ДОМА ЗА НАС КОНТАКТ АГЕНТ
Преведи: Macedonian Albanian Bulgarian Croatian English Greek Serbian Slovenian Turkish

... ПОЧИТУВАНИ ПОСЕТИТЕЛИ НА ВЕБ СТРАНИЦАТА НА САВАНА ... ВО НАШАТА АКТУЕЛНАТА ПОНУДА, ВЕЌЕ ОДДАМНА СЕ НАОЃААТ НАЈБАРАНИТЕ ТУРИСТИЧКИ АРАНЖМАНИ НА МАКЕДОНСКИОТ ПАЗАР ... ОСВЕН ДОБРО ПОЗНАТИТЕ ТУРИСТИЧКИ ПРОГРАМИ КОИ ВЕ ВОДАТ ДО НАЈУБАВИТЕ МЕСТА ВО РЕГИОНОТ И ЕВРОПА, САВАНА ЗА ОВАА ЛЕТНА СЕЗОНА ДОПОЛНИТЕЛНО ОБЕЗБЕДИ И НОВИ АТРАКТИВНИ ПОНУДИ... ПРЕД ВАС СЕ АКТУЕЛНИТЕ ПРОГРАМИ ЗА ЕСЕНСКИТЕ И ЗИМСКИТЕ ПАТУВАЊА ... ЗА ЉУБИТЕЛИТЕ НА ПАСИВНИОТ ОДМОР И РЕЛАКСАЦИЈАТА ТУКА СЕ ПОЗНАТИТЕ БАЊСКИ И СПА ЦЕНТРИ ... ДОКОЛКУ ВО ОВАА СЕВКУПНА ПОНУДА КОЈА ПОСТОЈАНО СЕ ДОПОЛНУВА, ПРОНАЈДЕТЕ НЕШТО ШТО ЌЕ ВИ СЕ ДОПАДНЕ, НАМ СЕКАКО ЌЕ НИ БИДЕ ЗАДОВОЛСТВО ДА ВЕ УСЛУЖИМЕ !!! 

Социјални мрежи:

Facebook Twitter Youtube Instagram
 
 TRAVEL info - архива на изданија
Travel Training Center / Web Site
Airtickets ONLINE / Web Site
Holiday Real Estate / Web Site
Macedonia Vision / Web Site
БАРСЕЛОНА (авион)

За Велигденските празници во софистицираната, елегантна и романтична стара дама–Барселона. Импресивните и необични градби на Антонио Гауди го чинат овој град единствен, благодарение на широкоградиот дух на Шпанците тој не е само станица на илјадници туристи туку и место каде ќе ја почуствувате топлината на домот. Искористете ја уникатната можност да ги посетите и искусите од прва рака сите културни и архитектонски зданија кои овој град ги нуди на дофат и уживајте во Паркот Гуел, Плоштадот на Кристофер Колумбо, плажата Барселонета, плоштадот Каталунија од каде започнува светски познатата пешачка и шопинг улица La Rambla, плоштадот Еспања со импресивните фонтани, Олимпиското село, брдото Монтжуик, олимпискиот стадион, Камп Ноу, музејот на Дали во Фигерас,  како и огромен број на други класични и модерни архитектонски ремек дела.

                     LAST MINUTE !
   БАРСЕЛОНА  28.04.2017  *** 329
                     (Ограничен број на ослободени места!!!)

28 .Април (петок)   СКОПЈЕ – БАРСЕЛОНА
Состанок на групата на скопскиот аеродром во 15:45 часот. Полетување за Барселона во 17:45 часот. Директен лет за Барселона со Wizz Air. Пристигнување во Барселона во 20:40 часот. По завршување на пасошките и царинските формалности организиран трансфер до хотел. Сместување во хотел. Вечерта (ако има можност) прошетка по популарната Ла Ламбра .Ноќевање.

29.Април (сабота)  БАРСЕЛОНА
Појадок.
Организиран панорамски разглед на Барселона: булеварот Дијагонал главната авенија која Барселона ја дели на два блока источен и западен, прекрасната готска катедрала Саграда Фамилија, плоштадот Каталонија-  централниот градски плоштад точка каде стариот град се сретнува со новиот во чие продолжение се протега зелената авенија Рамбла, споменикот на Колумбо- местото каде Колумбо пристигнал по откривањето на Америка, Олимпиското пристаниште, ридот Мон Жуик со Олимпискиот стадион и спортската палата, плоштадот Шпанија на која се наоѓа Конгресниот центар, Националната галерија на каталонската уметност и неговите прекрасни Магични фонтани, плажата Барселонета, Шпанското село.... Слободно попладне за индивидуални активности, или прошетка (со метро) до паркот “Гауди”. Ремек делото на познатиот шпански архитект Антони Гауди, препознатливо по својата уникатност, денес е дел од листата на светското културно наследство под заштита на UNESCO. На враќање, прошетката продолжува по авенијата De Gracia со познатите гаудиеви згради: Casa Mila и Casa Batllo. Во попладневните часови (со јавен превоз) посета на стадионот Camp Nou, музејот на ФК Барселона- модерен интерактивен музеј со прекрасни аудио и визуелни приказни. Ноќевање.

