ЗИМА 2017
  ДОМА ЗА НАС КОНТАКТ АГЕНТ
Преведи: Macedonian Albanian Bulgarian Croatian English Greek Serbian Slovenian Turkish

... ПОЧИТУВАНИ ПОСЕТИТЕЛИ НА ВЕБ СТРАНИЦАТА НА САВАНА ... ВО НАШАТА АКТУЕЛНАТА ПОНУДА, ВЕЌЕ ОДДАМНА СЕ НАОЃААТ НАЈБАРАНИТЕ ТУРИСТИЧКИ АРАНЖМАНИ НА МАКЕДОНСКИОТ ПАЗАР ... ОСВЕН ДОБРО ПОЗНАТИТЕ ТУРИСТИЧКИ ПРОГРАМИ КОИ ВЕ ВОДАТ ДО НАЈУБАВИТЕ МЕСТА ВО РЕГИОНОТ И ЕВРОПА, САВАНА ЗА ОВАА ЛЕТНА СЕЗОНА ДОПОЛНИТЕЛНО ОБЕЗБЕДИ И НОВИ АТРАКТИВНИ ПОНУДИ... ПРЕД ВАС СЕ АКТУЕЛНИТЕ ПРОГРАМИ ЗА ЕСЕНСКИТЕ И ЗИМСКИТЕ ПАТУВАЊА ... ЗА ЉУБИТЕЛИТЕ НА ПАСИВНИОТ ОДМОР И РЕЛАКСАЦИЈАТА ТУКА СЕ ПОЗНАТИТЕ БАЊСКИ И СПА ЦЕНТРИ ... ДОКОЛКУ ВО ОВАА СЕВКУПНА ПОНУДА КОЈА ПОСТОЈАНО СЕ ДОПОЛНУВА, ПРОНАЈДЕТЕ НЕШТО ШТО ЌЕ ВИ СЕ ДОПАДНЕ, НАМ СЕКАКО ЌЕ НИ БИДЕ ЗАДОВОЛСТВО ДА ВЕ УСЛУЖИМЕ !!! 

Социјални мрежи:

Facebook Twitter Youtube Instagram
 
 TRAVEL info - архива на изданија
Travel Training Center / Web Site
Airtickets ONLINE / Web Site
Holiday Real Estate / Web Site
Macedonia Vision / Web Site
Уплати "online" !!!
Оnline payment with ccard / Онлајн плаќање со кредитна картичка (по про-фактура !!!)
COSTA / ОПШТИ УСЛОВИ


ОПШТИ УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ:

Ве молиме да ги прочитате општите правила од овие Општи услови на патување.Тие се применуваат на Вашето патување и морате да бидете запознаени со истите.Со склучувањето на договорот и плаќањето на депозитот за крстарење Вие ги прифаќате општите услови ,како и сите останат и услови од бршурата на Costa за крстарењето ,како и условите за патните карти и потврдата (voucher)

1. ДЕФИНИЦИИ:
Кога ќе бидат наведени во Општите услови ,наведените изрази ќе го имаат следните значења: Costa означува Costa Crociere S.p.A
„Крстарење или кружно патување“ ја означува услугата која Costa му ја дава на патникот.
„Патник“ го означува секое лице кое уредно плаќа или реазервира крстарење или патување,вклучувајќи ги сите лица кои
патуваат со лице или лица наведени на картата или voucher.
„Брод“значи брод на Costa со кој патникот оди на крстарење.

2. ПРИЈАВА И ПОТВРДА НА РЕЗЕРВАЦИЈА:
Се препорачува во својата матична агенција проверите дали има слободни кабини и побарате одговори на сите прашања врзани со Вашето патување.Пријава за резервација се врши со потполнување на Образец за пријава за крстарење,која во потполност мора да биде исполнета со податоци на патниците ,и потпишана од страна на патникот со што сите правила од Општите услови стануваат правна обврска и за патникот и за Costa.
Резервација на кабина зависи од расположливост и се смета дека е извршена при потврда на истата од страна на агенцијата, истата е подложна на сторнирање од страна на Costa доколку патникот не ја изврши упалатат на време .

3. ЦЕНА
Цената ги вклучува услугите кои се стриктно наведени како „цена“ во важечкиот каталог и која е напишана во Договорот кој патникот го потпишува во агенцијата.
Каталогот ја објавува најниската цена која се нарекува Pronto Price како и максималната или Standard Price.На секое крстарење е ограничен бројот на кабини кои се продаваат по минималната Pronto Price.Кога овие кабини ќе се распродадат ,цената ќе пиде повисока од минималната ,меѓутоа нема да биде повисока од максималната каталошка цена (освен во исклучителни
случаи наведени во понатамошниот текст)
Максималната цена може да биде сменета 20 дена пред поаѓање ,а како последица на покачување на воздушниот транспорт или горивото за брод ,или трошкови на такси и услуги вклучени во цената на патувањето.

