ЗИМА 2017
  ДОМА ЗА НАС КОНТАКТ АГЕНТ
Преведи: Macedonian Albanian Bulgarian Croatian English Greek Serbian Slovenian Turkish

... ПОЧИТУВАНИ ПОСЕТИТЕЛИ НА ВЕБ СТРАНИЦАТА НА САВАНА ... ВО НАШАТА АКТУЕЛНАТА ПОНУДА, ВЕЌЕ ОДДАМНА СЕ НАОЃААТ НАЈБАРАНИТЕ ТУРИСТИЧКИ АРАНЖМАНИ НА МАКЕДОНСКИОТ ПАЗАР ... ОСВЕН ДОБРО ПОЗНАТИТЕ ТУРИСТИЧКИ ПРОГРАМИ КОИ ВЕ ВОДАТ ДО НАЈУБАВИТЕ МЕСТА ВО РЕГИОНОТ И ЕВРОПА, САВАНА ЗА ОВАА ЛЕТНА СЕЗОНА ДОПОЛНИТЕЛНО ОБЕЗБЕДИ И НОВИ АТРАКТИВНИ ПОНУДИ... ПРЕД ВАС СЕ АКТУЕЛНИТЕ ПРОГРАМИ ЗА ЕСЕНСКИТЕ И ЗИМСКИТЕ ПАТУВАЊА ... ЗА ЉУБИТЕЛИТЕ НА ПАСИВНИОТ ОДМОР И РЕЛАКСАЦИЈАТА ТУКА СЕ ПОЗНАТИТЕ БАЊСКИ И СПА ЦЕНТРИ ... ДОКОЛКУ ВО ОВАА СЕВКУПНА ПОНУДА КОЈА ПОСТОЈАНО СЕ ДОПОЛНУВА, ПРОНАЈДЕТЕ НЕШТО ШТО ЌЕ ВИ СЕ ДОПАДНЕ, НАМ СЕКАКО ЌЕ НИ БИДЕ ЗАДОВОЛСТВО ДА ВЕ УСЛУЖИМЕ !!! 

Социјални мрежи:

Facebook Twitter Youtube Instagram
 
 TRAVEL info - архива на изданија
Travel Training Center / Web Site
Airtickets ONLINE / Web Site
Holiday Real Estate / Web Site
Macedonia Vision / Web Site
Уплати "online" !!!
Оnline payment with ccard / Онлајн плаќање со кредитна картичка (по про-фактура !!!)
ГОЛЕМА ЕВРОПСКА ТУРА (Апсолвентска)

Виена - Прага - Дрезден - Берлин - Амстердам - Париз - Кан - Ница - Монако - Монте Карло - Лорет - Барцелона - Крстарење -
- Чивитавекиа - Рим - 
Фиренца - Венеција

Термини: Април - Мај 2017

 

01. ден           СКОПЈЕ - ВИЕНА
Состанок на групата на паркингот спроти хотелот ”Holiday Inn” во 18:30 часот. Поаѓање за Виена во 19:00 часот. Се патува преку граничниот премин Табановце и Србија. Ноќно возење со попатни одмори.

02. ден           ВИЕНА
Пристигнување во Виена. Панорамски разглед на градот: плоштадот Рингштрасе, Палатата Хофбург, Парламентот, Градската куќа, Виенската  Опера, Дворцецот Белведере, Забавниот парк Пратер ...  Можност за посета на дворецот Шенбрун - некогашната летна резиденција на Австроунгарската монархија. Во попладневните часови поаѓање за Прага. Пристигнување во вечерните сместување во хотел и време за одмор и релаксација. Потоа следува незаборавнa welcome party во еден од најпопуларните прашки ноќни клубови. Ноќевање.

03. ден         ПРАГА
Појадок.
Панорамски разглед на градот - Старо место, Карловиот мост, плоштадот на Малтешките витези, споменикот на Карло четврти, Кралскиот пат, Париската улица, плоштадот Старо Место со Астрономскиот часовник - Орлој, Градската куќа, Тунската црква, споменикот на Јан Хус, куќата на Франц Кафка, Универзитетот на Карло четврти, Вацлавске намести, Националниот музеј, Горниот град: Дворецот Храдчани, Катедралата Св.Вито, Златната улица... Слободно време за одмор и релаксација. Поаѓање кон Берлин. Сместување во хотел. Ноќевање.

04. ден  БЕРЛИН - АМСТЕРДАМ
Во утринските часови заминување кон центарот германската престолнина – Берлин. Запознавање со знаменитостите на градот кои најдобро ја отсликуваат историјата, културата и самиот германски народ. Панорамско разгледување: East side gallery, Check Point Charlie,  Potsdamer Platz со модерниот Sony центар, Berliner Siegessäule, Holocaust-Mahnmal. Прошетка по историскиот центар на Берлин: Brandenburger Tor, остатоците од Berliner Mauer, Unter den Linden, хотел Adlon, Gendarmenmarkt, Humboldt-Universität, Deutsche Staatsoper, Berliner Dom, Altes Museum, Rotes Rathaus, Nikolaikirche, Fernsehturm до Alexanderplatz каде се наоѓа и големиот трговски центар Galeria Kaufhof, новиот центар на градот. Слободно време за индивидуални активности. Поаѓање за Амстердам во вечерните часови. Ноќно возење.

