<font size=2>
<p>
<table>
<tbody>
<tr>
<td>
<p><font size=2>АПСОЛВЕНТСКА ЕКСКУРЗИЈА !!!</font></p></td></tr></tbody></table></p></font>
  ДОМА ЗА НАС КОНТАКТ АГЕНТ
Преведи: Macedonian Albanian Bulgarian Croatian English Greek Serbian Slovenian Turkish

... ПОЧИТУВАНИ ПОСЕТИТЕЛИ НА ВЕБ СТРАНИЦАТА НА САВАНА ... ВО НАШАТА АКТУЕЛНАТА ПОНУДА, ВЕЌЕ ОДДАМНА СЕ НАОЃААТ НАЈБАРАНИТЕ ТУРИСТИЧКИ АРАНЖМАНИ НА МАКЕДОНСКИОТ ПАЗАР ... ОСВЕН ДОБРО ПОЗНАТИТЕ ТУРИСТИЧКИ ПРОГРАМИ КОИ ВЕ ВОДАТ ДО НАЈУБАВИТЕ МЕСТА ВО РЕГИОНОТ И ЕВРОПА, САВАНА ЗА ОВАА ЛЕТНА СЕЗОНА ДОПОЛНИТЕЛНО ОБЕЗБЕДИ И НОВИ АТРАКТИВНИ ПОНУДИ... ПРЕД ВАС СЕ АКТУЕЛНИТЕ ПРОГРАМИ ЗА ЕСЕНСКИТЕ И ЗИМСКИТЕ ПАТУВАЊА ... ЗА ЉУБИТЕЛИТЕ НА ПАСИВНИОТ ОДМОР И РЕЛАКСАЦИЈАТА ТУКА СЕ ПОЗНАТИТЕ БАЊСКИ И СПА ЦЕНТРИ ... ДОКОЛКУ ВО ОВАА СЕВКУПНА ПОНУДА КОЈА ПОСТОЈАНО СЕ ДОПОЛНУВА, ПРОНАЈДЕТЕ НЕШТО ШТО ЌЕ ВИ СЕ ДОПАДНЕ, НАМ СЕКАКО ЌЕ НИ БИДЕ ЗАДОВОЛСТВО ДА ВЕ УСЛУЖИМЕ !!! 

Социјални мрежи:

Facebook Twitter Youtube Instagram
 
 TRAVEL info - архива на изданија
Travel Training Center / Web Site
Airtickets ONLINE / Web Site
Holiday Real Estate / Web Site
Macedonia Vision / Web Site
Уплати "online" !!!
Оnline payment with ccard / Онлајн плаќање со кредитна картичка (по про-фактура !!!)
ЈОНСКИ БРЕГ - Убавата страна на Епир...

ПОПУСТ до 10% за сите резервации до 31.март !!!