30. Април  (недела) БАРСЕЛОНА (факултатива: Фигерас+Герона)
Појадок.
Слободен ден за индивидуални активности, прошетки и можност за шопинг во познатите шопинг центри од градот, или факултативна посета на Фигерас со Герона – препорачуваме целодневна посета на Фигерас каде се наоѓа музејот на Салвадор Дали, што е предизвик за сите љубители на уметноста и оние кои сакаат да видат нешто потполно оригинално. Место во кое е роден и цел свој живот творел Дали, и насекаде може да се забележи Далиевото влијание. Сите негови дела прикажани на посебен начин и на посебно место ја прикажуваат  неговата генијалност. Музејот во кој може да се види најголемата и најразновидната колекција, скулптури, 3Д колажи, како и приватно колекции на Дали од други уметници. Попатно на враќање посета на убавото, живописно градче Герона, кој се наоѓа на североисток на Шпанија непосредно до Француската граница. Прошетка низ историскиот центар на градот, неговата тврдина изградена како систем на одбрана во римскиот период, катедралата која се наоѓа во срцето на тврдината, колористичниот куќички на брегот на реката Onyar. Слободно време за кафе пауза. Враќање во Барселона во попладневните часови. Вечерта можност за организирана факултативна вечер со Фламенко. Ноќевање.

01. Мај (понеделник )  БАРСЕЛОНА - СКОПЈЕ
Појадок.
Слободен ден за индивидуални активности или можност за прошетка (со метро) до Олимпиското пристаниште и плажата Барселонета. Можност за посета на Аквариумот - еден од наголемите и најубавите во Европа. Попладне, препорачуваме посета на Триумфална Порта, Главниот парк со неговите градини...  Посета на Готскиот кварт и многубројните музеи, како Музејот на Пикасо и Чоколадниот Музеј. ...Организиран трансфер од Барселона до Аеродром. Во 21:15 часот полетување за Скопје. Пристигнување во Скопје во 23:55 часот.


EARLY BOOKING до 01 Maрт: 359 Є  (22.258 ден.) 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:   399 Є  (24.738 ден.)

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
 - Авионски превоз: Скопје - Барселона - Скопје
 - Трансфери во Барселона, на релација: аеродром - хотел - аеродром
 - Сместување во ***, на база 3 ноќевања со појадок 
 - Организиран панорамски разглед на Барселона со водич
 - Организација на аранжманот и придружник на патувањето
 
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ СЕ ВКЛУЧЕНИ:
 - Аеродромски такси во Скопје и Барселона – 60еур (3.720 мкд)
 - Голема кабинска торба (со димензии 56х45х25см) 2,000 мкд, или багаж за чекирање
(1 куфер до 23 kg) 5.100 мкд
 - Факултативна вечер со Фламенко
 - Факултативна посета на Герона и Фигерас со музејот на Салвадор Дали (вклучена влезница) 75€ (мин. 17 патници за реализација)
 - Влезници во објектите и културно историски споменици (Sagrada Familia, Montjuic, Parc Guell, Camp Nou, Шпанско Село,)
 - Туристичка такса (Catalonia City Tax) за 3 ноќевања - се плаќа директно на рецепција

НАПОМЕНИ:
 - За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 20 патници
 - За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ и АСА ТУР

 - За резервации потребен е аванс од 30% од вкупнот износ на аранжманот.
 - За резервации во период на рана уплата потребен е аванс од мин. 70% од вкупнот износ на аранжманот и целосна доплата најдоцна 15 дена пред датумот на патувањето.
 - Целосна уплата, десет дена пред започнување на аранжманот
 - Организаторот на патувањето го задржува правото, во случај на промена на цената на превозот (авионските билети), да ја промени и цената на аранжманот.
 - Доколку не се оствари минималниот број на патници, Организаторот го задржува правото да го откаже или да ја зголеми цената на аранжманот како и цените на факултативните излети.
 - Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот 7 дена пред патувањето. 

НАЗАД
(c) Copyright 2007 SAVANA Tourist Enterprises
Orce Nikolov 20, 1000 Skopje, Macedonia
tel. ++ 389 2 3115 826, fax ++ 389 2 3114 206,
email: info@savana.com.mk
 

62.000 facebook likes


ВИ БЛАГОДАРИМЕ
НА ДОВЕРБАТА