ДОМА ЗА НАС КОНТАКТ АГЕНТ
Преведи: Macedonian Albanian Bulgarian Croatian English Greek Serbian Slovenian Turkish

... НАЈНОВИ ВЕСТИ !!! ... НАЈНОВИ ВЕСТИ !!! >>> ОД 07.АПРИЛ, ПРОДОЛЖУВА ПРЕTПРОДАЖБАТА НА АРАНЖМАНИТЕ ОД ПРОГРАМАТА "ЛЕТО ВО ГРЦИЈА 2014 ГОДИНА" !!! >>> ПРЕДПРОДАЖБАТА НА ЛЕТНИТЕ АРАНЖМАНИ ВИ НУДИ МОЖНОСТ ИСТИТЕ ДА ГИ УПЛАТИТЕ ПРЕД НИВНАТА РЕАЛИЗАЦИЈА И ПРИ ТОА ДА ДОБИЕТЕ ПОПУСТ ВО ПРЕДПРОДАЖБА И ДО 10% НА НИВНИТЕ РЕДОВНИ ЦЕНИ !!! >>> ПОКРАЈ ПРЕTПРОДАЖБАТА НА ЛЕТНИТЕ АРАНЖМАНИ ЗА ГРЦИЈА, ВЕЌЕ СЕ ВО ПРОДАЖБА И ОЧЕКУВАНИТЕ ЧАРТЕР АРАНЖМАНИ ЗА ТУРЦИЈА !!! >>> ЛЕТУВАЈТЕ ВО ТУРЦИЈА СО ДИРЕКТНИТЕ ЛЕТОВИ ОД СКОПЈЕ ДО БОДРУМ И АНТАЛИЈА !!! >>> ОДБЕРЕТЕ НЕКОЈ ОД СТОТИЦИТЕ ПОНУДЕНИ ХОТЕЛИ, ВО БИСЕРИТЕ НА ТУРСКИОТ ТУРИЗАМ: БОДРУМ, КУШАДАСИ, МАРМАРИС, АНТАЛИЈА, АЛАЊА, БЕЛЕК, КЕМЕР, СИДЕ... !!! >>> ПРЕКУ НАШАТА ВЕБ СТРАНИЦА МОЖЕТЕ ДА ГИ ОДБЕРЕТЕ ПОСАКУВАНИТЕ АПСОЛВЕНТСКИ И УЧЕНИЧКИ ПАТУВАЊА ЗА ПРЕСТОЈНАТА ПРОЛЕТ !!! >>> ВО АКЦИСКА ПРОДАЖБА, СЕ ДОЛГООЧЕКУВАНИТЕ IATA КУРСЕВИ - ЗА ОБУКА НА КАДРИ ВО ТУРИСТИЧКАТА И ПАТНИЧКАТА ИНДУСТРИЈА !!! ВО НОВООТВОРЕНИОТ ТРАВЕЛ ТРЕНИНГ ЦЕНТАР ВО СКОПЈЕ, ВЕЌЕ СТЕ ВО МОЖНОСТ ДА СЕ СТЕКНЕТЕ СО МЕЃУНАРОДНО ПРИЗНАТИТЕ СЕРТИФИКАТИ, ОД IATA ИНСТИТУТОТ ВО КАНАДА !!! <<< НАЈНОВИ ВЕСТИ !!! ... НАЈНОВИ ВЕСТИ !!!

Социјални мрежи:

Facebook Twitter Youtube
 
ПОНУДИ НА ВАШИОТ E-MAIL:

MSC Cruises
Календар на сите крстарења
Најповолни тарифи
Подарете Ваучер, подарете спомени...
Рекламирај се, на www.savana.mk !!!
КОСТА БРАВА и КОСТА МАРЕЗМЕ (авион)