Резултат со слика за PargaКако еден од најубавите брегови на медитеранот, Јонскиот брег претставува незаменлив бисер во герданот на морските убавини кои ги нудат двете блиски мориња. Веќе доволно познат на македонскиот пазар, Јонскиот брег со својата неицрпна понуда, секоја година не иницира да откриеме уште некое ново место кое ќе го привлече вашето внимание. Ако се потсетиме на предходните понуди, тука се секако незаменливите монденски летувалишта Сивота и Парга. Но оваа летна сезона, покрај нив, сосема оправдано ќе ги додадеме и блиските места Врахос и Канали. Проширувањето на понудата е пред се' поради зголемувањето на вашиот избор, а притоа воедно и дополнително да ги истакнеме природните убавини на овој по многу нешта единствен регион во средоземјето. Сивота се наоѓа на само дваесетина километри патување од познатото пристаниште Игуменица, по локалниот пат покрај јонскиот брег кон познатата Парга. Можеби токму близината на овие познати градови, на Сивота и додаваат само дополнително значење, во сета нејзина посебност како единствено место кое има свој сопствен архипелаг од островчиња. Природно заштитена од страната на копното, со повеќе ридови и планински масив, таа се отвара кон морето со сета своја разиграност, на мноштвото заливи, полуострови и острови со кои природно располага. Како амбиентот, така и годините, на Сивота и овозможиле да се најде на низата туристички карти кои ги поседуваат само вистинските вљубеници во морето и неговите тајни богатства. Нејзината марина, ограничениот но квалитетен капацитет за сместување, несекојдневните вонпансионските понуди, како и богатството од мирни и интимни плажи... со време и овозможиле да ја изгради својата посебност за сите оние кои токму тоа и го бараат од одморот.  Парга како најубав град на брегот на областа Епир, се наоѓа на спротивната страна од островот Крф или пак на оддалеченост од околу 60 км на југ од градот Јанина. Парга е место кое со својот изглед и со својот дух потсеќа на старите медитерански градови. Се наоѓа покрај малиот залив, амфитетрално спуштајќи се кон морето, опкружена со шуми и вегетација на маслинови дрва. Романтичните улици со мали куќи и мноштво ресторани, таверни и кафулиња, претставуваат главна негова карактеристика. Темпото на космополитскиот дух кој преку денот привидно мирува, ја доживува својата кулминација во прекрасните вечерни часови. Парга има долга традиција и прекрасна архитектура. Прекрасните плажи како Валтос и Лихнос, кои се простираат покрај блиските заливи, одморот во Парга го претвараат во постојано истражување. За многуте туристи во Парга, секако дека централното место го завзема старата тврдина која го дели градот на два дела. Погледот од неа кон малото пристаниште или кон градската плажа претставува вистинска поетска инспирација. престојот во Парга, надополнет со мноштвото излети во нејзината околина претставува, прекрасен летен одмор. Во самата делта на реката Ахерон, или од митологијата попозната како реката "Стикс", се наоѓа местото Амудиа. Oва живописно место, според своите природно географски посебности, ќе ви овозможи во исто време да уживате на неговата голема и песочна плажа,  доколку посакате да пливате, ловите риба или пловите со брод низ реката Ахерон, да ги почувствувате и нејзините благодети. Во продолжение на овој прекрасен брег, несомнено веќе ги пленат своите гости и новооткриените места Врахос и Канали. Формирани покрај долгите песочни плажи кои се нижат кон блиската Превеза, денес се веќе познати летувалишта на јонскиот брег. Мноштвото одлични објекти за сместување, како и комплетираната вонпансионска понуда од објекти за сите потреби на туристите, овие летувалишта забрзано ги наметнуваат во светот на туризмот. Престојот на јонскиот брег, навистина нуди неповторливо доживување.

ПРОГРАМА НА АРАНЖМАНОТ:

01.ден                                  СКОПЈЕ - ЈОНСКИ БРЕГ (Сивота, Парга или Врахос)
Состанок на групата на паркингот спроти хотел "Holiday Inn" во 00:10 часот. Поаѓање за Грција во 00:30 ч. Ноќно возење со попатни одмори. Пристигнување во Парга, во предпладневните часови. По пристигнувањето, трансфер до објектите за сместување. Слободно попладне за одмор. Ноќевање.

од 02. до 07. или 09.ден    ЈОНСКИ БРЕГ (Сивота, Парга или Врахос)
Денови за одмор и идивидуални активности. Престој во место и објект по избор од програмата, студија и апартмани на база ноќевање. Комуникација со локалните претставници на агенцијата за евентуални факултативни излети и посети. Ноќевање.

08. или 10.ден                     ЈОНСКИ БРЕГ (Сивота, Парга или Врахос) - СКОПЈЕ
Напуштање на собите до 09:00 часот. Во попладневните часови, заминување за Македонија. Дневно и ноќно возење со попатни одмори. Пристигнување во Скопје, во доцните вечерни часови.

