<font size=2>
<p>
<table>
<tbody>
<tr>
<td>
<p><font size=2>АПСОЛВЕНТСКА ЕКСКУРЗИЈА !!!</font></p></td></tr></tbody></table></p></font>
  ДОМА ЗА НАС КОНТАКТ АГЕНТ
Преведи: Macedonian Albanian Bulgarian Croatian English Greek Serbian Slovenian Turkish

... ПОЧИТУВАНИ ПОСЕТИТЕЛИ НА ВЕБ СТРАНИЦАТА НА САВАНА ... ВО НАШАТА АКТУЕЛНАТА ПОНУДА, ВЕЌЕ ОДДАМНА СЕ НАОЃААТ НАЈБАРАНИТЕ ТУРИСТИЧКИ АРАНЖМАНИ НА МАКЕДОНСКИОТ ПАЗАР ... ОСВЕН ДОБРО ПОЗНАТИТЕ ТУРИСТИЧКИ ПРОГРАМИ КОИ ВЕ ВОДАТ ДО НАЈУБАВИТЕ МЕСТА ВО РЕГИОНОТ И ЕВРОПА, САВАНА ЗА ОВАА ЛЕТНА СЕЗОНА ДОПОЛНИТЕЛНО ОБЕЗБЕДИ И НОВИ АТРАКТИВНИ ПОНУДИ... ПРЕД ВАС СЕ АКТУЕЛНИТЕ ПРОГРАМИ ЗА ЕСЕНСКИТЕ И ЗИМСКИТЕ ПАТУВАЊА ... ЗА ЉУБИТЕЛИТЕ НА ПАСИВНИОТ ОДМОР И РЕЛАКСАЦИЈАТА ТУКА СЕ ПОЗНАТИТЕ БАЊСКИ И СПА ЦЕНТРИ ... ДОКОЛКУ ВО ОВАА СЕВКУПНА ПОНУДА КОЈА ПОСТОЈАНО СЕ ДОПОЛНУВА, ПРОНАЈДЕТЕ НЕШТО ШТО ЌЕ ВИ СЕ ДОПАДНЕ, НАМ СЕКАКО ЌЕ НИ БИДЕ ЗАДОВОЛСТВО ДА ВЕ УСЛУЖИМЕ !!! 

Социјални мрежи:

Facebook Twitter Youtube Instagram
 
 TRAVEL info - архива на изданија
Travel Training Center / Web Site
Airtickets ONLINE / Web Site
Holiday Real Estate / Web Site
Macedonia Vision / Web Site
Уплати "online" !!!
Оnline payment with ccard / Онлајн плаќање со кредитна картичка (по про-фактура !!!)
КУБА (авион)

КУБА

Пакет аранжмани

Името „Куба“ потекнува од јазикот таино и името може да се преведе како „место каде плодната земја е во изобилство“ што на таино би било „кубао“ или како „големо место“ („коабана“). Покрај ова тврдење, потои уште едно кое тврди дека кога Кристофер Колумбо пристигнал на островот го именувал според стариот град Куба во Португалија       
       
Куба (шпан. República de Cuba) — најголемата островска земја во групата на Големите Антили. Таа од сите страни е опколена со водите на Атлантскиот Океан на исток, Мексиканскиот Залив на север и Карипското Море на југ.       
Куба има тропска клима со постојани температури на воздухот од 25°С. Со своите долги песочни плажи и водените површини со неверојатна сина боја, секоја година примамува милион туристи од целиот свет. Најголемото и најпознатото место Варадеро, го посетуваат 1 милион странски туристи годишно.       
"Куба е прекрасна дестинација за семеен одмор затоа што станува збор за безбедно, природно место и има многу културни знаменитости кои што вредат да се видат.  Пристапот до интернет е исклучително скап. Имено, еден час користење на интернет чини 6 долари, а неколку долари поскапо е користењето на безжичниот интернет. Исто така, сосема мал број на хотели нудат интернет во својата понуда."
     
Во Куба, за само 40 центи можете да се возите во Форд, Шевролет или друг американски автомобил кој е постар од вас, а можеби и од вашите родители. Во 1962 година, Америка ù забранува на Куба увоз и извоз на автомобили, па Кубанците, поради тоа што не можеле да ги одржуваат своите автомобили, морале ги „паркираат“ за некои подобри времиња. Поради тоа што се добро зачувани, овие автомобили претставуваат вистинско богатство за своите сопственици.       
   
Поради овие причини, но и поради многу други, Куба е целосно поинаква земја од сите останати во светот. Таа ќе ви понуди патување од соништата кое ќе остане  впишано во вашето сеќавање.        
       

 

ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО:       
1 ден   
Полетување од Скопје во 05:50 часот, пристигнување во Франкфурт во 10: 40 , Полетување од Франкфурт во 14: 45 часот, слетување во Хавана во 20:10 часот. Трансфер до хотел во Варадеро и сместување. Ноќевање.        
       
2 ден до 10 ден           
Престој во избраниот хотел на база all inclusive се вклучено, слободно време за индивидуални активности и одмор.        

11 ден                           
Трансфер до аеродром во Хавана. Полетување во 21:35 часот , слетување во Франкфурт во 13:25 наредниот ден , пристигнување Скопје во 22:45 часот.       
       
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:       
- Авионски превоз на релација  Скопје -Загреб - Франкфурт - Варадеро - Франкфурт - Загреб -Скопје       
- Сместување во одбраниот хотел на база на 10 ноќевања на all inclusive (се вклучено)       
- Аеродромски такси
   
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:       
      
- Трансфери од Хавана до Варадеро       
- Патничко осигурување       
- Индивидуални трошоци       
- Излезна такса од Куба 25 € – на аеродром , при излегување од Куба

       
ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ:       
- Доплата за еднокреветна соба според условите на одбраниот хотел (информации во агенцијата)       
        
НАПОМЕНИ:        
- За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ       
- Цената е дадена за миниум 2 лица       
       
Цената зависи од моментално расположливите места на aвио компанијата, како и расположливоста по хотелите.        
Цената може да биде променета без претходна најава, при промена на цените од страна на хотелите         
НАЗАД
(c) Copyright 2007 SAVANA Tourist Enterprises
Orce Nikolov 20, 1000 Skopje, Macedonia
tel. ++ 389 2 3115 826, fax ++ 389 2 3114 206,
email: info@savana.com.mk
 

61.000 facebook likes


ВИ БЛАГОДАРИМЕ
НА ДОВЕРБАТА