Брегот на Коста Брава опфаќа 160 километри од убавoто живописно крајбрежие на Каталонија во североисточниот дел на Шпанија. Нејзината природна убавина, бескрајните песочни плажи и летното сонце, привлекуваат милони туристи. Тука ќе најдете модерни туристички летувалишта со бројни квалитетни хотели покрај рибарските села и средновековните градови со древните замоци. Коста Брава со Коста Маресме се протега од Барцелона се до француската граница.
Покрај одморот на прекрасните плажи, туристичките места на Коста Брава (што во превод значи Дива Коска) се идеално лоцирани за посета и истражување на културното богатство на Каталонија. Главниот град Барселона секако може да се рангира меѓу најфасцинантните градови на планетата со бројните атракции како: архитектурата на Gaudi, музејот на Пабло Пикасо, Олимпиското село, Mагичните фонтани, светски познатиот Ла Рамбла булевар, Форумот, Ридот Монжуик и многу други. Музејот на Салвадор Дали во Фигерас е најпосетувано место во регионот заедно со бенедиктинскиот манастир на Монтсерат, изграден високо на камени формации во планините северозападно од Барселона. Еден од најголемите паркови на вода во Европа се наоѓа во близината на Lloret de Mar. Првото големо одморалиште и веројатно најособено од сите на Коста Брава е Tossa de Mar со песочни плажи, мали заливи и историското средиште, Вила Вела, со средновековните одбранбени ѕидови и кули. Лорет де Мар е најпознато летувалиште со најголем број хотели и туристи, со убаво уредена променада покрај морето. Популарното летувалиште Blanes со долгата песочна плажа е јужната точка на Коста Брава, додека во продолжение се туристичките места Малграт де Мар, Санта Сузана и Калеља, кои се всушност дел од Costa Maresme која обично се препознава како дел од Коста Брава. Далеку од крајбрежните летувалишта Коста Брава има богато историско и уметничко наследство во бројни интересни места за посета. Каталонија привлече и инспирира многу познати уметници, вклучувајќи ги Пикасо, Салвадор Дали и Марк Шагал. Салвадор Дали е роден и својот живот го поминал во Фигерас, и насекаде околу селото може да се види неговото влијание. Дали оставил впечатлив белег во културата на Коста Брава, како што архитектурата на Гауди со својата оригиналност ја направи Барселона единствена во светот.


01. ден СКОПЈЕ - БАРСЕЛОНА
Состанок на групата на аеродромот во Скопје и предавање на багажот 90 минути пред времето на полетување. Лет за Барселона (според табелата). Пристигнување на аеродромот во Бареслона. Средба со претставниците на агенцијата и трансфер со автобус до хотелот во крајните дестинации (Lloret de Mar, Blanes, Malgrat de Mar, Santa Susanna ...). Доколку има можност за утринско превземање на собите, сместувањето ќе биде по пристигнување во хотелот, доколку нема, багажот се остава на рецепција, а се користат услугите наведени во ваучерот. Собите се превземаат по 14:00 часот.

од 02. до 09./10. ден КОСТА БРАВА
Денови за одмор со престој во хотели (со услуги по сопствен избор од каталогот) лоцирани во Lloret de Mar, Blanes, Malgrat de Mar, Santa Susanna ... и др. Комуникација со локалните представници на агенцијата за евентуални факултативни анимации, излети и посети.

10./11. ден БАРСЕЛОНА - СКОПЈЕ
Напуштање на собите до 12:00 часот. Багажот се остава на рецепција и се користат услугите наведени во ваучерот. (За дневно користење на собите до времето за трансфер, доколку има можност, може да се доплати на рецепција.) Слободно време за индивидуални прошетки до заминување на аеродромот во Барселона во вечерните часови. Предавање на багажот на аеродромот, два часа пред полетување. Лет за Скопје, според табелата. Пристигнување во Скопје.


датум

ден

ноќи

од Скопје

полетув

слетува

датум

ден

од Барселона

полетува

слетува

01.Јули

Петок

9

АЕА 926

03:25

06:15

10.Јули

Недела

АЕА 925

23:55

02:35

11.Јули

Понедел.

10

АЕА 926

03:25

06:15

21.Јули

Четврток

АЕА 925

23:55

02:35

22.Јули

Петок

9

АЕА 926

03:25

06:15

31.Јули

Недела

АЕА 925

23:55

02:35

01.Август

Понедел.

10

АЕА 926

03:25

06:15

11.Август

Четврток

АЕА 925

23:55

02:35

12.Август

Петок

9

АЕА 926

03:25

06:15

21.Август

Недела

АЕА 925

23:55

02:35

22.Август

Понедел.

10

АЕА 926

03:25

06:15

01.Септ.

Четврток

АЕА 925

23:55

02:35

02.Септ.

Петок

9

АЕА 926

03:25

06:15

11.Септ.

