ДОМА ЗА НАС КОНТАКТ АГЕНТ
Преведи: Macedonian Albanian Bulgarian Croatian English Greek Serbian Slovenian Turkish

... НАЈНОВИ ВЕСТИ !!! ... НАЈНОВИ ВЕСТИ !!! >>> ВО АКЦИСКА ПРОДАЖБА, СЕ ДОЛГООЧЕКУВАНИТЕ IATA КУРСЕВИ - ЗА ОБУКА НА КАДРИ ВО ТУРИСТИЧКАТА И ПАТНИЧКАТА ИНДУСТРИЈА !!! ВО НОВООТВОРЕНИОТ ТРАВЕЛ ТРЕНИНГ ЦЕНТАР ВО СКОПЈЕ, ВЕЌЕ СТЕ ВО МОЖНОСТ ДА СЕ СТЕКНЕТЕ СО МЕЃУНАРОДНО ПРИЗНАТИТЕ СЕРТИФИКАТИ, ОД IATA ИНСТИТУТОТ ВО КАНАДА !!! >>> СИТЕ НАШИ ПАТНИЦИ, КОИ ГИ ОЧЕКУВАА ОСТАНАТИТЕ ПАКЕТ АРАНЖМАНИ ЗА СЕЗОНАТА ЛЕТО 2013, ГИ ИЗВЕСТУВАМЕ ДЕКА ВЕЌЕ СЕ ВО ПРОДАЖБА ПРЕДХОДНО НАЈАВУВАНИТЕ ПАКЕТ АРНЖМАНИ ЗА СИТОНИЈА - ТОРОНИ И САРТИ, ЗА АТИКА - АТИНА И ГЛИФАДА, ПРОМОТИВНИОТ АРАНЖМАН ЗА ОСТРОВОТ ЛЕЗБОС, КАКО И ОНИЕ КОИ СЕ ДЕЛ ОД БОГАТАТА ЛЕТНА ПОНУДА, А СЕ ОДНЕСУВААТ НА ДЕСТИНАЦИИТЕ: МАКАРСКА ВО ХРВАТСКА, ИЛИ КУШАДАСИ И БОДРУМ ВО ТУРЦИЈА !!! >>> ПРЕКУ НАШАТА ВЕБ СТРАНИЦА МОЖЕТЕ ДА ГИ ОДБЕРЕТЕ ПОСАКУВАНИТЕ АПСОЛВЕНТСКИ И УЧЕНИЧКИ ПАТУВАЊА ЗА ПРЕСТОЈНАТА ПРОЛЕТ !!! >>> ПОКРАЈ НАЈНОВИТЕ АРАНЖМАНСКИ ПОНУДИ, ВО СЕКОЕ ВРЕМЕ МОЖЕТЕ ДА ОТПАТУВАТЕ НА РОМАНТИЧЕН ВИКЕНД ВО ЕВРОПСКИТЕ МЕТРОПОЛИ, СО ИЗБОР НА НАКОЕ ОД ВОЗБУДЛИВИТЕ "CITY BREAK" ПАТУВАЊА !!! < НАЈНОВИ ВЕСТИ !!! ... НАЈНОВИ ВЕСТИ !!!

Социјални мрежи:

Facebook Twitter Youtube
 
ПОНУДИ НА ВАШИОТ E-MAIL:

ВЕСТИ
Вест од 25/04/2013
 На меѓународниот саем за туризам, "SKOPJE TRAVEL MARKET", на 26.Април, во 13.00 ч, во Галеријата на Хала 1, новоформираниот "IATA ATC - Travel Training Center" во Скопје, ќе одржи презентација, на програмата и авторизираните курсеви за обука на кадри во туризмот, на Меѓународниот IATA Институт од Канада: "IATA/UFTAA Foundation in Travel and Tourism Diploma course" и "IATA GDS Fares and Ticketing Amadeus Certificate course" 
 
Вест од 15/04/2013
 На престојниот меѓународен саем за туризам - SKOPJE TRAVEL MARKET, туристичката фирма SAVANA ќе се претстави со сите свои веќе познати брендови. Доколку сте заинтересирани за нашите понуди, Ве покануваме да не посетите, во хала 1, штанд 119 на Скопскиот саем, од 25. до 27.Април, од 11.00 до 19.00 часот. 
 
