ДОМА ЗА НАС КОНТАКТ АГЕНТ
Преведи: Macedonian Albanian Bulgarian Croatian English Greek Serbian Slovenian Turkish

... ПОЧИТУВАНИ ПОСЕТИТЕЛИ НА ВЕБ СТРАНИЦАТА НА САВАНА ... ВО НАШАТА АКТУЕЛНАТА ПОНУДА, ВЕЌЕ ОДДАМНА СЕ НАОЃААТ НАЈБАРАНИТЕ ТУРИСТИЧКИ АРАНЖМАНИ НА МАКЕДОНСКИОТ ПАЗАР ... ОСВЕН ДОБРО ПОЗНАТИТЕ ТУРИСТИЧКИ ПРОГРАМИ КОИ ВЕ ВОДАТ ДО НАЈУБАВИТЕ МЕСТА ВО РЕГИОНОТ И ЕВРОПА, САВАНА ЗА ОВАА ЛЕТНА СЕЗОНА ДОПОЛНИТЕЛНО ОБЕЗБЕДИ И НОВИ АТРАКТИВНИ ПОНУДИ... ПРЕД ВАС СЕ АКТУЕЛНИТЕ ПРОГРАМИ ЗА ЕСЕНСКИТЕ И ЗИМСКИТЕ ПАТУВАЊА ... ЗА ЉУБИТЕЛИТЕ НА ПАСИВНИОТ ОДМОР И РЕЛАКСАЦИЈАТА ТУКА СЕ ПОЗНАТИТЕ БАЊСКИ И СПА ЦЕНТРИ ... ДОКОЛКУ ВО ОВАА СЕВКУПНА ПОНУДА КОЈА ПОСТОЈАНО СЕ ДОПОЛНУВА, ПРОНАЈДЕТЕ НЕШТО ШТО ЌЕ ВИ СЕ ДОПАДНЕ, НАМ СЕКАКО ЌЕ НИ БИДЕ ЗАДОВОЛСТВО ДА ВЕ УСЛУЖИМЕ !!! 

Социјални мрежи:

Facebook Twitter Youtube Instagram
 
 TRAVEL info - архива на изданија
Travel Training Center / Web Site
Airtickets ONLINE / Web Site
Holiday Real Estate / Web Site
Macedonia Vision / Web Site
РИМ

Рим - Можеби многу одамна веќе не е “caput mundi” – главен град на светот, но Рим е Вечниот град, каде што модерното и старото, минатото и сегашноста одат рака под рака. Рим е одбраниот град: лулка на Католичката црква, центар на Римската Империја. Рим бил изграден да владее и да доминира со светот, таму се' е масивно, цврсто и “Вечно“. Кога еднаш ќе стапнете во Рим, во најголемиот музеј на отворено, едноставно здивот Ви се одзема. Градските историски, археолошки и архитектонски наследства надополнети со задоволството на одличната италијанска кујна загарантирано ќе Ви го дадат споменот на вашиот живот.


Топ 10 места од интерес:

  1. Ватикан
  2. Фонтана Ди Треви
  3. Шпанските Скали
  4. „Pizza Navona” и „Piazza Campo dei Fiori”
  5. „Pizza Di Popolo”
  6. Колосеумот
  7. Мостот и замокот на Ангелите
  8. „Piazza Venezia”
  9. Римскиот Форум
10. Свети Климент

Предлог програма:

1 ден Пристигнување во Рим, прошетка по Виа Венето, Шпански скали, Пјаца дел Пополо, Виа дел Корзо, Фонтана ди Треви, Пјаца Венеција, Колосеумот, Виа Национале...
2 ден Посета на Ватикан: Сикстинската капела, Ватиканските музеи, црквата Св.Петар. Прошетка до Замокот на Ангелите и преку мостот на Ангелите до Пјаца Навона, позната и како уметничка четврт на Рим. Посета на Пантеонот.
3 ден Можност за пријатна прошетка низ Рим со метро и посета на црквите Сан Џовани Латерано, Санта Марија Маџоре, Сан Пјетро ин Винколи, посета на црквата Сан Клементе со капелата и гробот на Св. Кирил... Вечерта, вечера во национален ресторан во квартот Трастевере. Ноќевање.
4 ден Слободно време за шопинг до заминување на аеродром. Препорачуваме два и пол часа пред лет да бидете на аеродром.

Цена:  од 272 €


Во цената на пакетот е вклучено:
- Авионски превоз на релација: Скопје - Рим - Скопје
- Аеродромски такси
- Хотелско сместување во хотел *** / 3BB

Летови: секој ден (освен четврток)
* цената и саатниците зависат од моментално расположливите места на aвио компанијата.

Во цената на пакетот не е вклучено:
- Трансфер: aеродром - хотел, со градска железница 8-14 € (информативно)
- Трансфер со ТAXI = 55 € за две лица, во еден правец (информативно)
- Приватен трансфер: aеродром–xотел 70 €, во еден правец (информативно)


Hotel Tre Stelle ***

Hotel Andreotti ***

Hotel Marc'Aurelio ****


цена: од 258 €


цена: од 289 €


цена: од 272 €

НАЗАД
(c) Copyright 2007 SAVANA Tourist Enterprises
Orce Nikolov 20, 1000 Skopje, Macedonia
tel. ++ 389 2 3115 826, fax ++ 389 2 3114 206,
email: info@savana.com.mk
 

62.000 facebook likes


ВИ БЛАГОДАРИМЕ
НА ДОВЕРБАТА