<font size=2>
<p>
<table>
<tbody>
<tr>
<td>
<p><font size=2>АПСОЛВЕНТСКА ЕКСКУРЗИЈА !!!</font></p></td></tr></tbody></table></p></font>
  ДОМА ЗА НАС КОНТАКТ АГЕНТ
Преведи: Macedonian Albanian Bulgarian Croatian English Greek Serbian Slovenian Turkish

... ПОЧИТУВАНИ ПОСЕТИТЕЛИ НА ВЕБ СТРАНИЦАТА НА САВАНА ... ВО НАШАТА АКТУЕЛНАТА ПОНУДА, ВЕЌЕ ОДДАМНА СЕ НАОЃААТ НАЈБАРАНИТЕ ТУРИСТИЧКИ АРАНЖМАНИ НА МАКЕДОНСКИОТ ПАЗАР ... ОСВЕН ДОБРО ПОЗНАТИТЕ ТУРИСТИЧКИ ПРОГРАМИ КОИ ВЕ ВОДАТ ДО НАЈУБАВИТЕ МЕСТА ВО РЕГИОНОТ И ЕВРОПА, САВАНА ЗА ОВАА ЛЕТНА СЕЗОНА ДОПОЛНИТЕЛНО ОБЕЗБЕДИ И НОВИ АТРАКТИВНИ ПОНУДИ... ПРЕД ВАС СЕ АКТУЕЛНИТЕ ПРОГРАМИ ЗА ЕСЕНСКИТЕ И ЗИМСКИТЕ ПАТУВАЊА ... ЗА ЉУБИТЕЛИТЕ НА ПАСИВНИОТ ОДМОР И РЕЛАКСАЦИЈАТА ТУКА СЕ ПОЗНАТИТЕ БАЊСКИ И СПА ЦЕНТРИ ... ДОКОЛКУ ВО ОВАА СЕВКУПНА ПОНУДА КОЈА ПОСТОЈАНО СЕ ДОПОЛНУВА, ПРОНАЈДЕТЕ НЕШТО ШТО ЌЕ ВИ СЕ ДОПАДНЕ, НАМ СЕКАКО ЌЕ НИ БИДЕ ЗАДОВОЛСТВО ДА ВЕ УСЛУЖИМЕ !!! 

Социјални мрежи:

Facebook Twitter Youtube Instagram
 
 TRAVEL info - архива на изданија
Travel Training Center / Web Site
Airtickets ONLINE / Web Site
Holiday Real Estate / Web Site
Macedonia Vision / Web Site
Уплати "online" !!!
Оnline payment with ccard / Онлајн плаќање со кредитна картичка (по про-фактура !!!)
ПАРИЗ (авион)

