаза и освежувачките водени базени, затоа не заборавајте да понесете костим за капење и крпи. Последната станица е Хата Форт хотелот каде има може да одберете едно мени од 3те за ручек. Пијалокот е со доплата. Хотелските погодности може да се користат со минимална доплата.

Цената вклучува:
трансфер од и до хотел (земање од хотел 08.30-09.00, враќање 16.30-17.00)
водич на англиски јазик
автобуски превоз
пикник ручек

*Времетраење на турата 8 часа, секој понеделник за минимум 4 лица.

„Dhow“ ноќно крстарење со вечера

Доживејте ја магијата на водите на Дубаи и поминете незаборавната ноќ преку крстарење и вечера на арапскиот дрвен брод таканаречениот „dhow”. Тивката пловидба низ блескавите води на Дубаи со бродот кој има архитектура на стариот и новиот Дубаи, бездруго ќе направи да се чувстувате прекрасно. Одморот во Дубаи нема да биде комплетен без крстарење со вечера низ Дубаи, затоа направете го Вашиот одмор вреден за паметење. Посебното „dhow“ ноќното крстарење не смеете да го пропуштите, истото претставува можност да го доживеете модерниот шарм на градот. Додека крстарите низ заливот на Дубаи ќе можете да ги забележите старите dhow бродови, абра бродовите како и луксузните јахти, потоа неверојатни примери на модерната архитектура како Националната Банка на Дубаи и Стопанската Комора на Дубаи, индустриски згради, покриени пазари, Палата на Шеикот Саид, родното место на шеикот Рашид (таткото на модерен Дубаи) како и селото за културно наследство близу Шиндага. Магијата на градот, ведрата и мирна атмосфера, љубезноста на домаќините ја прават оваа тура задолжителна. Незаборавното романтично крстарење вклучува и вкусна вечера со безалкохолни пијалоци и минерална вода вклучени во цената.

Во цената е вклучено:
трансфер од и до хотел (земање од хотел 19.30-09.45, враќање 22.15-22.30)
безалкохолен пијалок за добредојде
вечера
климатизирана долна палуба и отворена горна палуба
богата вечера
неограничени безалкохолни пијалоци, минерална вода, чај и кафе
шоу со танцување
превоз

*Времетраење на турата 2 часа.

Пустинско сафари по дините, со скара и танцувачко шоу, трансфер со Ленд Крузер

За време на попладневениот дел на Вашето сафари, ќе ја откриете вистинската пустина на Абу Даби. По возбудливото возење преку песочните дини, ќе посетите фарма со камили и ќе го доживеете незаборавното зајдисонце. Турата продолжува се' до традиционалниот арапски камп, каде ќе имате можност да пробате некоја од активност на домаќините како на пр. боење со к'на, стомачен танц, пушење наргиле, традиционални арапски колачи и кафето кое има посебно значење за бедуинската култура. По зајдисонцето, следува скара послужена под ѕвезденото небо и организирана забава се' со цел оваа ноќ за паметење. Ќе го забележите традиционалното арапско гостопримство, преку кафе и арапски колачи онака како што биле послужувани низ векови се' до ден денес.

Во цената е вклучено:
трансфер од и до хотел  (земање од хотел 15.00-15.30, враќање 21.45-22.00)
возење низ дините
јавање на камили
скијање на песок
скара
стомачен танц
наргиле
превоз

*Времетраење на турата 7 часа.

„Bauteux“ крстарење

Уживајте во прекрасна романтична вечера пловеќи на „Бато“ бродот покриен со стакла од страните, ваквата вечера однсоно кратарење претставува вистинска гастрономска радост за посетителот. Свежо подготвена храна, широка селекција на пијалоци, современа класична музика, модерен декор и индивидуален сервис, сето тоа заедно со елегантниот „Бато“ ќе го направат ова крстарење луксузно и инспиративно, каков што е и самиот град впрочем. Крстарењето и вечерата со сигурност ветуваат незаборавна ноќ. Главниот кувар креативно ги комбинира Источните и Западните вкусови во свежо подготвеното мени со избор од 4 јадења. Широката палета на пијалоци вклучува одлични вина и безалкохолни избори. Вклучени во цената се пијалоците за време на вечерата како и пијалокот за добредојде, сите други пијалоци се плаќаат на лице место. Бродот поаѓа во 20.30 часот.

