ДОМА ЗА НАС КОНТАКТ АГЕНТ
Преведи: Macedonian Albanian Bulgarian Croatian English Greek Serbian Slovenian Turkish

... ПОЧИТУВАНИ ПОСЕТИТЕЛИ НА ВЕБ СТРАНИЦАТА НА САВАНА ... ВО НАШАТА АКТУЕЛНАТА ПОНУДА, ВЕЌЕ ОДДАМНА СЕ НАОЃААТ НАЈБАРАНИТЕ ТУРИСТИЧКИ АРАНЖМАНИ НА МАКЕДОНСКИОТ ПАЗАР ... ОСВЕН ДОБРО ПОЗНАТИТЕ ТУРИСТИЧКИ ПРОГРАМИ КОИ ВЕ ВОДАТ ДО НАЈУБАВИТЕ МЕСТА ВО РЕГИОНОТ И ЕВРОПА, САВАНА ЗА ОВАА ЛЕТНА СЕЗОНА ДОПОЛНИТЕЛНО ОБЕЗБЕДИ И НОВИ АТРАКТИВНИ ПОНУДИ... ПРЕД ВАС СЕ АКТУЕЛНИТЕ ПРОГРАМИ ЗА ЕСЕНСКИТЕ И ЗИМСКИТЕ ПАТУВАЊА ... ЗА ЉУБИТЕЛИТЕ НА ПАСИВНИОТ ОДМОР И РЕЛАКСАЦИЈАТА ТУКА СЕ ПОЗНАТИТЕ БАЊСКИ И СПА ЦЕНТРИ ... ДОКОЛКУ ВО ОВАА СЕВКУПНА ПОНУДА КОЈА ПОСТОЈАНО СЕ ДОПОЛНУВА, ПРОНАЈДЕТЕ НЕШТО ШТО ЌЕ ВИ СЕ ДОПАДНЕ, НАМ СЕКАКО ЌЕ НИ БИДЕ ЗАДОВОЛСТВО ДА ВЕ УСЛУЖИМЕ !!! 

Социјални мрежи:

Facebook Twitter Youtube Instagram
 
 TRAVEL info - архива на изданија
Travel Training Center / Web Site
Airtickets ONLINE / Web Site
Holiday Real Estate / Web Site
Macedonia Vision / Web Site
ТЕРМЕ ОЛИМИА

Словенија со своите живописни природни каректеристики им овозможува на сите гости да уживаат во тишината на планините, спортските планинари за скијачите, велосипедистите, кајакарите, љубителите на едрење, риболовците, ловците, играчите на голф, љубителите на јавање со коњи итн. Развој и афирмација на бањските лекувалишта овозможи богатството на недопрени природни убавини на земјата. Најзначајни се термалните води со различни својства и температури (од 32 до 73 степени Целзиусови) и минералната вода (светски познатиот Донат Мг и Раденскa три срца), а кон нив и морската вода и солената вода, органските и анорганските пелоиди и морската, панонската и предалпската среднопланинска клима. Во петнаесет бањско-туристички центри под слоганот "Со природата до здравје" имаат развиена најсовремена понуда во областа "wellness" и нови програми за зачувување на здравјето и спречување на болестите. Во бањските лекувалишта можете да поминете пријатен семеен одмор, да сторите нешто за себе, за своето тело и душа, да ја подобрите физичката и психичката кондиција. Во современо опремените бањско-рекреативни центри можете да пливате, трчате, да се шетате, да вежбате на различни справи и терени, да играте голф, тенис, да куглате, јавате, скијате, возите велосипед - и истовремено да научите здраво да живеете.

Терми Олимиа отсекогаш било одлично место за одмор за сите оние љубопитни, авантуристи и кулинарски-ориентирани туристи кои сакаат да погледнат подалеку од работ на базените. Олимие е мало словенечко село во непосредна близина на бањата Терме Олимија. Селото се спомнува за прв пат во историјата во 1208 година. Прекрасното културно богатство, недопрената природа, разновидната туристичка понуда и пријателски настроените  мештани ќе ве пречекаат во овој спа ценатр. Денес, се уште се негуваат и чуваат тајните на старата медицина и тие се среќни да ги поканат посетителите на турнеја на реновираниот манастир. Олимија е вистински рај за оние кои се заинтереситрани за голф. играњето тука е специјална пригода, поради убавината на природата што ги опкружува.  Уште една специјалност која е актуелна е  чоколадото од Oлимија и врвните вина кои се нудат на табелата заедно со бројни кулинарски задоволства. Ова е место за прекрасен одмор, една бајка која треба да се доживее, прекрасен пејсаж и чист воздух, идеално за релаксација. Терме Олимија е комплекс кој задоволува сечиј вкус, тоа е место кое ќе ви остане при срце. Природното лековито средство на Термите Олимија е термалната вода, со темперетура од 24 до 36 степени. Се црпи од бунар-извор од 520 метри длабочина на подрачјето камп натура и термалниот парк Аквалуна. На изворите стигнува на температура од 24 до 44 степени. Температурата на базените се регулира со мешање на води од различни извори. На располагање се сите видови на водни терапии, помошта на термалните води, и стручниот персонал, помагаат во рекордно време повторно да ја имате потребната сила. Водата делува на кожни болести, како и на заболување на периферните нерви. Се нудат и превентивни антиреуматски програми. Во Термите Олимија настанува велнес начинот на живеење. Велнесот е филозофија, која на најразлични начини го крепи телото и духот. Тоа е начин кој овозможува чување и одржување на здравјето, доброто чувство и наголемо помага во животните квалитети. Велнес Орхиделиа преставува едно од најперстижните места за уживање. Во базените ќе можете да се капите во еден прекрасен воден свет и да се опуштите во прегратка на топлите капки, а на располагање ви се и повеќе видови на сауни. Велнес Орхиделија во 2009 год. се најде во 11-те финалисти на Светскиот Архитектски Фестивал 2009 во категорија »Holiday«.

HOTEL BREZA ****

2 HB од 176 €

HOTEL SOTELIA ****

2 HB од 239 €

НАЗАД
(c) Copyright 2007 SAVANA Tourist Enterprises
Orce Nikolov 20, 1000 Skopje, Macedonia
tel. ++ 389 2 3115 826, fax ++ 389 2 3114 206,
email: info@savana.com.mk
 

62.000 facebook likes


ВИ БЛАГОДАРИМЕ
НА ДОВЕРБАТА