05. ден  АМСТЕРДАМ

Пристигнување во Амстердам наутро. Панорамски разглед на градот (пешачка тура): Главниот плоштад Дам, кралската палата, музејот на Мадам Тисо, Новата Црква, пловечкиот цветен пазар, плоштадот Рембрант и статуата на познатиот сликар, познатата улица Спигел, музејскиот кварт со трите познати музеи, Градскиот Музеј, Музејот на Ван Гог и музејот за современа уметност, Западната Црква, куќата на Ана Франк, посета на најголемиот производител на дијаманти Гассан. Разгледот завршува со пловење по каналите во Амстердам...Слободно попладне. Ноќевање

06. ден  АМСТЕРДАМ - Мини Холандска Тура
Напуштање на хотелот во утринските часови. Слободно време за индивидуално разгледување на градот или факултативна посета на т.н Мини Холандска тура: Zaanse Schans (живописно холандско село со традиционални ветерници, дегустација на познатите холандски сирења, посета на работилница за рачно  производство на кломпи…), Vollendam(единствена можност да се ужива во убавините на европскиот север и дегустација на риба на специфично подготвен начин). Во попладневните часови враќање во Амстердам, слободно време за прошетка низ познатите холандски канали Herengracht, Keizersgracht, Prinsengracht, можност одблиску да се запознае градот. Плоштадот на музеите или факултативна посета на кралскиот музеј – Rijksmuseum, Museum Van Gogh, посета на најпознатата фабрика за обработка на дијаманти Costers… Слободно време за индивидуално разгледување на градот или факултативно крстарење со брод низ каналите – еден од подобрите начини да го запознаете Амстердам. Oколу полноќ поаѓање кон Париз.

07. ден   ПАРИЗ
Организиран панорамски  разглед на градот:  плоштадите на Република, Бастиља, Конкорд, Катедралата Нотр Дам, Латинскиот кварт, Домот на инвалидите, Ајфеловата кула, Триумфалната порта, Лувр... . Слободно попладне. Во вечерните часови запознавање со Парискиот ноќен живот.  Ноќевање.

08. ден  ПАРИЗ  (ВЕРСАЈ)
Појадок.
Факултативно: полудневна посета на Кралскиот дворец во Версај и неговите прекрасни градини. Враќање во Париз. Слободно попладне за индивидуални посети и разгледи (со метро). Можност за факултативно крстарење со брод по Сена и за индивидуална посета на Ајфеловата кула, или посета на музејот Лувр. Вечерта, прошетка низ уметничкиот кварт Монмартр. Ноќевање.

09. ден  ПАРИЗ (ДИЗНИЛЕНД)
Појадок.
Заминување од Париз. Попатна посета на единствениот Дизниленд во Европа - забавниот парк Еуро Дизни. И можност за шопинг посета на квартот Опере, улицата Риволи... Незаборавен шопинг во ултра луксузните и ексклузивни Париски продавници. Во вечерните часови патувањето продолжува кон Ница. Ноќно возење со попатни одмори.

10. ден                    КАН-НИЦА-КАН – НИЦА – МОНАКО – МОНТЕ КАРЛО
Во утринските часови пристигнување на Азурниот брег. После кратката посета на парфимеријата во Грас, следува обиколка на Кан, прошетка по монденското шеталиште „La Croissette“, разгледување на познатата филмска палата, хотелот Медитеранео, ексклузивниот хотел Карлтон – каде отседнуваат ѕвездите за време на одржување на Канскиот филмски фестивал, бројните луксузни продавници…. Кратко возење до Ница. Следува обиколка: Шеталиштето на англичаните „Promenade des Anglais, хотел Negresco, плоштадот Massena… Слободно време за сончање, одмор или индивидуален разглед на градот. Во вечерните часови поаѓање кон кнежеството Монако – магичниот град на казината и коцкањето. Само со Савана  ќе го почувствувате гламурот на Палатата Грималди, Катедралата, океанографскиот музеј, феноменалната патека на Формула 1 и обиколка на познатото Казино, каде ке имате можност да се сликате со ултра лукзуни коли, прошетка низ преубавите паркови на Монте Карло. По завршувањето на обиколката патувањето продолжува со ноќно возење кон Шпанија...

