<font size=2>
<p>
<table>
<tbody>
<tr>
<td>
<p><font size=2>АПСОЛВЕНТСКА ЕКСКУРЗИЈА !!!</font></p></td></tr></tbody></table></p></font>
  ДОМА ЗА НАС КОНТАКТ АГЕНТ
Преведи: Macedonian Albanian Bulgarian Croatian English Greek Serbian Slovenian Turkish

... ПОЧИТУВАНИ ПОСЕТИТЕЛИ НА ВЕБ СТРАНИЦАТА НА САВАНА ... ВО НАШАТА АКТУЕЛНАТА ПОНУДА, ВЕЌЕ ОДДАМНА СЕ НАОЃААТ НАЈБАРАНИТЕ ТУРИСТИЧКИ АРАНЖМАНИ НА МАКЕДОНСКИОТ ПАЗАР ... ОСВЕН ДОБРО ПОЗНАТИТЕ ТУРИСТИЧКИ ПРОГРАМИ КОИ ВЕ ВОДАТ ДО НАЈУБАВИТЕ МЕСТА ВО РЕГИОНОТ И ЕВРОПА, САВАНА ЗА ОВАА ЛЕТНА СЕЗОНА ДОПОЛНИТЕЛНО ОБЕЗБЕДИ И НОВИ АТРАКТИВНИ ПОНУДИ... ПРЕД ВАС СЕ АКТУЕЛНИТЕ ПРОГРАМИ ЗА ЕСЕНСКИТЕ И ЗИМСКИТЕ ПАТУВАЊА ... ЗА ЉУБИТЕЛИТЕ НА ПАСИВНИОТ ОДМОР И РЕЛАКСАЦИЈАТА ТУКА СЕ ПОЗНАТИТЕ БАЊСКИ И СПА ЦЕНТРИ ... ДОКОЛКУ ВО ОВАА СЕВКУПНА ПОНУДА КОЈА ПОСТОЈАНО СЕ ДОПОЛНУВА, ПРОНАЈДЕТЕ НЕШТО ШТО ЌЕ ВИ СЕ ДОПАДНЕ, НАМ СЕКАКО ЌЕ НИ БИДЕ ЗАДОВОЛСТВО ДА ВЕ УСЛУЖИМЕ !!! 

Социјални мрежи:

Facebook Twitter Youtube Instagram
 
 TRAVEL info - архива на изданија
Travel Training Center / Web Site
Airtickets ONLINE / Web Site
Holiday Real Estate / Web Site
Macedonia Vision / Web Site
Уплати "online" !!!
Оnline payment with ccard / Онлајн плаќање со кредитна картичка (по про-фактура !!!)
РИМ (авион)

Сите патишта водат во РИМ... И навистина е така. Овој град секојдневно го чувствува тоа. Mилионите туристи кои постојано го посетуваат градот, се уверуваат во фактот дека тој има одбележано една цела епоха во светската историја. Попознат како "Римското царство", овој период од светската историја и денес е видлив благодарејќи им на мноштвото споменици кои сочувани од забот на времето сеушт го красат овој град. Тој, едноставно речено е музеј на отворено. Неговото значење, во времето кога сеуште се дефинирала новата европска и светска цивилизација е навистина големо. Напуштањето на паганството и прифаќањето на христијанството, е можеби пресудниот момент за неговото добивање на вечно место во светската историја. Седиштето на "светата столица" на една од најголемите светски религии (католичка-христијанска) т.е. државата Ватикан е токму тука - во самото срце на Рим. Да го посетите вечниот Град - Рим, а да не го доживеете Ватикан, е невозможно. Ватикан е величествен спој на христијанска духовност, совршена архитектура, генијални уметнички дела. Разгледот опфаќа посета на Плоштадот Свети Петар, истоимената Базилика, Ватиканските Музеи, Сикстинската Капела. Ватикан се наоѓа на десниот брег на реката Тибар и денес е најмалата држава на светот. Сред огромниот плоштад Св.Петар се издига најголемата црква на светот, Базиликата Св.Петар. Таа постои речиси колку и христијанството, а нејзината златна внатрешност ја красат најпознатите мозаици, фрески и скулптури во светот, како статуата Пиета на Микеланџело. Ватиканските Музеи и Сикстинската капела ќе ве остават без зборови. Едноставно, фасцинантно! Пред базиликата се наоѓа познатата Колонада на Бернини. Застанете во центарот на плоштадот и оттаму следува изненадувачка глетка, доказ за архитектонската совршеност. Не пропуштајте ја ожноста да фрлите поглед на плоштадот Св.Петар од Куполата, која е дело на Микеланџело. Глетката е величенствена: целиот Ватикан и седумте римски ридови на дланка! За крај, препорачуваме прошетка од Ватикан до Castel Sant’Angelo. Оттаму, восхитувајте и се на реката Тибар чекорејќи по Мостот на Ангелите... Дозволете си празник за очи! Посетата на средновековното гратче Тиволи, градината на Вила Д’Есте и нејзините величествени фонтани е еден од најпознатите разгледи на околината на Рим. Дозволете си празник за очи! Посетата на средновековното гратче Тиволи, градината на Вила Д’Есте и нејзините величествени фонтани е еден од најпознатите разгледи на околината на Рим. Вила Д’Есте – Тиволи претставува вистинско ремек-дело. Луксузните градини се совршена околина за имагинативните архитектонски форми на илјадниците фонтани. Градината се наоѓа во сугестивниот Тиволи, предел кој ќе ве маѓепса со својот пејсаж – симбол на вечната борба меѓу каменот и водата. Импонзантните градби потсетуваат на Вавилонските Градини, а скротувањето на водата на умешноста на Римјаните. Тиволи е прекрасно доживување! Видете зошто Франц Лист инспирацијата за неговото познато дело Игри со Вода ја пронашол токму во Тиволи...

