<font size=2>
<p>
<table>
<tbody>
<tr>
<td>
<p><font size=2>АПСОЛВЕНТСКА ЕКСКУРЗИЈА !!!</font></p></td></tr></tbody></table></p></font>
  ДОМА ЗА НАС КОНТАКТ АГЕНТ
Преведи: Macedonian Albanian Bulgarian Croatian English Greek Serbian Slovenian Turkish

... ПОЧИТУВАНИ ПОСЕТИТЕЛИ НА ВЕБ СТРАНИЦАТА НА САВАНА ... ВО НАШАТА АКТУЕЛНАТА ПОНУДА, ВЕЌЕ ОДДАМНА СЕ НАОЃААТ НАЈБАРАНИТЕ ТУРИСТИЧКИ АРАНЖМАНИ НА МАКЕДОНСКИОТ ПАЗАР ... ОСВЕН ДОБРО ПОЗНАТИТЕ ТУРИСТИЧКИ ПРОГРАМИ КОИ ВЕ ВОДАТ ДО НАЈУБАВИТЕ МЕСТА ВО РЕГИОНОТ И ЕВРОПА, САВАНА ЗА ОВАА ЛЕТНА СЕЗОНА ДОПОЛНИТЕЛНО ОБЕЗБЕДИ И НОВИ АТРАКТИВНИ ПОНУДИ... ПРЕД ВАС СЕ АКТУЕЛНИТЕ ПРОГРАМИ ЗА ЕСЕНСКИТЕ И ЗИМСКИТЕ ПАТУВАЊА ... ЗА ЉУБИТЕЛИТЕ НА ПАСИВНИОТ ОДМОР И РЕЛАКСАЦИЈАТА ТУКА СЕ ПОЗНАТИТЕ БАЊСКИ И СПА ЦЕНТРИ ... ДОКОЛКУ ВО ОВАА СЕВКУПНА ПОНУДА КОЈА ПОСТОЈАНО СЕ ДОПОЛНУВА, ПРОНАЈДЕТЕ НЕШТО ШТО ЌЕ ВИ СЕ ДОПАДНЕ, НАМ СЕКАКО ЌЕ НИ БИДЕ ЗАДОВОЛСТВО ДА ВЕ УСЛУЖИМЕ !!! 

Социјални мрежи:

Facebook Twitter Youtube Instagram
 
 TRAVEL info - архива на изданија
Travel Training Center / Web Site
Airtickets ONLINE / Web Site
Holiday Real Estate / Web Site
Macedonia Vision / Web Site
Уплати "online" !!!
Оnline payment with ccard / Онлајн плаќање со кредитна картичка (по про-фактура !!!)
ПРАГА и ВИЕНА (автобус)


13.aприл (четврток)         СКОПЈЕ - ПРАГА              
Состанок на групата на паркингот спроти хотелот“Holiday Inn” во 16:30 часот. Поаѓање за Прага во 17:00 ч. Патот води преку граничниот премин Табановце и Србија. Ноќно возење со попатни одмори.

14.aприл (петок)                ПРАГА
Пристигнување во Прага во предпладневните часови. Организиран панорамски разглед на градот со стручен локален водич започнувајки од Горниот град – Дворецот Храдчани, Катедралата Св. Вито од 10 век, капелата на Св.Венцислав и гробницата на чешките кралеви, старата кралска палата, Златната уличка, преминување преку реката В’лтава по Карловиот мост закитен со бројни споменици, плоштадот на малтешките витези, споменикот на Карло четврти, Кралскиот пат, Еврејакиот кварт, Париската улица, плоштадот старо место со Астрономскиот часобник – Орлој, Градската кула, Тунската црква, спонекикот Јан Хус, куќата на Франц Кафка, Прашката кула, Универзитетот на Карло четврти, Вацлавске намести, Националниот музеј...Сместување во хотел. Слободно попладне. Вечерта можност за факултативно крстарење по Влтава. Ноќевање.

15.aприл (сабота)         ПРАГА - КАРЛОВИ ВАРИ
Појадок.
Слободно попладне или факултативна посета на Карлови Вари - најпознатиот бањски центар во Чешка, популарно одмаралиште на европската аристократија и културната елита од 19 век. Можност за посета а еден од 12-те извори, прошетка покрај неоренесансните колонади, паркови, кафеани, продавници и колоритни згради со автентична архитектура.Надалеку познати се локалните производи од порцелан, стаклото Мозер како и ликерот Бехеровка. Попладне вракање во Прага. Вечерта можност за факултативна посета на национален ресторан - пивница. Ноќевање.

16.aприл (недела)          ПРАГА – ДРЕЗДЕН
Појадок.
Препорачуваме целодневен факултативен излет до Дрезден. Дрезден е четврт по големина, урбан регион во Германија после Берлин, Хамбург и Келн. Прв пат се именува како град во 1206 година. Поради своето изонредно културно значење исто така се нарекува Фиренца на Елба. Во овој град застапени се многу барокни градби: Операта Земпер, Палатата Цвингер (во која има 5 музеја), протестантската Богородична црква, римокатоличката Дворска црква, Резиденционалната палата (денешниот државен музеј каде се чува Зелениот трезор), палатата Ташенбер (денешен хотел Кемпински), делот на некогашниот градски ѕид, Августовиот мост. Враќање во Прага во попладневните часови. Ноќевање.

17.aприл (понеделник)         ПРАГА – ВИЕНА - СКОПЈЕ
Појадок.
По појадокот одјавување од хотелот и заминување на групата за Виена. Пристигнување во Виена околу пладне. Панорамски разглед на градот: плоштадот Рингштрасе, Oперата, Парламентот, Музејот на современа уметност, Градската палата, Универзитетот, палатата Белведере, црквата Вотив... Tргнување кон Скопје во попладневните часови.  Ноќно возење  со куси попатни паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Скопје наредниот ден во утринските часови.


ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:    159 €     (9.858 мкд)

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
- Превоз со туристички автобус на наведената релација
- Сместување во хотел *** на база 3 ноќевања со појадок 
- Организиран Разглед на Прага со локален водич
- Организирана посета на Виена
- Организација на аранжманот и придружник на патувањето

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
- Карти за јавен превоз
- Факултативна посета на Карлови Вари (25 €)
- Факултативна посета на Дрезден ( 30 €)
- Факултативно крстарење Влтава (15 €)
- Факултативна посета на Пивница (__ €)
- Влезници за музеите и културно - историските споменици
- Задолжително Патничко осигурување

НАПОМЕНИ:
- За реализација на аранжманот, е потребен минимум од 45 патници
- За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ и АСА ТУР

НАЗАД
(c) Copyright 2007 SAVANA Tourist Enterprises
Orce Nikolov 20, 1000 Skopje, Macedonia
tel. ++ 389 2 3115 826, fax ++ 389 2 3114 206,
email: info@savana.com.mk
 

61.000 facebook likes


ВИ БЛАГОДАРИМЕ
НА ДОВЕРБАТА