Париз, градот на светлината... или нешто многу повеќе. Имајќи ја сета своја историја, архитектура, уметност, култура и живот кој плени со својата динамичност и космополитност, како ретко кој град на светот го зазема своето место во срцето на секој негов посетител. Вљубеноста во Париз не е само последица или чувство на некоја уметничка душа која во него ја нашла својата инспирација за дел од своето творештво. Таа вљубеност може да ја почувствува секој намерник кој притиснат од своето секојдневие, во моментите на престој во овој град, ќе се изненади од сета широчина и богатство на видици кои пред него, тој ги отвора... Париз ги напаѓа сите сетила и бара да го видите, чуете, допрете, вкусите, помирисате... Видете ги импресивните споменици и вкусете ги гастрономските волшепства: пикантно француско сирење, чоколаден мус, црвено вино... Париз е град со широки видици и интимни улици, средени паркови и тивки плоштади. Иако е голема метропола, во Париз можете да стигнете од една до друга знаменитост пешки. Париз е неверојатно шаренило од архитектонски стилови, кои ја отсликуваат фасцинантната историја на градот, низ 2.000 години еволуција. Mожеби најмногу ќе ви се допадне готската градба на познатата катедрала Notre Dame, а за оние кои претпочитаат помалку раскош и чисти линии, Триумфалната Капија... Започнете со најдоброто од Париз: шик доживување на познатите Елисејските Полиња (Champs-Elysees)! Од секоја пора на градот извира една карактеристична глетка: импозантната Ајфелова кула, која, секако, е симболот на Париз. Ова колосално здание се издига на панорамата на градот и претставува нераскинлив синоним за Париз, од нејзината изградба во 1889 г. Авантурата наречена запознавање на Париз продолжува со плоштадот Конкорд на кој гордо се издига 3.300 г. стариот обелиск, донесен од Египет; Операта Гарние, едно од главните обележја; плоштадот Вандом, центарот Бобур, Sacre Coeur... Домот на Инвалидите- Воениот Музеј, вечното престојуваиште на Наполеон, прекрасната глетка на Ајфеловата Кула од Трокадеро и неговите музеи... Од овие фасцинантни глетки здивнете со француски кроасан во некој шармантен ресторан, а потоа романтична прошетка покрај мостовите на Сена, секој со своја приказна...Версај била кралска палата на Франција нешто повеќе од еден век, од 1682 до 1789, кога почнала Француската револуција. Кралот Луи 13 изградил ловечко засолниште надвор од Париз во 1624. Оваа мала структура станала база врз која се изградила една од најскапоцените и најекстравагантните згради на светот. Била наменета да биде дом за Луи 14, Кралот на сонцето. Преку 37000 акри земја биле изчистени за да се направи место за терасите, променадите, место за илјадници растенија и цвеќиња. Имало 1400 фонтани и 400 скулптури. Во 1676 палатата била зголемена и била додадена салата на огледалата како и северно и јужно крило. Низ вековите повеќе пати била преуредувана под водство на повеќе кралеви. Денеска Версајската палата е француски нацилнален музеј. Зградата е толку голема што само мал дел од неа е отворен за јавноста. Многу од собите се канцеларии кои се користат од страна на државните инстируции на Република Франција. Лувр е еден од најстарите, најголемите и најпознатите уметнички галерии и музеи во светот.Лувр има долга историја на умет-ничко и историско конзервирање. Зградата претходно била кралска резиденција, ја симболизира традиционалната француска архитектура уште од Ренесансата. Во неа се наоѓаат светските најпознати дела на уметноста, како “Мона Лиза” на Леонардо Да Винчи,”Заклетвата на Хоратиј” од Жак Луи Давид, ”Слободата ги води луѓето” од Делакруа... Со 8,6 милиони посетители во 2006, Лувр е најпосетениот музеј во светот. И за крај на вашето патување... Дворците на Лоара, едно од најубавите доживувања што можете да си го подарите себеси е целодневниот излет до долината на реката Лоара. Долината на Лоара, позната како “Градината на Франција”, била омиленото престојувалиште на француските кралеви за време на Ренесансниот период. Во мирното селце тие создале место од нивните соништа. На дворовите на кралевите живееле најпознатите уметници и архитекти од Ренесансата, кои се заслужни за денешниот изглед на замоците во долината. Долината на реката Лоара е позната како Земјата на илјада замоци: не само кралски замоци и ренесансни палати, туку и среднове-ковни тврдини, приватни замоци, Châteaux Hotels, луксузни стари вили, кули, бастиони...  Да споменеме само неколку од прекрасните замоци: Azay le Rideau, Château de Chambord, Chenonceau, Château de Chaumont, Cheverny, Villandry… Со осета на замоците во долината на Лоара, пристигнувате во светот на бајките...

