<font size=2>
<p>
<table>
<tbody>
<tr>
<td>
<p><font size=2>АПСОЛВЕНТСКА ЕКСКУРЗИЈА !!!</font></p></td></tr></tbody></table></p></font>
  ДОМА ЗА НАС КОНТАКТ АГЕНТ
Преведи: Macedonian Albanian Bulgarian Croatian English Greek Serbian Slovenian Turkish

... ПОЧИТУВАНИ ПОСЕТИТЕЛИ НА ВЕБ СТРАНИЦАТА НА САВАНА ... ВО НАШАТА АКТУЕЛНАТА ПОНУДА, ВЕЌЕ ОДДАМНА СЕ НАОЃААТ НАЈБАРАНИТЕ ТУРИСТИЧКИ АРАНЖМАНИ НА МАКЕДОНСКИОТ ПАЗАР ... ОСВЕН ДОБРО ПОЗНАТИТЕ ТУРИСТИЧКИ ПРОГРАМИ КОИ ВЕ ВОДАТ ДО НАЈУБАВИТЕ МЕСТА ВО РЕГИОНОТ И ЕВРОПА, САВАНА ЗА ОВАА ЛЕТНА СЕЗОНА ДОПОЛНИТЕЛНО ОБЕЗБЕДИ И НОВИ АТРАКТИВНИ ПОНУДИ... ПРЕД ВАС СЕ АКТУЕЛНИТЕ ПРОГРАМИ ЗА ЕСЕНСКИТЕ И ЗИМСКИТЕ ПАТУВАЊА ... ЗА ЉУБИТЕЛИТЕ НА ПАСИВНИОТ ОДМОР И РЕЛАКСАЦИЈАТА ТУКА СЕ ПОЗНАТИТЕ БАЊСКИ И СПА ЦЕНТРИ ... ДОКОЛКУ ВО ОВАА СЕВКУПНА ПОНУДА КОЈА ПОСТОЈАНО СЕ ДОПОЛНУВА, ПРОНАЈДЕТЕ НЕШТО ШТО ЌЕ ВИ СЕ ДОПАДНЕ, НАМ СЕКАКО ЌЕ НИ БИДЕ ЗАДОВОЛСТВО ДА ВЕ УСЛУЖИМЕ !!! 

Социјални мрежи:

Facebook Twitter Youtube Instagram
 
 TRAVEL info - архива на изданија
Travel Training Center / Web Site
Airtickets ONLINE / Web Site
Holiday Real Estate / Web Site
Macedonia Vision / Web Site
Уплати "online" !!!
Оnline payment with ccard / Онлајн плаќање со кредитна картичка (по про-фактура !!!)
СОКОБАЊА (хотели)

Во зелените полиња, пасишта и шуми, свиени на планините Озрена и Ртња, околу кањонот на бучната река Моравица се наоѓа брдовитата Сокобања. Поради своите специфични, природни и културолошки каректеристики Сокобања е избрана за едно од десетте совршени места на коридорот 10. Една од најзначајните здравствено - туристички центри и прва еколошка општина во Србија. Се наоѓа покрај извор на кислород и озон, а како природно лекувалиште е познато уште од времето на стрите римјани, првите пишани податоци датираат уште од далечната 1672 год. Термално радиоактивните извори се со температура од 28 до 45 степени. Смирувачкото дејство на континенталната клима, одсуството на воздушно загадување, повремената магла и ветерните денови поради пристуство на специфичните  елементи во воздухот од олигоминералните води кои се користат за капење и инхалација, поволен атмосферски притисок , и сето ова придонесува Сокобања да преставува идеално место за бањско климатски третман од разни болести и состојби. Сокобања е рај за одмор, било да е во прашање прошетка покрај бањата цел ден, од пејсажите во пролет есен и зима или избран спорт по свој вкус, или на базен. Чистиот воздух погодниот амбиент, природното опкружување и спортските терени се идеални за една вистинска релаксација.
Во областа на Сокобања, во непосредна близина на бањскиот парк и реката Моравица, далеку од градскиот сообраќај и бучава, сместени се и бањските објекти и летувалишта: Бањица и Здрављак. Хотелите располагаат со апартмани, двокреветни и трокреветни соби. Сите соби се опремени со ТВ, телефон, балкон и сопствен тоалет. Од останатите хотелски содржини, хотелите располагаат со летни тераси, ресторани, простории за анимација, теретани, спортски терени... Во состав на хотелите постојат здраствени служби кои располагаат со сите потребни услови за дијагностика и терапија на болести на дишните патишта, костозглобни заболувања, како и кај лесни нервни нарушувања.

Како да дојдете...

Во Сокобања се доаѓа по автопатот од Белград кон Ниш - по двеста километри се врти кон Алексинац и патот се продолжува низ живописната Бованска клисура...
Сокобања се наоѓа на 400 метри надморска височина. Климата е умерено континентална.
Многуте лековити билки, здравата храна и отсуството на индустрија ја прават Сокобања вистинска еколошка оаза.
Планините кои ја опкружуваат, исклучителната роза на ветровите и големата концентрација на негативните јони, прават воздухот во Сокобања и во околината да ги „милува“ белите дробови и да го окрепува организмот. Бронхитисот, бронхиалната астма, астмата... успешно се лекуваат и тоа како со инхалации, така и со самиот престој во природа.
Покрај воздухот, Сокобања изобилува и со термални води со температури од 28 - 46 степени, кои се корисни за коскено - зглобниот, но и за нервниот систем.
Бањското културно лето почнува на 1. мај и трае до крајот на септември. Во тој период Сокобања изобилува со настани: берба на лековити билки на Ртањ - Свети Јован Билкобер. Етно манифестацијата „Златни раце“ со изложба на традиционални јадења, сувенири и ракотворби од нашиот крај, Меѓународно биенале на еко карикатури, Меѓународен фестивал - Прва хармоника, фото предизвик - изложба на фотографии, пролетниот фестивал на цвеќето, детски панаѓур, изложба на книги, собир на бајкери, спортскиот фестивал „Aвгуст во август со натпревари во баскет, фудбал, тенис, одбојка... секојдневни концерти, театарски претстави, литературни вечери...
Сокобања не би била тоа што е да ги нема нејзините познати излетнички места: кањонот на реката Моравица, Пеќина, Лептерија, Сокоград, Хајдук Вељкова пештера, видиковецот Поповица, Бориќи, Врело, Изворот на Моравица, Сесалачката пештера со езерцето, етно катчето Грудоњска воденица, Парк шумата, Бањата Јошаница со своите лековити извори и цркавата од 14. век, Врмџанскиот град и езеро, Природните убавини на планината Озрен со многуте излетнички места, извори со планинска вода, но и со уредени туристички содржини - спортски терени, езеро со пастрмка, 11 м високиот водопад Рипаљка, Калиновица, Камен на љубовта, јавање на пони и на магаренца, Манастирот на Свети Архангел Гаврило кој го подигнале Ермени враќајќи се од бојот на Косово 1389.г., Taтомировиот град и Моминската карпа...
За повеќето од овие локалитети постојат голем број на живописни приказни и легенди, а посетата на истите со нашите водичи е идеален начин да се запознаете со нив.

ХОТЕЛ БАЊИЦА ***

НАЗАД
(c) Copyright 2007 SAVANA Tourist Enterprises
Orce Nikolov 20, 1000 Skopje, Macedonia
tel. ++ 389 2 3115 826, fax ++ 389 2 3114 206,
email: info@savana.com.mk
 

61.000 facebook likes


ВИ БЛАГОДАРИМЕ
НА ДОВЕРБАТА