21.мај (недела)          СКОПЈЕ – РИМ
Состанок на групата на скопскиот аеродром во 03:45 часот. Лет за Рим преку Загреб во 05:45ч.Пристигнување во Загреб во 07:05 часот. Лет од Загреб за Рим 14:35 часот. Пристигнување во Рим во 17:05 часот.Панорамско разгледување на градот Рим со локален туристички водич: Плоштадот Дел Пополо, Виа дел Корсо, Плоштадот Венеција со споменикот на Виктор Емануеле, мостовите на Тибар, Палатата на правдата, Тврдината Сан Ангело, Црквете св.Петар.. Трансфер до хотел и сместување. Попладневна прошетка до плоштадот на уметниците, со прекрасните фонтани- плоштадот Навона. Во вечерните часови можност за се почувствува атмосферата на кафулињата со “вистинско“ италијанско кафе. Ноќевање.

22.мај (понеделник)      РИМ (ВАТИКАН)
Појадок. 
Факултативна посета на Ватикан: Ватиканските музеи со восхотувачките колекции на слики, скулптури, стари мапи и теписерии, Сокстинската капела чиј свод е украсен од Микеланџелосо уникатни ремек дела и најголемата црква во светот Св.Петар… По разгелдот слободно време за шопинг по познатата улица Виа Дел Корсо. Ноќевање.

23.мај (вторник)            РИМ (TИВОЛИ)
Појадок.
Факултативна посета на местото Tиволи. Прекрасната Villa D’Este и нејзината градина се наоѓаат на листата на светското културно наследство под закрила на UNESCO. Со импресивните петстотини фонтани, нимфи, пештери, игри со вода и музика, претставува копиран модел на најпознатите Европски градини во маниристички и барок стил. Враќање во Рим. Посета на црквата Сан Клементе со капелата и гробот на Св. Кирил…. Слободно време за индивидуални активности, предлагаме прошетка низ главните улици на Рим: Via Nazzionale и Via del Corso, до плоштадот Венеција, Фонтана ди Треви, Шпанските Скали… Ноќевање.

24.мај (среда)   РИМ – СКОПЈЕ
Појадок.
Прошетка низ центарот на Рим и уживање во убавините на градот: посета на Шпанските скали познати како “дневна соба на градот“, фонтаната Ди Треви со легендата за фрлање паричка за повторно враќање во Рим, Пантеон, прекрасниот плоштад Кампидољо, Римскиот Форум, Колосеумот, Црквата Св.петар со статуата Мојсие – познатото дело на Микеланџело, црквата Св.Климент…Прошетка по боемскиот кварт или слободно време за индивидуални прошетки. Вечерта трансфер до аеродром. Лет за Скопје преку Загреб во 18:00 час.Пристигнување во Загреб во 20:25 часот. Лет за Скопје во 21:15 час. Пристигнување во Скопје во 22:30ч.  

 Цена на аранжманот, за резервации до 01.април: 
399
 €  (24.738,оо мкд)

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
- Авионски превоз: Скопје - Рим - Скопје
- Организирани трансфери во Рим: аеродром - хотел - аеродром
- Сместување во хотел *** на база 3 ноќевања со појадок
- Организиран панорамски разглед на Рим со водич
- Организација на аранжманот и придружник на патувањето

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
- Аеродромски такси: 160€ (9.920,00 мкд)
- Посета на Ватикан со вклучен водич и влезница (45 €) превоз со метро.
- Посета на Тиволи, со вклучен трансфер, водич и влезница (50 €)
- Факултативен излет Неапол и Соренто со вклучен водич и трансфер ( 90 €)
- Задолжително Патничко осигурување
- Задолжителна туристичка такса во хотел *** е 4 евра по лице на ден (уплата на хотел. рецепција) 

НАПОМЕНИ:
- За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 20 патници
- За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ и АСА ТУР

НАЗАД
(c) Copyright 2007 SAVANA Tourist Enterprises
Orce Nikolov 20, 1000 Skopje, Macedonia
tel. ++ 389 2 3115 826, fax ++ 389 2 3114 206,
email: info@savana.com.mk
 

61.000 facebook likes


ВИ БЛАГОДАРИМЕ
НА ДОВЕРБАТА