14.април (петок)             ПАРИЗ - СКОПЈЕ
Состанок на групата на скопскиот аеродром “Александар Велики” во 15:00 часот. Полетување за Париз   во 17:00ч со директен лет на Wizz Air, пристигнување во Париз во 19:55. Организиран трансфер до хотелот. Слободна вечер за одмор и индивидуални прошетки.
Ноќевање.
                                                   
15.април  (сабота)         ПАРИЗ
Појадок.
Организиран три часовен панорамски разглед на градот: Операта Гарние, плоштадот Вандом, црквата Мадлена, музејот Лувр, Kралската палата, центарот Бобур, плоштадот Конкорд, Градската куќа, плоштадот Бастиља, катедралата Нотр-Дам со островот Сите, Сорбона, Пантеонот, Домот на Инвалидите, Трокадеро, Ајфеловата кула, Триумфалната капија, Елисејските полиња... Слободно време за одмор и ручек.  Попладнето прошетката продолжува со посета на Ајфеловата Кула со јавен превоз – метро (влезница се доплаќа), а вечерта факултативно крстарење по Сена, романтично пловење со брод со прекрасните звуци на француската шансона, додека се набљудува панорамата на градот. Враќање во хотел. Ноќевање.

16.април (недела)         ПАРИЗ (ВЕРСАЈ)
Појадок
и одјавување од хотел до времето одредено според хотелските правила. Слободен ден за индивидуални прошетки, шопинг или - полудневен факултативен излет во Версај – еден од најлуксузните кралски дворци во Европа изграден во XVII век, кој е воедно и последната резиденција на француските кралеви... Дворецот бил седиште на француската монархија и центар на моќта од 1682 год. кога Луј XIV се преселил од Париз во Версај, па се додека кралското семејство не било приморано да се врати во Париз поради Француската револуција. Посета на апартманите на кралот и кралицата, салата на огледалата... како и градината со многубројните фонтани, скулптури и алеи со прекрасни фигури и  од зеленило... Враќање во Париз. Слободно време за индивидуални активности.... Ноќевање.

17.април (понеделник)       ПАРИЗ (ЛУВР)
Појадок.
Слободен ден или факултативна посета на најголемиот и најпосетениот музеј во светот – Лувр. Во музејот се чуваат дел од најпознатите уметнички дела на светот, како Мона Лиза од Леонардо Да Винчи, Венера од островот Милос, Крилестата победа “Nike” од Самотраки, Сплавот на медуза и голем број познати дела од Рембрант, Рубенс... (одење и враќање со метро). Во попладневните часови  можност за прошетка низ уметничкиот кварт Монтмартр, со посета на катедралата Сакр Кер од каде се пружа најубавиот поглед на Париз... прошетката продолжува низ квартот Пигал, каде се наоѓа и познатото кабаре “Мулен Руж”. ,.. Попладне, организиран трансфер до аеродромот. Лет за Скопје во 20:25ч. Пристигнување во Скопје во 23:10ч.

 

Специјална Понуда: 385 €   (23.870,оо ден.)
за резервации до 01.03.2017


ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО: 
- Авионски превоз на релација: Скопје - Париз – Скопје
- Организирани трансфери со автобус во Париз на релација: аеродром-хотел-аеродром
- Сместување во хотел ***  на база 3 ноќевања со појадок
- Панорамски разглед на Париз со организиран превоз
- Организација на аранжманот и придружник на патувањето

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
- Аеродромски такси 100 еур (6.200 мкд)
- Голема кабинска торба (со димензии 56х45х25см) 2.000 мкд или багаж за чекирање
(1 куфер до 23 kg) 6.250 мкд.
- Задолжително патничко осигурување
- Лувр (превоз со метро, водич и влезница) 30 € - потребна најава при резервација на аранжманот
- Версај
  со превоз, водич и влезница 65 € (за парковите се доплаќа) - потребна најава при резервација на аранжманот
- Ајфелова кула (влезница до втор спрат окулу 10 €),
- Крстарење по Сена (влезница 15 €), превоз со метро
- Јавен превоз во Париз со метро и/или автобус (окулу 14 € карнет за 10 возења).
- Влезници во културно историски објекти

НАПОМЕНИ:
- За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 45 патници.
- За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ и АСА ТУР.

НАЗАД
(c) Copyright 2007 SAVANA Tourist Enterprises
Orce Nikolov 20, 1000 Skopje, Macedonia
tel. ++ 389 2 3115 826, fax ++ 389 2 3114 206,
email: info@savana.com.mk
 

61.000 facebook likes


ВИ БЛАГОДАРИМЕ
НА ДОВЕРБАТА