Во цената е вклучено:
трансфер од и до хотел  (земање од хотел 19.30-19.45, враќање 21.45-22.00)
интернационална 5* вечера
безалкохолни пијалоци

*Времетраење на турата 2 часа секој ден, не е потребен минимум на патници.

Модерна Дубаи тура

Откријте ја визијата на Негото Височесто шеикот Мухамед Ал Мактум. Турата започнува со посета на канцеларита за продажба на Палма Островот, каде ќе видите минијатурна верзија на новиот модерен Дубаи. Се продолжува кон Вилите таканаречената „улица од соништата“ каде се изградени 400 вили. Турата продолжува кон Madinat Jumeirah  луксузно накитениот хотел кој е величенствено признание на културното наследство на Дубаи, изграден во стилот на античките арапски тврдини. Кривулестите патчиња ги водат посетителите до колоритниот покриен пазар Мадинат, ексклузивно познат по уникатните брендови и врвниот квалитет. Возењето продолжува преку Шеик Заид Патот каде ќе ја видите конструкцијата на Mall of the Emirates, највозбудливиот трговски центар за малопродажба и место каде може да го поминете слободното време. Еден од најамбициозните проекти кој е планиран да биде најголемиот трговски центар во светот, со најголем затворен ски центар и скијачка патека во висина од 300 метри. Турата продолжува до Бурџ Халифа највисоката градба во светот. Дизајнот на кулата доаѓа од уникатната културна и историска инфлуенца на земјите од заливот. Основата на кулата и геометријата рефлектираат шестолистниот пустински цвет, карактеристичен за регионот. Основата на Халифа е „расцутена“ и, и дава на кулата грациозна разлика во однос на земјата. Кулата е дополнување на претседателскиот и комерцијалениот дел на градот, вклучувајќи го и првиот хотел на Џорџо Арман, комплекси за забава, светски најголеми шопинг центри како Дубаи Mall, паркови и фонтани.

Во цената е вклучено:
трансфер од и до хотел  (земање од хотел 08.30-09.00, враќање 13.00-13.30)
водич на англиски јазик
автобуски превоз

*Времетраење на турата 4 часа секој ден за минимум 2 лица.

Аквавентура

Гостите на Аквавентура ќе имаат на располагање 700 метри долга приватна плажа со 2.500 лежалки и широка палета на водени спортови вклучувајќи виндсурфинг, морско кајакарство, пловечки карпи за качување и многу други. Брзаците ќе Ве одведат до  „Ziggurat“, епицентарот на акцијата, достигнувајќи и висина и до 30 метри во воздух. Кај „Ziggurat“ центарот има 7 лизгалки, од кои 2 ги катапултираат возачите преку проѕирен тунел во лагуна со ајкули. Безготовинско плаќање ќе им биде понудено на гостите, тие едноставно ќе треба да го наполнат нивниот фонд, по што добиваат алки кои може да ги користите во сите аутлети на паркот. За Вашата безбедност ќе се грижат 150 тренирани чувари на плажа распоредени насекаде во паркот. Бројни водени авантури им стојат на располагање на посетителите во едно незаборавно искуство во Аквавентура.

Работно време од 10.00 до 19.00 часот.

Делфинариум

Делфинариумот во Дубаи е зачудувачко место каде што несомнено ќе ги сретнете едни од најубавите животни кои го населуваат океанот и ќе уживате во прекрасната забава со нив. На располагање Ви стои Богата програма и интеракција со цицачите во делфинариумот. Ваквиот факултативен излет е оличен начин да се едуцирате, забавувате и да дознаете нешто повеќе за младите и старите делфини. Незаборавно искуство со најомилените животни во светот. Делфинариумот нуди најдобра фамилијарна забава во Дубаи. Шоуто во живо со делфините и фоките е една од главните атракции. Настанот е богат со необични информации за морските цицачи, нивниот живот и истиот ги потикнува посетителите да се вклучат во кампањата за нивна заштита во иднина. Исклучително интерактивните и талентирани делфини имаат интересен перформанс врз основа на нивното природно однесување. Родени со перманентна насмевка, разиграни и грациозни, делфините се незаборавно визуелно и емоционално искуство за лица од најразлична возраст.