*

Автобуски превоз за ЈОНСКИ БРЕГ, според термини од табелата         

 

 

 

 

Место и време на поаѓање:

Превоз со конекција од следните градови (со доплата 5€ по лице):

Скопје    

00:30 h

(паркинг спроти хотелот "Holiday Inn")

Велес     

01:00 h

(БП, мотел Македонија)

Куманово 

23:00 h *

(БП Макпетрол, автобуска станица)

Градско

01:10 h

(патарина Градско)

Гостивар

22:00 h *

(паркинг кај Дом на култура)

Росоман

01:20 h

(БП Црна Река петрол 1) 

Тетово

23:00 h *

(кружен тек кај Дом на култура)

Прилеп

02:15 h

(БП Лукоил)

Кочани

23:00 h *

(БП Макпетрол, кај Основен суд)

Битола

03:15 h

(паркинг кај спортска сала)

Штип

23:45 h *

(паркинг пред пошта)

Поаѓање од Грција: истиот ден попладне

Радовиш

23:00 h *

(БП Макпетрол)

Струмица

23:45 h *

(паркинг пред Тинекс)

ПАТНИ ИНФОРМАЦИИ (сопствен превоз)

Кичево

01:00 h

(БП Пуцко петрол, спроти ТА Меридијан)

Насока: Скопје-Sivota/Parga/Vrahos/Kanali (525 km)

Струга

01:15 h

(хотел Дрим, трафики)

Скопје-Битола (E75/Е65), Битола-Kozani (E65),

Охрид

01:30 h

(БП Лукоил, кај автобуска станица)

Kozani-Igumenitsa(E90), Igumenitsa-Sivota-Parga-Vrahos-Kanali (E55)

Ресен

02:15 h

(спроти автобуска станица)

Трошоци во еден правец: (износите се променливи)

Кавадарци

01:20 h

(БП Црна Река петрол 1, Росоман-Сирково)

патарини MK (180 ден), патарини GR 5,80 €,

 

 

 

 

 

* Превоз со конекција од градови обележани со "*" поаѓањето е ден порано од терминот на автобус.


СИВОТА
Опис на објекти и ценовник

(кликни на сликата)

ПАРГА
Опис на објекти и ценовник
Резултат со слика за parga
(кликни на сликата)

ВРАХОС
Опис на објекти и ценовник

(кликни на сликата)

ЛЕТУВАЊЕ НА ЈОНСКИОТ БРЕГ, ВО МЕСТАТА СИВОТА, ПАРГА ИЛИ ВРАХОС

ЈОНСКО МОРЕ

наем

ЈУНИ

ЈУЛИ

АВГУСТ

СЕПТЕМВРИ

студио/апартмани

термин

17

24

1

10

19

28

6

15

24

2

9

(7 или 9 ноќевања)

ноќевања

7

7

9

9

9

9

9

9

9

7

7

 

STD 1/2+exb (3 лица)

206

236

349

401

441

486

486

486

405

263

210

JULIA "B" (tv, ac*)

до 31.Март

192

220

315

361

397

438

438

438

365

245

196

Сивота

STD 1/2+1* (3 лица)

206

236

349

401

441

486

486

486

405

274

219

 

до 31.Март

192

220

315

361

397

438

438

438

365

255

204

LONG SUMMER "B" (tv, ac)

APT1B 1/2+2 (4 лица)

264

304

449

516

567

624

624

624

520

337

270

Сивота

до 31.Март

246

283

405

465

511

562

562

562

468

314

252

 

STD 1/2 (2 лица)

189

217

321

369

405

446

446

446

372

241

193

MATHINA "B" (tv, ac*)

до 31.Март

176

202

289

333

365

402

402

402

335

225

180

Парга

STD 1/2+1 (3 лица)

197

227

335

385

423

466

466

466

388

252

202

 

до 31.Март

184

212

302

347

381

420

420

420

350

235

188

 

STD 1/2 (2 лица)

172

198

292

336

369

406

406

406

339

220

176

BELLOS "B" (tv, ac*)

до 31.Март

160

185

263

303

333

366

366

366

306

205

164

Парга

STD 1/3 (3 лица)

185

212

314

360

396

436

436

436

363

236

189

 

до 31.Март

173

198

283

324

357

393

393

393

327

220

176

 

APT1B 2/2 (4 лица)

256

294

434

500

549

604

604

604

504

327

261

 

до 31.Март

239

274

391

450

495

544

544

544

454

305

243

MATHIAS "B" (tv, ac*)

