<font size=2>
<p>
<table>
<tbody>
<tr>
<td>
<p><font size=2>АПСОЛВЕНТСКА ЕКСКУРЗИЈА !!!</font></p></td></tr></tbody></table></p></font>
  ДОМА ЗА НАС КОНТАКТ АГЕНТ
Преведи: Macedonian Albanian Bulgarian Croatian English Greek Serbian Slovenian Turkish

... ПОЧИТУВАНИ ПОСЕТИТЕЛИ НА ВЕБ СТРАНИЦАТА НА САВАНА ... ВО НАШАТА АКТУЕЛНАТА ПОНУДА, ВЕЌЕ ОДДАМНА СЕ НАОЃААТ НАЈБАРАНИТЕ ТУРИСТИЧКИ АРАНЖМАНИ НА МАКЕДОНСКИОТ ПАЗАР ... ОСВЕН ДОБРО ПОЗНАТИТЕ ТУРИСТИЧКИ ПРОГРАМИ КОИ ВЕ ВОДАТ ДО НАЈУБАВИТЕ МЕСТА ВО РЕГИОНОТ И ЕВРОПА, САВАНА ЗА ОВАА ЛЕТНА СЕЗОНА ДОПОЛНИТЕЛНО ОБЕЗБЕДИ И НОВИ АТРАКТИВНИ ПОНУДИ... ПРЕД ВАС СЕ АКТУЕЛНИТЕ ПРОГРАМИ ЗА ЕСЕНСКИТЕ И ЗИМСКИТЕ ПАТУВАЊА ... ЗА ЉУБИТЕЛИТЕ НА ПАСИВНИОТ ОДМОР И РЕЛАКСАЦИЈАТА ТУКА СЕ ПОЗНАТИТЕ БАЊСКИ И СПА ЦЕНТРИ ... ДОКОЛКУ ВО ОВАА СЕВКУПНА ПОНУДА КОЈА ПОСТОЈАНО СЕ ДОПОЛНУВА, ПРОНАЈДЕТЕ НЕШТО ШТО ЌЕ ВИ СЕ ДОПАДНЕ, НАМ СЕКАКО ЌЕ НИ БИДЕ ЗАДОВОЛСТВО ДА ВЕ УСЛУЖИМЕ !!! 

Социјални мрежи:

Facebook Twitter Youtube Instagram
 
 TRAVEL info - архива на изданија
Travel Training Center / Web Site
Airtickets ONLINE / Web Site
Holiday Real Estate / Web Site
Macedonia Vision / Web Site
Уплати "online" !!!
Оnline payment with ccard / Онлајн плаќање со кредитна картичка (по про-фактура !!!)
CHIPPENDALES

 

CHIPPENDALES

Задоволство ни е да Ви најавиме дека најголемата стрип танчерска трупа на светот на сите времиња CHIPPENDALES за прв пат доаѓа во Скопје.

chippendalesCHIPPENDALES кои со професионалната сценска продукција и фантастична кореографија помогнаа стриптизот да биде прифатен како забава и спорт низ целиот свет, за прв пат ќе имаат можност да ги гледаат и нашите дами, на 20ти март, во Конгресната сала, на хотелот „Александар Палас“.

Нивната приказна започнала уште во 1979 година во Лос Анџелес, како прва професионална машка танцова трупа, која многу брзо почнала да го освојува светот каде и да настапува. Квалитетот на нивната кореографија и изведба го помогнал прифаќањето на „The Male Review Show“ како забавна и популарна форма. Со комбинација од креативни танцови точки, пеење и стриптиз, дефинитивно момците од CHIPPENDALES ги оживуваат класичните фантазии и истите ги претвораат на сцена во егзотични искушенија.

Трупата во моментов брои 48 машки танчери. Меѓу нив има студенти, професори, веб дизајнери, фотографи, брокери, војници, пејачи, кик боксери... Настапуваат годишно во над 25 земји од светот или пред повеќе од еден милион жени, а нивното шоу за многумина е „The Ultimative Girls Night Out“ доживување.

Денес, оваа компанија продуцира повеќе претстави во светот, вклучувајќи ги и постојаните претстави на Бродвеј и во Лас Вегас. Тие се постојана атракција каде и да настапуваат, а како гости им се приклучуваат дури и светски ѕвезди. Во моментов, друштво им прави супермоделот Тајсон Бекфорд.

Влезниците кои ќе бидат во строго ограничен број (само 1.200 влезници), ќе бидат пуштени во продажба од понеделник во продажното место на "Савана" на Ул. Орце Николов Бр. 20, по цена од 1500 денари.

ВАЖНО: Да не се лажеме, ова не е осмомартовско шоу, ова е BEST NIGHT EVER и ултимативна женска забава! 

НАЗАД
(c) Copyright 2007 SAVANA Tourist Enterprises
Orce Nikolov 20, 1000 Skopje, Macedonia
tel. ++ 389 2 3115 826, fax ++ 389 2 3114 206,
email: info@savana.com.mk
 

61.000 facebook likes


ВИ БЛАГОДАРИМЕ
НА ДОВЕРБАТА