Работно време секој ден, освен недела од 11.00 до 18.00 часот.

Летање со балон на топол воздух

Станувањето рано наутро на изгрејсонце е минорна непријатност во споредба со спектакуларната панорамата и неверојатните пустински пејсажи кои ќе ги доживеете . Утрото е најдобро време за летање заради ладниот и смирен амбиент кој совршено се вклопува во незаборавно искуство. Летот трае отприлика еден час. Доколку времето дозволува, летови има секој ден од средината на септември се' до крајот на мај. Загарантирано нема да зажалите што сте станале толку рано!

Просечни времиња на полетување:

Jануари 05.15 AM
Февруари 05.15 AM
Mарт 05.00 AM
Aприл 04.30 AM
Мај 04.15 AM
Јуни нема летови
Јули нема летови
Август нема летови
Септември до 15ти нема летови, од 16ти 04.30 AM
Октомври 04.45 AM
Ноември 05.00 AM
Декември 05.15 AM

Трансферот од хотели и збирни места ќе биде порано во зависност од локацијата на хотелот.
Времетраењето на турата во целина трае 4 часа. Балонот полетува од пустинскиот камп „Skydive Dubai“ лоциран на автопатот Ал Аин. На отприлика 30 мин возење од Бурџ Халифа. Слетувњето е во близина на светски познатиот „Dubai Desert Conservation Reserve“ дом на голем број на домородни видови како на пример ориксот и газелата. Бесплатен трансфер за оние кои се сместени во урбаната О зона во Дубаи.

“Wild Wadi” воден парк

Вајлд Вади водениот парк ја нуди најмократа и најлуда забава во Дубаи. Одберете помеѓу 30те адреналински водени возења, создадени за да предизвикаат срце биење и возбудлива забава. Тука ќе пронајдете адреналински брзаници една по друга. Главната атракција е Џумеира Топоганот, висок 33 метри кои ги вози посетителите со брзина од 80 км на час, по 170 метри долга патека. Интересен за посета е и  „Breakers Bay Wave“ базенот кој фрла бранови високи 1,5 метар. Популарниот воден парк исто така има и 14 меѓусебно поврзани возења, со што им се овозможува на гостите да доживеат продолжени возења без притоа да треба да излезат од вода.

Работно време:
Ноември до Февруари од 10.00 до 18.00 часот
Март до Мај од 10.00 до 19.00 часот
Јуни до Август од 10.00 до 20.00 часот
Септември до Октомври 10.00 до 19.00 часот

Ски Дубаи

Најголемиот снежен парк во светот е каде ако не во Дубаи! Послан на 3.000 метри квадратни снег, паркот е таков вид на атракција која бездруго ќе Ве остави без здив. Тука може да се скијате, санкате, да ја испробате двојната патека за боб санка, да уживате во галеријата за фрлање снежни топки, да ја посетите снежната пештера преку едно интерактивно искуство на прекрасни слики и звуци. Големата кула за набљудување нуди одличен поглед на главната скијачка патека.  Родителите може да прават снешковци заедно со своите деца и одлично да се забавуваат. За комплетно доживување, вистински снегулки ќе Ве изненадат и ќе донесат дополнителна возбуда во ова забавно снежно искуство.