Недела

АЕА 925

23:55

02:35


ВО
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
- Превоз со авионски чартер лет на релација: Скопје-Барселона-Скопје
- Трансфери во Шпанија на релација: аеродром - хотел - аеродром
- Сместување во место, хотел и услуга по избор од табелите
- Организација и реализација на аранжманот

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
- Аеродоромски такси: 60 € по лице (се уплатува во агенцијата, износот е променлив)
- Задолжително патничко осигурување (информации во агенцијата)
- Факултативни екскурзии и други индивидуални трошоци
- Туристичка Виза за Шпанија за странките кои не поседуваат нов биометриски пасош

ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ:
- За дете од 0 до 2 години не се плаќа и нема седиште во авионот (доколку поинаку не е назначено),
- Попустите за деца и за трето лице, важат при сместување со две возрасни лица

НАПОМЕНИ:
- Цените се изразени во Евра, за уплата во денарска противвредност по пресметковен курс 1€ = 61,80 мкд
- За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ


ПРЕПОРАЧУВАМЕ:
- Проверете ги сатниците на полетување 24 часа пред објавеното - планирано време на полетување.
- Сите сатници-времиња во табелите се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот.


- Понудата во ова издание се однесува на ограничен број места.
- Организаторот не одговара за евентуални ненамерни грешки настанати при техничката подготовка.
- Организаторот го задржува правото на промена на цените согласно Општите услови на патување.


Факултативни излети во регионот на Коста Брава


  
ЛОРЕТ ДЕ МАР  
(кликни на сликите)

METROPOL ****

FESTA BRAVA ***

MUNDIAL CLUB ***

MONTANAMAR ***

DEX HOTEL **

CASTELLA HOTEL *

SANTA ANA *


 БЛАНЕС
(кликни на сликите)

BLAUMAR ****

BLAUCEL ****

PIMAR & SPA ***

STELA MARIS ***


 МАЛГРАТ ДЕ МАР
(кликни на сликите)

REYMAR HOTEL ***

AMARAIGUA ***


 САНТА СУЗАНА 
(кликни на сликaтa)

RIVIERA HOTEL ***

INDALO PARK ***



 ХОТЕЛИ "FORTUNA" (NO NAME) 
(кликни на сликaтa)



КАРТА НА РЕГИОНОТ - КОСТА БРАВА

НАЗАД
Travel info / Web Site
Airtickets ONLINE / Web Site
Macedonia Vision / Web Site
Travel Training Center / Web Site
Holiday Real Estate / Web Site
АНКЕТА
Планирање на летниот одмор ?
Оваа година ќе летуваме...
на море
на езеро
на планина
на друго место
нема да летуваме
За тоа ќе ни требаат финансии...
до 500 EUR
до 1000 EUR
до 2000 EUR
многу повеќе...
немаме финансии...
СПЕЦИЈАЛНИ ПОНУДИ !!!
Со Савана Травел Клуб во Грција...
ВЕСТИ
Вест од 25/04/2013
 На меѓународниот саем за туризам, "SKOPJE TRAVEL MARKET", на 26.Април, во 13.00 ч, во Галеријата на Хала 1, новоформираниот "IATA ATC - Travel Training Center" во Скопје, ќе одржи презентација, на програмата и авторизираните курсеви за обука на кадри во туризмот, на Меѓународниот IATA Институт од Канада: IATA/UFTAA Foundation in Travel and Tourism Diploma course и IATA GDS Fares and Ticketing Amadeus Certificate course  
 
Вест од 15/04/2013
 На престојниот меѓународен саем за туризам - SKOPJE TRAVEL MARKET, туристичката фирма SAVANA ќе се претстави со сите свои веќе познати брендови. Доколку сте заинтересирани за нашите понуди, Ве покануваме да не посетите, во хала 1, штанд 119 на Скопскиот саем, од 25. до 27.Април, од 11.00 до 19.00 часот. 
 