Вест од 10/04/2013
 Потсетување за веста од 12.Декември 2011 година // Од неодамна е пуштена во употреба новата и единствена web страница - Airtickets.mk !!! На нејзе и без особена асистенција од страна на стручни лица, самите ќе можете да направите резервација и уплата на дел од услугите кои ви се потребни за реализација на вашето патување. Што за тоа, вели страницата... - Добредојдовте на Airtickets.mk ... Со нас можете брзо и едноставно, 24 часа на ден, 7 дена во неделата, да обезбедите се што ви е потребно за вашето патување. Резервирајте on line од каде и да се наоѓате, дома, во канцеларија, на кафе, во парк, на излет, резервирајте и купувајте on line авио билети, хотелски соби, изнајмете автомобил, или испланирајте го вашето патување. Со порталот Airtickets.mk имате пристап до: авио билети од Скопје и сите аеродроми во светот, хотелски соби во повеќе од 55000 хотели во светот, автомобили под наем во земјата и странствo... Доколку имате потреба од дополнителни информации и услуги, јавете се на телефоните за подршка на клиенти на број 02 3115 826, каде што нашите професионални, обучени и искусни консултанти ќе ви помогнат да го направите вистинскиот избор за вашето патување.  
 
Вест од 01/04/2013
 На престојниот скопски саем - "Образование и Кариера" 2013 година, Травел Тренин Центарот на Савана, ќе се претстави со веќе поставените курсеви за престојниот уписен рок од 27.Мај 2013 година. Посетителите на саемот ќе имаат можност подетално да се запознаат со поволностите и придобивките од посетувањето на меќународните IATA курсеви, како и со можноста за нивно активно изучување во ТТЦ Скопје.  
 
Вест од 15/03/2013
  Од неодамна започна да работи, новиот сектор на Савана, посветен на прометот со недвижности во регионалните дестинации за одмор. Веќе познат под името Holiday Real Estate, овој наш сектор преку својата истоимена веб-страница, ги објави првите поинтересни понуди за "место под сонцето" наменето за македонските граѓани...  
 
Вест од 05/03/2013
 Одбележувајќи ја петата година од своето континуирано излегување, месечниот информатор TRAVEL info, преку своите печатени изданија објавени во 63 последователни броја, веќе одбележа фантастичен тираж од преку 650.000 примероци!!! 
 
Вест од 01/03/2013
 Веќе од месец Февруари оваа година и официјално, "TTC" како авторизиран центар од меѓународниот IATA институтот од Канада, ја започна својата официјална работа со потенцијални коминтенти ! ... Новиот едукативен и тренинг центар за обука на стручни кадри кои работат или планираат да работат во областа на туризмот, своите први курсеви ги започнува од месец Мај во тековната година. Со понуда на повеќе планирани курсеви, во Travel Training Centar (TTC) - Скопје, освен предавањата од меѓународните курсеви: IATA/UFTAA Foundation in Travel and Tourism Diploma course и IATA GDS Fares and Ticketing Amadeus Certificate course, ќе се реализиораат и обуки за туристички работници лиценцирани како придружници и водичи на туристичките групи кои заминуваат или пристигнуваат во земјата, на претставници кои за време на реализацијата на периодичните аранжмани престојуваат во странство, како и на туристичките кадри кои планираат да се стекнат со искуство во менаџирањето со туристичките агенции... наскоро, со повеќе нови информации од TTC - Скопје... 
 