Работно време:
недела - среда од 10.00 до 23.00 часот
четврток од 10.00 до 24.00 часот
петок од 09.00 до 24.00 часот
сабота од 09.00 до 23.00 часот

Изгубениот свет на Атлантида

Замислете си дека ги истражувате мистериозните руини на Атлантида, изгубени пред илјадници години во длабочините на морето. Потоа замислете си како сте опкружени со 65.000 морски животни. Дојдете и оживејте ги Вашите сопствени атлантски авантури во Аквариумот на Изгубениот свет на Атлантида. Истражете ги подводните лавиринти и тунели на оваа изгубена цивилизација додека сте опкружени со ајкули, јагули, морски коњчиња и пирани. Во аквариумот ќе пронајдете над 20 значајни морски живи експонати во интерактивни акватеатрални изложби.

Тури со водич
Пријателски расположените едукатори Ве канат на организирана тура со водич низ Изгубениот свет на Атлантида. Овие интерактивни тури даваат поинаков аспект на легендата за Атлантида, традицијата за 7те Мудреци и извонредни факти за морскиот живот на жителите во аквариумот.

Работно време:
недела до четврток на секој час од 13.00 до 19.00 часот
петок до сабота на секој час од 10.00 до 20.00 часот

Тура со хелихоптер - истражувачка тура 20-22мин

Летот на заливот започнува покрај „Creek” голф клубот, продолжува кон затворениот пазар за зачини, историскиот дел на Дубаи со „Wind Towers” и селото за културно наследство, потоа   Знамето на Дубаи, најпознатите плажи и Островите на светот. Долж плажата ќе ја видите Бурж Ал Араб, една од најпознатите градби во светот, потоа ќе се прелетаат Островите палми, Хотелот Атлантис и Марината на Дубаи. На Шеик Заид Патот ќе ја погледнете сјајната архитектура на Дубаи, Бурџ Халифа – највисоката зграда во светот  и Стариот Град  кој претставува архитектонско ремек дело. Се продолжува кон местото Мејдан, каде се одвиваат најбогатите трки со коњи, по што се враќаме назад.

Тура во ферари центарот

Светот на ферари во Абу Даби е местото каде конечно ќе имате шанса да го остварите вашиот ферари сон, на начин кој никогаш не сте помислиле дека е возможен. Ќе се воодушевите од што тоа легендите се направени. Турата Ве води низ фабриката се' до фамозната брзината на формула1 трките. Ќе имате единствена можност да влезете во приказната и да му одговорите на предизвикот, односно да седнете позади воланот и да полетате низ тосканските ридови. Тогаш кога ќе се кренат безбедносните пречки и ќе се отпуштат сигурносните појаси, ќе сфатите дека има нешто повеќе! Кога еднаш ќе ја откриете пасијата на црвените, нема враќање назад.

Работно време секој ден, освен понеделник од 12.00 до 22.00 часот.


 

ЕКСКУРЗИИ

Тура

оброк

трансфер

времетраење

мин.лица

цена

Дубаи разглед

/

вклучен

4 часа

2

23

Шарјах/Ајман

/

вклучен

4 часа

2

32

Абу Даби

/

вклучен

8 часа

2

46

Ал Аин

/

вклучен

8 часа

6

40

Источен брег

/

вклучен

8 часа

6

40

Ноќно сафари

2 оброка

вклучен

17 часа

4

83

Вечерно пустинско сафари

вечера

вклучен

6 часа

1

43

Доу крстарење

вечера

трансфер

2 часа

1

29

Дубаи крстарење (Bateaux)

вечера

трансфер

2,5 часа

2

101

Ски ресорт

/

/

3 часа

1

35

Возење со хелихоптер

/

/

15 мин

1

184

Делфинариум

/

/

 

1

23

Бурж Калифа

/

/

4 часа

1

35

Бурџ Халифа

Позната и како Бурџ Дубаи таа е највисока зграда во светот. Висока 828 метри и вкупно 160 ката нејзината конструкција направена е претежно со комбинација на челик и стакло. Нејзината форма дава впечаток на џиновска игла која го пробива пустинското небо. Интересен е фактот што температурата на воздухот на последниот кат на облакодерот е 10 степени пониска од температурата на приземјето.