Вест од 10/04/2013
 Потсетување за веста од 12.Декември 2011 година // Од неодамна е пуштена во употреба новата и единствена web страница - Airtickets.mk !!! На нејзе и без особена асистенција од страна на стручни лица, самите ќе можете да направите резервација и уплата на дел од услугите кои ви се потребни за реализација на вашето патување. Што за тоа, вели страницата... - Добредојдовте на Airtickets.mk ... Со нас можете брзо и едноставно, 24 часа на ден, 7 дена во неделата, да обезбедите се што ви е потребно за вашето патување. Резервирајте on line од каде и да се наоѓате, дома, во канцеларија, на кафе, во парк, на излет, резервирајте и купувајте on line авио билети, хотелски соби, изнајмете автомобил, или испланирајте го вашето патување. Со порталот Airtickets.mk имате пристап до: авио билети од Скопје и сите аеродроми во светот, хотелски соби во повеќе од 55000 хотели во светот, автомобили под наем во земјата и странствo... Доколку имате потреба од дополнителни информации и услуги, јавете се на телефоните за подршка на клиенти на број 02 3115 826, каде што нашите професионални, обучени и искусни консултанти ќе ви помогнат да го направите вистинскиот избор за вашето патување.  
 
Вест од 01/04/2013
 На престојниот скопски саем - "Образование и Кариера" 2013 година, Травел Тренин Центарот на Савана, ќе се претстави со веќе поставените курсеви за престојниот уписен рок од 27.Мај 2013 година. Посетителите на саемот ќе имаат можност подетално да се запознаат со поволностите и придобивките од посетувањето на меќународните IATA курсеви, како и со можноста за нивно активно изучување во ТТЦ Скопје.  
 
Вест од 15/03/2013
  Од неодамна започна да работи, новиот сектор на Савана, посветен на прометот со недвижности во регионалните дестинации за одмор. Веќе познат под името Holiday Real Estate, овој наш сектор преку својата истоимена веб-страница, ги објави првите поинтересни понуди за "место под сонцето" наменето за македонските граѓани...  
 
Вест од 05/03/2013
 Одбележувајќи ја петата година од своето континуирано излегување, месечниот информатор TRAVEL info, преку своите печатени изданија објавени во 63 последователни броја, веќе одбележа фантастичен тираж од преку 650.000 примероци!!! 
 
Вест од 01/03/2013
 Веќе од месец Февруари оваа година и официјално, "TTC" како авторизиран центар од меѓународниот IATA институтот од Канада, ја започна својата официјална работа со потенцијални коминтенти ! ... Новиот едукативен и тренинг центар за обука на стручни кадри кои работат или планираат да работат во областа на туризмот, своите први курсеви ги започнува од месец Мај во тековната година. Со понуда на повеќе планирани курсеви, во Travel Training Centar (TTC) - Скопје, освен предавањата од меѓународните курсеви: IATA/UFTAA Foundation in Travel and Tourism Diploma course и IATA GDS Fares and Ticketing Amadeus Certificate course, ќе се реализиораат и обуки за туристички работници лиценцирани како придружници и водичи на туристичките групи кои заминуваат или пристигнуваат во земјата, на претставници кои за време на реализацијата на периодичните аранжмани престојуваат во странство, како и на туристичките кадри кои планираат да се стекнат со искуство во менаџирањето со туристичките агенции... наскоро, со повеќе нови информации од TTC - Скопје... 
 
Вест од 10/02/2013
 Во проектот за развој на домашниот туризам, како и за негова поуспешна промоција на европскиот и светски пазар, оваа година секторот за "incoming" на Савана - Macedonia Vision, забележува низа успешни реализации на аранжмани, со нови групи на странски туристи. Минатогодишната интензивна кампања и учество во промоцијата на овој македонски бренд, очигледно почна да ги остварува и првите позитивни резултати. 
 
Вест од 01/02/2013
 Во предпродажба се објавени, долгоочекуваните аранжмани за престојната летна сезона во Грција. Меѓу низата препознатливи дестинации, оваа година се вбројуваат и неколку нови, за кои се надеваме дека ќе го привлечат вашето внимание. Во новите дестинации на Јонското море, оваа сезона ја вбројуваме и прекрасната Сивота. На Егејското море, познатата Атика со Атина и Глифада, а како најповолно изненадување од островите на Егејското море, овојпат не така далечната - Евиа, со веќе се' попознатото летувалиште Пефки !!!  
 
(c) Copyright 2007 SAVANA Tourist Enterprises
Orce Nikolov 20, 1000 Skopje, Macedonia
tel. ++ 389 2 3115 826, fax ++ 389 2 3114 206,
email: info@savana.com.mk
 

19.000 facebook likes


ВИ БЛАГОДАРИМЕ
НА ДОВЕРБАТА