Вест од 10/02/2013
 Во проектот за развој на домашниот туризам, како и за негова поуспешна промоција на европскиот и светски пазар, оваа година секторот за "incoming" на Савана - Macedonia Vision, забележува низа успешни реализации на аранжмани, со нови групи на странски туристи. Минатогодишната интензивна кампања и учество во промоцијата на овој македонски бренд, очигледно почна да ги остварува и првите позитивни резултати. 
 
Вест од 01/02/2013
 Во предпродажба се објавени, долгоочекуваните аранжмани за престојната летна сезона во Грција. Меѓу низата препознатливи дестинации, оваа година се вбројуваат и неколку нови, за кои се надеваме дека ќе го привлечат вашето внимание. Во новите дестинации на Јонското море, оваа сезона ја вбројуваме и прекрасната Сивота. На Егејското море, познатата Атика со Атина и Глифада, а како најповолно изненадување од островите на Егејското море, овојпат не така далечната - Евиа, со веќе се' попознатото летувалиште Пефки !!!  
 
Единствената Лефкада...
Најповолни тарифи
Подарете Ваучер, подарете спомени...
Рекламирај се, на www.savana.mk !!!
 
 

РИМ (авион)

Сите патишта водат во Рим... И навистина е така. Овој град секојдневно го чувствува тоа. Mилионите туристи кои постојано го посетуваат градот, се уверуваат во фактот дека тој има одбележано една цела епоха во светската историја. Попознат како "Римското царство", овој период од светската историја и денес е видлив благодарејќи им на мноштвото споменици кои сочувани од забот на времето сеушт го красат овој град. Тој, едноставно речено е музеј на отворено. Неговото значење, во времето кога сеуште се дефинирала новата европска и светска цивилизација е навистина големо. Напуштањето на паганството и прифаќањето на христијанството, е можеби пресудниот момент за неговото добивање на вечно место во светската историја. Седиштето на "светата столица" на една од најголемите светски религии (католичка-христијанска) т.е. државата Ватикан е токму тука - во самото срце на Рим. Да го посетите вечниот Град - Рим, а да не го доживеете Ватикан, е невозможно. Ватикан е величествен спој на христијанска духовност, совршена архитектура, генијални уметнички дела. Разгледот опфаќа посета на Плоштадот Свети Петар, истоимената Базилика, Ватиканските Музеи, Сикстинската Капела. Ватикан се наоѓа на десниот брег на реката Тибар и денес е најмалата држава на светот. Сред огромниот плоштад Св.Петар се издига најголемата црква на светот, Базиликата Св.Петар. Таа постои речиси колку и христијанството, а нејзината златна внатрешност ја красат најпознатите мозаици, фрески и скулптури во светот, како статуата Пиета на Микеланџело. Ватиканските Музеи и Сикстинската капела ќе ве остават без зборови. Едноставно, фасцинантно! Пред базиликата се наоѓа познатата Колонада на Бернини. Застанете во центарот на плоштадот и оттаму следува изненадувачка глетка, доказ за архитектонската совршеност. Не пропуштајте ја ожноста да фрлите поглед на плоштадот Св.Петар од Куполата, која е дело на Микеланџело. Глетката е величенствена: целиот Ватикан и седумте римски ридови на дланка! За крај, препорачуваме прошетка од Ватикан до Castel Sant’Angelo. Оттаму, восхитувајте и се на реката Тибар чекорејќи по Мостот на Ангелите... Дозволете си празник за очи! Посетата на средновековното гратче Тиволи, градината на Вила Д’Есте и нејзините величествени фонтани е еден од најпознатите разгледи на околината на Рим. Вила Д’Есте – Тиволи претставува вистинско ремек-дело. Луксузните градини се совршена околина за имагинативните архитектонски форми на илјадниците фонтани. Градината се наоѓа во сугестивниот Тиволи, предел кој ќе ве маѓепса со својот пејсаж – симбол на вечната борба меѓу каменот и водата. Импонзантните градби потсетуваат на Вавилонските Градини, а скротувањето на водата на умешноста на Римјаните. Тиволи е прекрасно доживување! Видете зошто Франц Лист инспирацијата за неговото познато дело Игри со Вода ја пронашол токму во Тиволи.

