<font size=2>
<p>
<table>
<tbody>
<tr>
<td>
<p><font size=2>АПСОЛВЕНТСКА ЕКСКУРЗИЈА !!!</font></p></td></tr></tbody></table></p></font>
  ДОМА ЗА НАС КОНТАКТ АГЕНТ
Преведи: Macedonian Albanian Bulgarian Croatian English Greek Serbian Slovenian Turkish

... ПОЧИТУВАНИ ПОСЕТИТЕЛИ НА ВЕБ СТРАНИЦАТА НА САВАНА ... ВО НАШАТА АКТУЕЛНАТА ПОНУДА, ВЕЌЕ ОДДАМНА СЕ НАОЃААТ НАЈБАРАНИТЕ ТУРИСТИЧКИ АРАНЖМАНИ НА МАКЕДОНСКИОТ ПАЗАР ... ОСВЕН ДОБРО ПОЗНАТИТЕ ТУРИСТИЧКИ ПРОГРАМИ КОИ ВЕ ВОДАТ ДО НАЈУБАВИТЕ МЕСТА ВО РЕГИОНОТ И ЕВРОПА, САВАНА ЗА ОВАА ЛЕТНА СЕЗОНА ДОПОЛНИТЕЛНО ОБЕЗБЕДИ И НОВИ АТРАКТИВНИ ПОНУДИ... ПРЕД ВАС СЕ АКТУЕЛНИТЕ ПРОГРАМИ ЗА ЕСЕНСКИТЕ И ЗИМСКИТЕ ПАТУВАЊА ... ЗА ЉУБИТЕЛИТЕ НА ПАСИВНИОТ ОДМОР И РЕЛАКСАЦИЈАТА ТУКА СЕ ПОЗНАТИТЕ БАЊСКИ И СПА ЦЕНТРИ ... ДОКОЛКУ ВО ОВАА СЕВКУПНА ПОНУДА КОЈА ПОСТОЈАНО СЕ ДОПОЛНУВА, ПРОНАЈДЕТЕ НЕШТО ШТО ЌЕ ВИ СЕ ДОПАДНЕ, НАМ СЕКАКО ЌЕ НИ БИДЕ ЗАДОВОЛСТВО ДА ВЕ УСЛУЖИМЕ !!! 

Социјални мрежи:

Facebook Twitter Youtube Instagram
 
 TRAVEL info - архива на изданија
Travel Training Center / Web Site
Airtickets ONLINE / Web Site
Holiday Real Estate / Web Site
Macedonia Vision / Web Site
Уплати "online" !!!
Оnline payment with ccard / Онлајн плаќање со кредитна картичка (по про-фактура !!!)
ПРАГА (авион)

Резултат со слика за pragueВо срцето на Европа се наоѓа град кој по својата величенственост и убавина се издвојува од другите Европски градови и  со самото тоа гордо го носи името Златна Прага. Овој град кој проткајува многу богата историја и култура, не не' остава рамнодушни кога минуваме низ Стариот Град, Катедралата Св.Видо, многуте цркви, Плоштадите како и покрај познатиот Астрономски часовник изграден 1410 год. Секако не смеете да пропуштите да се прошетате по познатата Златна уличка која е позната по минијатурните кучќчки кои потекнуваат од 16 век и имаат своја приказна. Замокот Храдчани како и претседателската палата секако дека нема да ве остават рамнодушни со својот стил и импозантна градба. Покрај сите овие убавини не смееме да го заборавиме Карловиот мост кој потекнува од 14 век и е еден од најстарите мостови во Европа. Резултат со слика за pragueНапуштајки го стариот град ке дојдете и во новиот дел каде секако ке го забележите Народниот театар, Националниот музеј, куќата што танцува... Впечатоците би биле уште поголеми ако појдете на крстарење по В`лтава каде би можеле да ја видите Прага од сосема поинаков агол, пиејки топла напивка и уживајки во крајбрежјето и многуте мостови кои ќе ви создадат романтични чувства. Карлјштајн - замок од 14 век кој бил некогашна резиденција на Карло 4. Во самиот замок се преплетува готскиот стил кој е одржуван околу 200 години, а во одредени делови може да се забележи и ренесансниот стил. Може да се видат уникатните оригинални декорации како и галерија од слики од најпознатите владетели со нивните семејства кои живееле во замокот со преплетена богата историја, традиција и култура . Покрај многуте богатства е изложена  и Круната на сите владетели која е во копија и може да се види, а оригиналот е во катедралата Св Видо и бидејки нејзината вредност е непроценлива се чува заштитена и затворена зад 7 врати. Резултат со слика за karlovi variНа само стототина километри одалеченост од Прага се прoстира малото но сепак многу познато гратче Карлови Вари (Karlovy Vary) Познат е по огромната посетеност од страна на некогашната европска аристократија и културна елита во 19 век, па се до денешен ден каде бројката на посетеност му достигнува и до 6 милиони луѓе годишно. Во него се наоѓаат 12 топлотни извори чија температура на вода изнесува од 39 до 73 степени и се познати по својата лековита моќ. Покрај топлотните извори секако ке го задрзат вашето внимание и повекето колонади, Англиската црква, познатата Руска црква која за миг би го задрзала вашето внимание со стилот на кој е изградена посебно позлатените куполи кои и даваат посебен сјај. Тука се и познатите кафулиња и ресторани каде може да земете оддишка и да узивате во преубавата природа и шумолот на реката Топла (Тепла). На крај не би смееле да си заминете без некој мал кристал од познатата фабрика за кристали Мозар, топлите вафли (Оплатки) и познатиот ликер Бехеровка кој и покрај тоа што има интересен вкус има и лековито дејство. На вракање  во Прага има можност да се застане во најпознатата фабрика за пиво Старопрамен и да си купите темно и светло пиво како и различните форми и големини на познатите кригли за пиво.