4. ИЗМЕНИ ВО ПАТУВАЊЕТО
Costa има право да го смени програмот на патување во вондредни околности.Доколку Costa мора да направи важни измени во врска со патувањето како измена на цена и слично,патникот мора да биде веднаш известен.
Во тој смисол покачувањето на цената е значајно доколку тоа биде поголемо од 10% а секоја промена е особено важна доколку навлегува во суштината на крстарењето како целина.Патниците се должни да ги прифатат покачувањата на цените до 10%.Патникот кој ќе добие известување за покачување на цените повисоки од 10% може да го откаже патувањето без плаќање
или да ја прифати промената која ќе биде наведена во договорот.
Патникот мора писмено да ја извести агенцијата за својата одлука во рок од два дена откако го примил известувањето.Во спротивно ќе се смета дека патникот ги прифатил промените

5. ПРОМЕНА НА РЕЗЕРВАЦИЈА
Патникот може да направи измена на резрвацијата пред почетокот на патувањето и да ги плати административните трошоци во износ од 30 еур.по лице.

6. ОТКАЖУВАЊЕ ОД СТРАНА НА ПАТНИКОТ
Патникот кој се откажува од крстарењето,а откажувањето се однесува на предвидените околности од член бр.5 потребно е истото да го направи по писмен пат.Датата на откажување на аранжманот представува основа за надокнада на трошковите ,а висината на трошковите се одредува според денот на откажување.Патникот може да го откаже крстарењето секој работен ден од 08-16.00 часот(од понеделник до петок)Доколку откажувањето се приложи надвор од работното време на патникот ќе му се сметаат сторно трошкови по првиот нареден работен ден

ПРЕД ПАТУВАЊЕ НАДОКНАДА ЗА ОТКАЖУВАЊЕ
до 45 дена 30 еур административни трошоци
44-41 ден 15% од цената на крстарењето
40-28 ден 30% од цената на крстарењето
27-14 ден 50% од цената на крстарењето
13-2 ден 80% од цената на крстарењето
1 ден пред поаѓање 100%од цената на крстарењето
Сите останати трошкови кои ги направиле Costa поради трета страна ( пр. Авионски,хотелски или други услуги),а кои се резултат на откажувањето од страна на патникот ќе бидат во целост наплатени на патникот.

7. ОТКАЖУВАЊЕ ОД СТРАНА НА COSTA
Costa може да го откаже патувањето во случај на вонредни околности надвор од контролата на Costa, поради што патникот ќе ги има следните можности:
а) да земат друго крстарење во замена
б)доколку Costa неможе да одговори на Вашето барање парите се враќаат во целост.

8. ОБВРСКИ НА ПАТНИКОТ
Патникот е обврзан да поседува важечки патни документи. Должен е да се грижи лично неговите документи да ги исполнуваат граничните, царински, здравствени и останати прописи во матичната земја како и во земјата во која патува односно да поседува валиден пасош и потребни визи. Патникот е должен да се однесува во склад со обичаите во земјата во која патува.
Патниците на бродот со себе несмеат да носат животни, оружје, муниција, експлозивни, запаливи,отровни и опасни материи
без писмена дозвола од страна на Costa.
Патникот одговара за сите штети кои се настанати поради непридржување на горенаведените правила.

9. ПАТНИЦИ СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ
Патниците со физички или ментален хендикеп за кој е потребен посебен третман (вклучително и патници во инвалидски колички) се обврзани во писмена форма да ја известат компанијата за природата на хендикепот при правење на самата резервација. Ови лица на патувањето мора да бидат придружувани од лица кои можат да им асистираат. Патниците кои се во инвалидска количка мораат да имаат сопствена количка на расклопување. Компанијата го задржува правото да не ги прими патниците на патувањето доколку тие претходно не ги известиле за својата состојба или за недостатоците кои ги поседуваат, а поради кои мораат да користат туѓа помош, како и при самото патување доколку не бидат способни да го продолжат истото. Во тој случај компанијата го враќа целиот или дел од износот кој патникот го има уплатено, а компанијата го задржува дискреционото право да одлучи за колкав процент да одбие од уплатата.
Жени кои се бремени помалку од 24 недели можат да патуваат само со писмена дозвола од доктор, над 24 недели бременост патувањето не е дозволено. Дозволата од доктор потребно е да биде преведена на англиски јазик и да биде испратена по факс, а истата треба да содржи информации за тоа во кој месец од бременоста е патничката како и дека е здрава и дека смее да
патува.
Деца помали од 6 месеци не смеат да патуваат. За крстарење во траење до 14 дена децата мораат да бидат со минимум навршени 6 месеци, а кај крстарења кои траат повеќе од 15 денови деца кои патуваат мораат да имаат навршено минимум 12 месеци.

10. ОБВРСКИ НА КОМПАНИЈАТА
Компанијата е должна за услугите кои ги дава да бидат организирани на врвно ниво, исто така е должна на патниците да им ги овозможи во целост сите услуги и поеднинечни аранжмани кои се наведени во програмата на крстарењето. Во случај на непредвидени ситуации кои би го попречиле планираното патување, компанијата ќе превземе мерки во корист на патниците штитејќи ги нивните права и интереси.

