ДОМА ЗА НАС КОНТАКТ АГЕНТ
Преведи: Macedonian Albanian Bulgarian Croatian English Greek Serbian Slovenian Turkish

... ПОЧИТУВАНИ ПОСЕТИТЕЛИ НА ВЕБ СТРАНИЦАТА НА САВАНА ... ВО НАШАТА АКТУЕЛНАТА ПОНУДА, ВЕЌЕ ОДДАМНА СЕ НАОЃААТ НАЈБАРАНИТЕ ТУРИСТИЧКИ АРАНЖМАНИ НА МАКЕДОНСКИОТ ПАЗАР ... ОСВЕН ДОБРО ПОЗНАТИТЕ ТУРИСТИЧКИ ПРОГРАМИ КОИ ВЕ ВОДАТ ДО НАЈУБАВИТЕ МЕСТА ВО РЕГИОНОТ И ЕВРОПА, САВАНА ЗА ОВАА ЛЕТНА СЕЗОНА ДОПОЛНИТЕЛНО ОБЕЗБЕДИ И НОВИ АТРАКТИВНИ ПОНУДИ... ПРЕД ВАС СЕ АКТУЕЛНИТЕ ПРОГРАМИ ЗА ЕСЕНСКИТЕ И ЗИМСКИТЕ ПАТУВАЊА ... ЗА ЉУБИТЕЛИТЕ НА ПАСИВНИОТ ОДМОР И РЕЛАКСАЦИЈАТА ТУКА СЕ ПОЗНАТИТЕ БАЊСКИ И СПА ЦЕНТРИ ... ДОКОЛКУ ВО ОВАА СЕВКУПНА ПОНУДА КОЈА ПОСТОЈАНО СЕ ДОПОЛНУВА, ПРОНАЈДЕТЕ НЕШТО ШТО ЌЕ ВИ СЕ ДОПАДНЕ, НАМ СЕКАКО ЌЕ НИ БИДЕ ЗАДОВОЛСТВО ДА ВЕ УСЛУЖИМЕ !!! 

Социјални мрежи:

Facebook Twitter Youtube Instagram
 
 TRAVEL info - архива на изданија
Travel Training Center / Web Site
Airtickets ONLINE / Web Site
Holiday Real Estate / Web Site
Macedonia Vision / Web Site
АНТАЛИЈА (авион)

CLUB HOTEL CALIMERA SERRA PALACE 5* All Incl.

http://angelonyx.com/upload/iblock/608/608842d250f3cd13953b74dc7b547f63.jpg https://cdn.touristica.com.tr/otel-resimleri/club-calimera-serra-palace/serrapalace-general-05.jpg https://cdn.touristica.com.tr/otel-resimleri/club-calimera-serra-palace/untitled-1.jpg

Приморскиот град Сиде, е еден од најпознатите антички градови во Турција,  а истовремено важи и за доста модерно летувалиште  со широк спектар на туристичко сместување, кое се одликува со уникатност, гостопримливост, прекрасна кујна и многубројни активности . На 21 км од историскиот ресорт на Сиде, во туристичката област Кизилот, е сместен хотелот CALIMERA SERRA PALACE *****, уникатен ,  луксузен , туристички комплекс, кој пружа незаборавен престој на своите гости од сите возрасти. Во раскошот на комплексот гостите можат да уживаат на широката песочна плажа или во прекрасната раскошна градина со многу базени и тобогани. Одбојка на плажа, аеробик и фитнес, тенис, мини голф, како и разни спортови на вода се само дел од рекреативните содржини во хотелот.
Дополнително уживање на гостите им пружа познатата  турска бања (hammam),  масажа, разни козметички третмани, спа центар, како и внатрешен базен.
За најмалите хотелот, исто така пружа низа активности, како мини клуб, посебен детски базен, babysitting, разни групни игри и активности со квалификувани аниматори, како и доста забавни игри во вода. На вкусната кујна во хотелот никој не може да остане рамнодушен, а може да се вкуси на прекраниот бар на плажа или во некој од трите a la carte ресторани. Во пространата градина, 386 соби се сместени во неколку мали вили и една главна зграда. Собите се модерно уредени, комфорни и со прекрасен поглед

14.aприл (петок)           СКОПЈЕ – АНТАЛИЈА
Состанок на групата на скопскиот аеродром во 09:00 часот. Полетување за Анталија со лет преку Истанбул во 10:55 часот. Пристигнување во Анталија во 15:45 часот локално време. По завршување на пасошките и царинските формалности организиран трансфер до хотел Calimera Serra Palace 5* во регионот на Сиде. Сместување на база се вклучено.
Ноќевање.
 
од 15. до 17.aприл (сабота - понеделник)          АНТАЛИЈА
Појадок, ручек, вечера
со вклучени пијалоци и закуски во хотел. Слободно време за одмор, релаксација и уживање во морето, плажата и хотелските содржини. Еден од деновите од престојот ќе има организиран разглед на Анталија (стариот град), со посета на величенствениот водопад на реката Дуден. Ноќевање.

18.aприл (вторник)           СКОПЈЕ – АНТАЛИЈА
Појадок. Одјавување од хотел и организиран трансфер до аеродромот во Анталија. Лет од Анталија за Скопје преку Истанбул во 11:45 часот локално време. Пристигнување во Скопје во 17:00 часот.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:   299 €     (18.538,оо мкд)
за резервации до 20.02.2017

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
- Аеродромски Такси
- Авионски превоз: Скопје - Анталија – Скопје (со Pegasus Airlines)
- Трансфери хотел – аеродром - хотел
- Сместување во хотел CALIMERA SERRA PALACE 5*, 4 ноќевања на база СЕ ВКЛУЧЕНО: појадок, ручек, вечера, пијалоци, закуски, користење на Спа Центар (без третмани) и многу други содржини.
- Организиран полудневен разглед на Анталија со посета на Водопад Дуден
- Организација на аранжманот и придружник на патувањето
 
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
- Патничко здравствено осигурување

НАПОМЕНИ:
- За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 20 патници.
- За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ и АСА ТУР.

НАЗАД
(c) Copyright 2007 SAVANA Tourist Enterprises
Orce Nikolov 20, 1000 Skopje, Macedonia
tel. ++ 389 2 3115 826, fax ++ 389 2 3114 206,
email: info@savana.com.mk
 

62.000 facebook likes


ВИ БЛАГОДАРИМЕ
НА ДОВЕРБАТА