14.април (петок)          СКОПЈЕ – ПРАГА
Состанок на групата  на аеродромот во Скопје во 02:15 часот. Полетување за Прага со лет ОК 847 во 04:10 часот. Пристигнување во Прага во 06:00 часот и трансфер до хотел. Разглед на градот: Старо Место: Карловиот  мост, плоштадот на Малтешките витези, споменикот на Малтешките витези, споменикот на Карло четврти, Кралскиот пат, Еврејскиот кварт, Париската улица, Староградскиот плоштад со познатиот астрономски часовник - Орлој, градската куќа, Тунската црква, споменикот на Јан Хус, куќата на Франц Кафка, Универзитетот на Карло четврти, Националниот музеј, Горниот град: Дворецот Храдчани, Катедралата Св.Вито, Златната улица. Вечерта, факултативно - вечера во национален ресторан - чешка пивница.
Ноќевање.
 
15.април  (сабота)      ПРАГА – КАРЛОВИ ВАРИ
Појадок. 
Слободен ден за индивидуални прошетки или можност за факултативна посета на Карлови Вари - најпозната бања во Европа во која престојувале многу европски владетели, врвни сликари, поети. Можност за прошетка по променадата со 12-те извори, прошетка покрај нео-ренесансните колонади, паркови, кафеани и продавници. Враќање во Прага во попладневните часови. Ноќевање.

16.април (недела)      ПРАГА - СКОПЈЕ
Појадок.
Слободно време за индивидуални активности или можност за факултативно крстарење по В’лтава со кафе и колач. Собите во хотелот остануваат на располагање се до трансферот од хотел во 19:30 часот до аеродромот во Прага. Лет за Скопје со лет ОК 846 во 22:55 часот. Пристигнување во Скопје во 00:50 часот.

ПРОМОТИВНА ЦЕНА:  219 €  (13.578 мкд) до 01.03.2017

Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:          
- Авио превоз  Скопје-Прага-Скопје
- Трансфер аеродром -хотел- аеродром
- 2 ноќевања со појадок во  хотел 3*** 
- Организиран разглед на Прага
- Професионална организација и придружник на патувањето


Во цената на аранжманот не се вклучени следните трошоци:
- Аеродромски такси 119 € (7.378 мкд)
- Факултативен излет до Карлови Вари - 45 € (за реализација минимум 15 особи)
- Крстарење по В’лтава 15 €
- Влезници за музеите и културно – историските споменици
- Патничко осигурување

Напомени:
- За реализација на аранжманот, потребен е минимум до 20 патници
- За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ

НАЗАД
(c) Copyright 2007 SAVANA Tourist Enterprises
Orce Nikolov 20, 1000 Skopje, Macedonia
tel. ++ 389 2 3115 826, fax ++ 389 2 3114 206,
email: info@savana.com.mk
 

61.000 facebook likes


ВИ БЛАГОДАРИМЕ
НА ДОВЕРБАТА