Ал Бастакија


Ал Бастакија е историска област во Дубаи и заедно со Ал Шиндага претставува една од најстарите области во овој град. Областа е лоцирана по долинатa na Dubai Creek, карактеристични за неа се тесните улички и фактот што тука се наоѓа Ал Фахиди тврдината, која е најстарата градба во Дубаи. Најстариот кварт во Дубаи го нуди најдоброто од минатото, вредно за посета за секој љубопитен турист.
 

Бурж Ал Араб

-„Ова извонредно вложување во модерната градежна технологија ги шири границите на амбициозната урбана фантазија со потфат во голема мера превземен поради моќта на прекумерното богатство“ се вели за познатиот Бурж Ал Араб. Импресивната градба претставува луксузен хотел во Дубаи, кој во моментов е четврти највисок хотел во светот. Интересен е фактот што 39% од неговата висина се незафатен, празен простор. Хотелот е изграден на вештачки остров во близина на Џумеира плажата и е поврзан со копното преку приватен кривулест мост. Формата на неговата структура е дизајнирана како имитација на бродско едро. Неговата референца на единствен хотел во светот со 7* останува оспорувана од страна на критичарите.




Островите мапа на светот


„Архипелагот на светот“ претставува вештачки архипелаг од различни по форма мали острови кои  се изградени во форма на мапата на светот. Тие се составени,  во главно,  од песок во плитките крајбрежни води на Дубаи. На секој континент има простор за држава која постои во реалниот свет, како и простор за стамбени објекти и за изградба на ресторани. Колку е земјата поголема токлу поголем простор завзема во  овој архипелаг. Островите се направени од песок, кој е извлечен од морето. Инвеститорот на Светските острови е Nakheel Properties, а проектот првично е замислен од страна на шеикот Мактум. Почнувајќи од 2010 година, само еден остров има зграда на него. Сите други проекти биле откажани или одложени поради финансиската криза во 2008 година.

Островите палми


Се работи за два острови од по 300 хектари изградени во Арапскиот залив во форма на две огромни палми со елитни населби на нив и меѓу нив. Двата острови палми се викаат Палм Јабел Али и Палм Јумеира и еден од друг се оддалечени 22 километри. За нив се употребени 100 милиони кубни метри песок и камења, поврзани со плажите на Дубаи го прошируваат крајбрежјето за дури 120 километри. На островите има изградено станбени апартмани, вили и куќи, и покрај нив има две пристаништа, водни паркови, ресторани, трговски центри на вода, спортски терени и игралишта, болници, кина, театри, клубови, автопатишта, паркови, дрвореди, железница и многу повеќе.


Џамијата Џумеира


Една од најфотографираните џамии во градот и воедно и импресиве примерок на модерната исламска архитектура. Изградена во целост од камен особено е атрактивна навечер кога суптилното осветлување, само ја надополува нејзината драматичност. Дозволени се организирани тури и посети за немуслиманско население.

Затворен Ски ресорт


Затворениот Ски Дубаи ресорт е распослан на 22.500 квадратни метри во склоп на „Mall of the Emirates“, еден од најголемите трговски центри во светот. Трговскиот центар е доволно голем да собере вештачка планина висока 60 метри со жичара и пет скијачки патеки, од кои  најдолгата е 400 метри, и како дополнување се посебните патеки за сноубординг, санкање и слободно скијање.




Дубаи MALL


Најголемиот трговски центар во светот базирајќи се на вкупната површина е дел од Downtown Дубаи комплексот има повеќе од 1.200 продавници во својот состав. Тој е омилен центар за позарување и составен дел од посетата на секој турист на Дубаи. Неговата бројка на посетители постојано расте и изнесува околу 100 милиони годишно со што според статистиката ги надминува бројките на посетители во Њујорк и Лос Анџелес.

НАЗАД
(c) Copyright 2007 SAVANA Tourist Enterprises
Orce Nikolov 20, 1000 Skopje, Macedonia
tel. ++ 389 2 3115 826, fax ++ 389 2 3114 206,
email: info@savana.com.mk
 

61.000 facebook likes


ВИ БЛАГОДАРИМЕ
НА ДОВЕРБАТА