07.Март (Четврток)         СКОПЈЕ - РИМ
Состанок на групата на скопскиот аеродром во 13:50 часот. Лет за Рим во 17:50ч. Пристигнување во Рим во 20:00 часот. Трансфер до хотелот. Вечерта можност за прошетка до Шпански скали и Фонтана ди Треви. Сместување и слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.

08.Март (Петок)                 РИМ - ВАТИКАН
Појадок. Панорамски со панорамско разгледување на градот: Виа Венето, Олтарот на мирот, плоштадот Венеција, Римскиот форум, Виа Дел Корсо, Колосеумот, мостовите на Тибар, плоштадот Св. Петар,...Факултативна посета на Ватикан: Сикстинската капела, Ватиканските музеи, црквата Св.Петар... По разгледот, препорачуваме прошетка преку Мостот на Ангелите до плоштадот Навона, познат и како уметничка четврт на Рим. Можност за краток одмор со уживање во вкусот на италијанското кафе. Слободно попладне за индивидуални прошетки. Вечерта, факултативно, посета на еден од многубројните ресторани на Трастевере, боемскиот кварт на Рим. Ноќевање

09.Март (Сабота)             РИМ - ТИВОЛИ
Појадок. Факултативна посета на местото Tиволи. Прекрасната Villa D’Este и нејзината градина се наоѓаат на листата на светското културно наследство под закрила на UNESCO. Со импресивните петстотини фонтани, нимфи, пештери, игри со вода и музика, претставува копиран модел на најпознатите Европски градини во маниристички и барок стил. Враќање во Рим. Можност за пријатна прошетка низ Рим со метро и посета на катедралната црква посветена на Св. Павле, како и црквите Сан Џовани Латерано, Санта Марија Маџоре, Сан Пјетро ин Винколи, посета на црквата Сан Клементе со капелата и гробот на Св. Кирил... Ноќевање.

10.Март (Недела)             РИМ - СКОПЈЕ
Појадок. Одјавување од хотел. Слободно време за индивидуални активноси и проштеки... Трансфер до аеродромот во Рим. Лет за скопје во 15:00часот. Пристигнување во Скопје во 17:10ч.

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:    399 €  (24.740,оо мкд)

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
- Авионски превоз: Скопје - Рим - Скопје
- Oрганизирани трансфери во Рим: аеродром - хотел - аеродром
- Сместување во хотел ***, на база 3 ноќевања со појадок
- Организиран панорамски разглед на Рим со водич
- Организација на аранжманот и придружник на патувањето

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
- Аеродромските такси во Скопје и Рим ( 3,100 мкд)
- Факулативни излети и посети:
* Посета на Ватикан (со метро) - водич, резервација и влезница (40€)
* Посета на Тиволи со водич и влезница (50€)
- Патничко групно осигурување (180 мкд)
- Туристичка такса на градот Рим
(во хотели **** е 3 €, а во хотели со *** е 2 € по лице од ден)
- Плаќање на рецепција во хотелот.

НАПОМЕНИ:
- Цената на аранжманот е дадена, за едно лице во двокреветна соба
- За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 20 патници
- За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ

НАЗАД
 
 
BACK
Travel info / Web Site
Airtickets ONLINE / Web Site
Macedonia Vision / Web Site
Travel Training Center / Web Site
Holiday Real Estate / Web Site
АНКЕТА
ЛЕТНИ ОДМОРИ 2013 !?
Дали ќе одите на летен одмор ?
Да
Не
Можеби
Во кој месец од летната сезона ?
Јуни
Јули
Август
Септември
Острово за млади...
Најблискиот одмор...
СИТЕ НА ОДМОР !!!
(c) Copyright 2007 SAVANA Tourist Enterprises
Orce Nikolov 20, 1000 Skopje, Macedonia
tel. ++ 389 2 3115 826, fax ++ 389 2 3114 206,
email: info@savana.com.mk