STD 1/2 (2 лица)

189

217

321

369

405

446

446

446

372

241

193

Парга

до 31.Март

176

202

289

333

365

402

402

402

335

225

180

VELISSARIOS "C" (tv, ac*)

STD 1/2+exb (2 лица)

164

188

278

320

351

387

387

387

322

209

167

Врахос

до 31.Март

153

175

251

288

316

349

349

349

290

195

156

 

APT1B 1/2+exb (3 лица)

176

203

299

344

378

416

416

416

347

225

180

PHILOXENIA "B" (tv, ac*)

до 31.Март

164

189

270

310

341

375

375

375

313

210

168

Врахос

APT1B 1/2+2 (4 лица)

201

231

342

393

432

476

476

476

396

257

206

 

до 31.Март

187

215

308

354

389

429

429

429

357

240

192

 

STD 1/2+1 (3 лица)

201

231

342

393

432

476

476

476

396

257

206

ARGO "B" (tv, ac*)

до 31.Март

187

215

308

354

389

429

429

429

357

240

192

Врахос

APT2B 2/2+1 (5 лица)

272

313

463

532

585

644

644

644

537

348

279

 

до 31.Март

253

292

417

479

527

580

580

580

484

324

260

Цените се дадени за наем на студио/апартман за 7 или 9 ноќевања.
Информации за цените, превозот, условите за плаќање и останатите услуги, побарајте на соодветната web страна на бараниот објект.
 


ИНТЕРЕСНИ МЕСТА ЗА ПОСЕТА:

Тврдината на Ali-Pashа Посетата на оваа тврдина се организира со малото туристичко вовче кое поаѓа од шеталиштето покрај градската плажа. Едноиполчасовно патување ви ја нуди можноста да ја посетите споменатата тврдина изградена од Али Паша кој за време на отоманскиот период, од таму ја бомбардирал опседнатата Парга. Тој ги натерал грчките робови да ја изградт оваа тврдина со камењата од околните брда, а по неколкунеделното бомбардирање на градот, успеал да ги натера силите на Англичаните да му ја предадат управата над неа. Реката Aheron За разлика од многуте познати излети, ова патување е во многу што специфично. Изллетот започнува со посета на светилиштето на мртвите - “Некроматион”. Тоа сведочи за ритуалите во кои старогрчките свештеници ги залажувале луѓето со наводната нивна моќ – да коминицираат со мртвите. По посетата на ова место патот води кон брдото Стефани и споменикот Залого. Тој е подигнат во чест на 63 жени кои од тука скокнале заедно со своите деца во амбисот, за да не паднат во ропството под Али Паша. Во неговото подножје се наоѓа и манастирот Свети Димитрија кој секако се посетува. Излетот завршува со посета на селото Глики покрај кое тече реката Ахерон, за која се верува дека е митолошката река Стикс. Во нејзините свети води според легендата, Тетида го избањала својот син Ахил, држејќи го за петата при што тоа останало единственот ранливо место на неговото тело. Крстарењето со бродче низ неа е секако уште едно убаво искуство. Островите Paxos и Anti-Paxos Излетот со брод до овие два острови е нешто за кое долго време ќе раскажувате. Можноста да се искапите на прекрасните и пусти плажи на малиот остров Антипакси или пак да ги посетите сините морски пештери под карпите на Пакси, е секако несекојдневно доживување. Престојот во местото Гајос на Пакси и можноста да ја вкусите свежата морска храна во малите таверни, или пак да си купите некој производ од домашното производство на маслиновото масло е секако уште едно искуство повеќе. Доколку во мирните и чисти води на Пакси успеете да сретнете и делфини, ќе биде само среќа повеќе за која вредело да одпатувате.

НАЗАД
(c) Copyright 2007 SAVANA Tourist Enterprises
Orce Nikolov 20, 1000 Skopje, Macedonia
tel. ++ 389 2 3115 826, fax ++ 389 2 3114 206,
email: info@savana.com.mk
 

61.000 facebook likes


ВИ БЛАГОДАРИМЕ
НА ДОВЕРБАТА