11. ден  ЛОРЕТ Де МАР
Пристигнување во утринските часови во најпознатиот туристички центар на крајбрежјето на Коста Брава – Ллорет де Мар (на само 65 км од Барселона). Сместување во хотел (4 полни пансиони: појадок, ручек, вечера на база на “шведска маса“). Попладне предвидено за одмор, сончање и капење на прекрасните песочни плажи. Вечера. Секоја вечер факултативна посета на дискотека со гратис еден пијалок. Ноќевање.

12-14. ден  ЛОРЕТ Де МАР
Полн пансион.
Вашиот престој во Шпанија може да биде незаборавен со посета на факултативните излети од нашата богата и широка понуда: Flamenco La Siesta, Nightlife in Barcelona, Circut De Barcelona – Catalunya, Fc Barcelona и посета на неверојатниот гифт шоп во Camp Nou, L'Aquarium, Barcelona Zoo, и секако единствена можност за да го надополните вашето апсолвентско лудило во некоја од дискотеките во Барселона,  BeCool, Macarena Club, Moog, Razzmatazz, Row 14, La Terrrazza Marula Café, Mac Arena Mar Beach Club, Opium, CDLC, Shoko...

15. ден ЛОРЕТ ДЕ МАР – ФИГУЕРАС– БАРСЕЛОНА – КРСТАРЕЊЕ ПО МЕДИТЕРАНОТ
Појадок.
Напуштање на хотелот и можност за факултативна посета на градот Фигуерас родното место на Салвадор Дали, со посета на музејот посветен на генијалниот уметник каде може да се видат колекциите на неговите дела. Се упатуваме кон бисерот на медитеранот – Барселона.  По пристигнувањето во центарот на градот слободно време за обиколка на некој од бројните музеи, шопинг и индивидуални активности. Во договореното време поаѓање кон пристаништето, сместување во кабини. Испловување од пристаништето на Барселона… Ноќевање во модерно опремени бродски кабини (тоалет,туш/ WC…) на релација Барселона – Чивитавекија и забавата продолжува со уште една незаборавна забава во дискотеката на бродот. 

16. ден  ЧИВИТАВЕКИЈА - РИМ
Пристигнување на пристаништето во Civitavecchia покрај Рим.  Заминување кон хотел и сместување.Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.

17. ден  РИМ – ФИРЕНЦА – ВЕНЕЦИЈА

Слободно време за индивидуални активности или Факултативна посета на Ватикан. По посетата разглед на Рим: Capella Sistina, Piazza San Pietro, Basilica San Pietro, Colosseum, Piazza Venezia, Fontana di Trevi, шпански скали, Panteon… Слободно време за индивидуална прошетка и разглед на градот. Патувањето продолжува кон Фиренца. Разглед на Фиренца: Santa Maria Novella, Cappelle Medicee, Piazza di San Giovanni, Piazza Del Duomo, Piazza della Signoria, галеријата Uffizi, Ponte Vecchio, Palazzo Pitti… Патувањето продолжува кон Венеција, со ноќно возење и попатни паузи.

18. ден  ВЕНЕЦИЈА
Пристигнување во утринските часови во Лидо Ди Јесоло, Punta Sabbioni – факултативно возење со вапорето по венецијанската лагуна, разглед на град: Дуждевата палата, мостот на воздишките, Базиликата на Св. Марко, Прокурациите, мостот Риалто, Каналот Гранде … Слободно време за индивидуални обиколки на градот. Во попладневните часови поаѓање за Македонија. Со попатна посета на најпознатиот шопинг центар Палма Нова. Патот води преку Словенија, Хрватска и Србија.

19. ден  ВЕНЕЦИЈА
Пристигнување во Скопје во вечерните часови.


ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:     489 €     ( 30.220 мкд )

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО: 
- Превоз со туристички автобус на наведената релација
- Посета на градовите: Виена, Прага, Берлин, Амстердам, Париз, Кан, Ница, Монако, Монте Карло, Рим, Фиренца со стручни водичи.
- Сместување во хотели 2** или 3*** во трокеветни и четирикреветни соби во
  (Прага 1НП, Берлин 1Н, Амстердам  1Н, Париз 2НП, Лорет Де Мар 4ФВ, Ноќевање на брод Grimaldi Lines, Рим 1Н)
- Организирани разгледи според програмата
- Организација на аранжманот и придружник на патувањето

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
- Факултативни излети и екскурзии споменати во програмата
- Влезници за музеите и културно - историските споменици
- Билети за јавните превозни средства (метро, автобус, превоз до Венеција со Вапорето)
- Задолжително патничко осигурување
- Доплата за сместување во двокреветна соба
- Други неспоменати услуги 

НАПОМЕНИ: 
- За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 55 патници
- За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ

 

НАЗАД
(c) Copyright 2007 SAVANA Tourist Enterprises
Orce Nikolov 20, 1000 Skopje, Macedonia
tel. ++ 389 2 3115 826, fax ++ 389 2 3114 206,
email: info@savana.com.mk
 

60.000 facebook likes


ВИ БЛАГОДАРИМЕ
НА ДОВЕРБАТА