<font size=2>
<p>
<table>
<tbody>
<tr>
<td>
<p><font size=2>АПСОЛВЕНТСКА ЕКСКУРЗИЈА !!!</font></p></td></tr></tbody></table></p></font>
  ДОМА ЗА НАС КОНТАКТ АГЕНТ
Преведи: Macedonian Albanian Bulgarian Croatian English Greek Serbian Slovenian Turkish

... ПОЧИТУВАНИ ПОСЕТИТЕЛИ НА ВЕБ СТРАНИЦАТА НА САВАНА ... ВО НАШАТА АКТУЕЛНАТА ПОНУДА, ВЕЌЕ ОДДАМНА СЕ НАОЃААТ НАЈБАРАНИТЕ ТУРИСТИЧКИ АРАНЖМАНИ НА МАКЕДОНСКИОТ ПАЗАР ... ОСВЕН ДОБРО ПОЗНАТИТЕ ТУРИСТИЧКИ ПРОГРАМИ КОИ ВЕ ВОДАТ ДО НАЈУБАВИТЕ МЕСТА ВО РЕГИОНОТ И ЕВРОПА, САВАНА ЗА ОВАА ЛЕТНА СЕЗОНА ДОПОЛНИТЕЛНО ОБЕЗБЕДИ И НОВИ АТРАКТИВНИ ПОНУДИ... ПРЕД ВАС СЕ АКТУЕЛНИТЕ ПРОГРАМИ ЗА ЕСЕНСКИТЕ И ЗИМСКИТЕ ПАТУВАЊА ... ЗА ЉУБИТЕЛИТЕ НА ПАСИВНИОТ ОДМОР И РЕЛАКСАЦИЈАТА ТУКА СЕ ПОЗНАТИТЕ БАЊСКИ И СПА ЦЕНТРИ ... ДОКОЛКУ ВО ОВАА СЕВКУПНА ПОНУДА КОЈА ПОСТОЈАНО СЕ ДОПОЛНУВА, ПРОНАЈДЕТЕ НЕШТО ШТО ЌЕ ВИ СЕ ДОПАДНЕ, НАМ СЕКАКО ЌЕ НИ БИДЕ ЗАДОВОЛСТВО ДА ВЕ УСЛУЖИМЕ !!! 

Социјални мрежи:

Facebook Twitter Youtube Instagram
 
 TRAVEL info - архива на изданија
Travel Training Center / Web Site
Airtickets ONLINE / Web Site
Holiday Real Estate / Web Site
Macedonia Vision / Web Site
Уплати "online" !!!
Оnline payment with ccard / Онлајн плаќање со кредитна картичка (по про-фактура !!!)
МИЛАНО

На прв поглед Милано изгледа како грациозен модел на писта со одлична коскена структура, екстравагантен стил и без очигледна душа. Најбогатиот и најмодерниот град во Европа кој истoвремено изобилува со историски и артистички атракции, меѓу кои најголемата готска катедрала во светот, уметничкото дело “Последната вечера“ и најпознатата оперска куќа во светот „La Scala”. Милано е главниот мотор на економијата во својата земја и домот на берзата. Преку ден може да направите одличен шопинг, додека пак во вечерните часови може да уживате во авангардната театарска сцена, фабулозната аперитив сцена или во некој од жешките клубови до раните утрински часови.

Топ 10 места од интерес:

  1. Плоштадот и катедралата „Il Duomo”
  2. Оперската куќа „Scala”
  3. „Tempio della Vittoria”
  4. „Corso Vittorio Emmanuelle II”
  5. Каналот „Naviglio della Martesana”
  6. Музејот на Леонардо да Винчи
  7. „Quadrilatero d’Oro”
  8. Библиотека и пинотека „Ambrosiana”
  9. Црквата „St.Maria della Grazie”
10. Стадионот "San Siro"

Предлог програма:

1 ден. Слетување на аеродромот во Бергамо во 13:40ч. Пристигнување во Милано. Препорачуваме разглед на градот: замокот Сфорца – некогашната службена резиденција на миланските војводи, Плоштадот Дуомо и Катедралата Дуомо- петта по големина во светот и најголема катедрала во Италија, за чија изградба биле потребни 6 века, Galleria Vittorio Emanuele, операта- Миланската Скала... Слободно време за прошетка 
2 ден:  Посета на црквата ''Santa Maria della Grazzie'' во чија близина се наоѓа и  едно од ремек  делата на Леонардо Да Винчи  “Последната вечера”, Предлагаме прошетка по каналот ”Navigli”... Вечерта вклучете се во една од ноќните тури на разглед на градот. Голема можност да се види осветлениот Милано и да се открие ноќниот живот на Миланезите.
3 ден: Ден предвиден за најпознатиот шопинг во светот. Започнувајќи од улицата Corso Vittorio Emanuele II, потоа низ златниот четврт улиците: Via Montenapoleone, Via Gesu, Via St.Andrea I Via Santo Spirito, завршувајќи кај улиците Corso Venezia и Corso Buenos Aires. Можност за посета на еден од најубавите спортски објекти стадионот ''San Siro''.
4 ден: Слободно време. Трансфер до аердоромот во Бергамо. Препорачуваме да бидете на аеродром два часа пред поаѓање.

Цена:  од 140


Во цената на пакетот е вклучено:
- Авионски превоз на релација: Скопје–Милано-Скопје
- Хотелско сместување во хотел по избор ***/ на база 3 BB
- Аеродромски такси

Летови: вторник и сабота
*цената и саатниците зависат од моментално расположливите места на Авио компанијата.

Во цената на пакетот не е вклучено:
- Трансфер: aеродром - xотел, со автобуски превоз = 5 € (информативно)
- Приватен трансфер: aеродром – xотел = 75 €, во еден правец (информативно)


Hotel Ibis Milano Centro ***

Hotel Dei Fiori *** 

Best Western Milton Milan ****

 

Цена: 194 €

Цена: 152 €  

Цена: 140 €

НАЗАД
(c) Copyright 2007 SAVANA Tourist Enterprises
Orce Nikolov 20, 1000 Skopje, Macedonia
tel. ++ 389 2 3115 826, fax ++ 389 2 3114 206,
email: info@savana.com.mk
 

61.000 facebook likes


ВИ БЛАГОДАРИМЕ
НА ДОВЕРБАТА