11. ОСИГУРУВАЊЕ И ЗАДРЖУВАЊЕ
Costa има право да го заджи личниот багаж на патниците како осигурување доколку патникот не ги плати своите сметки. Воколку и покрај тоа не го уплати дожениот износ Costa има право да истие ги продаде со помош на јавни посредници и без авторизација на суд, а до износ кој патникот го должи.

12. ПАТНИЧКО ОСИГУРУВАЊЕ
Се препорачува пред патувањето патниците да го регулираат патното осигурување во агенцијата кеде го купиле крстарењето или пак во осигурителна компанија. Се препорачува пакет на патно осигурување кое содржи: здраствено осигурување, осигурување на багаж, осигурување од последици на несреќен случај, како и од откажување на патувањето.

13. ОДГОВОРНОСТ
Costa не е одговорна за било какво губење и барање на патникот кој настанал од било каква невообичаена, непредвидена или неизбежна околност надвор од контрола на Costa, за било какви пропусти од третa страна кои не се поврзани со крстарењето или во случај на виша сила вклучувајќи штрајкови,наредби од страна на Власта ,или од страна на Осигурителната компанија,терористички напади,и слично.Одговорноста на Costa за смрт или повреда на Патниците,штета или губење на лични работи ,ќе биде одредено според Член 4282,4282А4282 и 4286 од Ревидираниот Статут на САД Конвенција која се однесува на Превоз на патници и нивниот багаж по морски пат.(Аленска Конвенција)Конвенција за ограничување на одговорноста на поморските побарувања од 1976 година(LLMC).Одговорноста на Costa исто така е ограничена со Варшавската конвенција за авио превозот од 1929 година кои содржат посебни одредби кои се однесуваат на рокови за поднесување побарување и превземање на работа ,со тоа што се ограничува одговорноста за смрт или повреда и губење или штета на багажот.Известувањето за губење или штета на авионскиот багаж мора да биде извршено веднач или во рок од 7 дена. Патникот ќе биде одговорен за целата штета која ќе ја направи на бродот,како и за штета која ќе биде направена на други лица кио се на бродот или надвор од него. 
Во случај патникот да не ги исполни своите парични обврски спрема Costa ,во тој случај Costa има право да го задржи целиот багаж и личниот имот на Патникот,ќе има право да ги продаде или да располага со истите со цел на подмирување на долгот од
страна на Патникот.
Медицинскиот персонал на бродот се независни и Costa не сноси никаква одговорност за пропусти направени од страна на медицинскиот персонал, без разлика кога и на кој начин се настанати.Сите трошоци кои се направени при барање на медицински услуги ,патникот треба да ги подмири пред напуштање на бродот како и сите накнади и трошоци направени на брод
или на копно.
Costa нема да биде одговорен за повреда или смрт на Патник,или за штета или губење на личен имот која ќе се случи додека патникот не е на брод ,вклучувајќи и случаи кои ќе случат додека патникот е на пат кон бродот или од бродот ,или додека е на излет на копно.Излетите кои се на копно ги организираат независни tour оператори и Costa не е одговорен за нивната работа или пропусти. Одредени бродски услуги како што се :салоните за убавина ,фризерските салони,масажа,бербер,фотографски услуги,продавници за сувенири,,казино ..во надлежност се на независни даватели на услуги кои се овластени да им ги наплатат услугите на Патникот.Costa не е одговорен за било каков пропуст од страна на независните даватели на услуги.

15. РЕКЛАМАЦИЈА
Патникот е должен на бродот да поднесе рекламација на одговорното лице и да побара писмена потврда за моменталната состојба,доколку смета дека е дојдено до неисполнување на платените услуги кои се наведени во програмата.Costa мора да ги добива приговорите во писмена форма во рок од 10 дена од денот на напуштањето на бродот.Се додека Costa не одговори на рекламацијата,Патникот неотповикливо се одрекува од посредување на било кој други лица како и давање на информации во медиумите.Исто така во овој временски период патникот се одрекува од право на тужба.Секоја жалба за оштетен или изгубен багаж мора да биде приложено веднаш по напуштањето на бродот со оригиналната потврда.

16. ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ
Општите услови за патување се составен дел од договорот кој патникот го потпишува со овластената патничка агенција во која се пријавил за крстарење.Комплетните општи услови на патникот ќе му бидат доставени пред потпишувањето на обрасците за пријавување на крстарење.


COSTA CRUSERS

НАЗАД
(c) Copyright 2007 SAVANA Tourist Enterprises
Orce Nikolov 20, 1000 Skopje, Macedonia
tel. ++ 389 2 3115 826, fax ++ 389 2 3114 206,
email: info@savana.com.mk
 

60.000 facebook likes


ВИ БЛАГОДАРИМЕ
НА ДОВЕРБАТА