|
11. Февруари (четврток) СКОПЈЕ - ВЕНЕЦИЈА Состанок на групата на паркингот спроти хотелот “Holiday Inn” во 10.30 часот. Поаѓање за Венеција во 11:00 ч. Излез од Македонија преку граничниот премин Табановце. Дневно и ноќно возење преку Србија, Хрватска и Словенија со попатни одмори.
12. Февруари (петок) ВЕНЕЦИЈА ( Лидо Ди Јесоло ) Пристигнување во Венеција во предпладневните часови. Трансфер до пристаништето и превоз со брод до Венеција*, панорамски разглед на градот: плоштадот и црквата Св.Марко, Дуждевата палата, Мостот на воздишките, Кулата, Прокуратите, мостот Риалто, Каналот Гранде... Слободно време за прошетка низ Венецијанските улици и канали уживајќи во карневалската атмосфера. Сместување во хотел. Ноќевање.
13. Февруари (сабота) ВЕНЕЦИЈА Појадок. Слободно време за индивидуални прошетки низ Венеција и лагуната, препорачуваме прошетки со брод по каналите на Венеција, или индивидуална посета на некои од околните острови Мурано, Бурано... Извонредна можност за учество во карневалските свечености кои се организираат од 1268 година, кога улиците се преполни од костимирани и маскирани домашни и странски туристи, кои се забавуваат со разновидните програми организирани покрај брегот и каналите на Венеција. Враќање во Лидо Ди Јесоло во вечерните часови. Ноќевање.
14. Февруари (недела) ВЕНЕЦИЈА – ВЕРОНА - СКОПЈЕ Појадок. Заминување за Скопје со попатна посета на Верона градот на Ромео и Јулија. Панорамско разгледување на градот: плоштадите Ербе, Данте и Бра, Арената, Куќата на Јулија... Слободно време. Патувањето продолжува кон Македонија. Ноќно возење преку Словенија, Хрватска и Србија со попатни одмори. Пристигнување во Скопје, наредниот ден во предпладневните часови.
|
|
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО: - Превоз со туристички автобус на наведената релација - Сместување во хотел *** во Лидо ди Јесоло на база 2 ноќевања со појадок - Панорамски разглед на Венеција и Верона (не вклучува брод од Лидо до Венеција) - Организација на аранжманот и придружник на патувањето
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО: - Влезници за музеите и културно - историските споменици - * Превоз со брод - Вапорето / Пунта Саббионе (Лидо) - Венеција (8 €) - Шенген виза и патничко осигурување
НАПОМЕНИ: - За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 40 патници - За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ
|