ДОМА ЗА НАС КОНТАКТ АГЕНТ
Преведи: Macedonian Albanian Bulgarian Croatian English Greek Serbian Slovenian Turkish

... ПОЧИТУВАНИ ПОСЕТИТЕЛИ НА ВЕБ СТРАНИЦАТА НА САВАНА ... ВО НАШАТА АКТУЕЛНАТА ПОНУДА, ВЕЌЕ ОДДАМНА СЕ НАОЃААТ НАЈБАРАНИТЕ ТУРИСТИЧКИ АРАНЖМАНИ НА МАКЕДОНСКИОТ ПАЗАР ... ОСВЕН ДОБРО ПОЗНАТИТЕ ТУРИСТИЧКИ ПРОГРАМИ КОИ ВЕ ВОДАТ ДО НАЈУБАВИТЕ МЕСТА ВО РЕГИОНОТ И ЕВРОПА, САВАНА ЗА ОВАА ЛЕТНА СЕЗОНА ДОПОЛНИТЕЛНО ОБЕЗБЕДИ И НОВИ АТРАКТИВНИ ПОНУДИ... ПРЕД ВАС СЕ АКТУЕЛНИТЕ ПРОГРАМИ ЗА ЕСЕНСКИТЕ И ЗИМСКИТЕ ПАТУВАЊА ... ЗА ЉУБИТЕЛИТЕ НА ПАСИВНИОТ ОДМОР И РЕЛАКСАЦИЈАТА ТУКА СЕ ПОЗНАТИТЕ БАЊСКИ И СПА ЦЕНТРИ ... ДОКОЛКУ ВО ОВАА СЕВКУПНА ПОНУДА КОЈА ПОСТОЈАНО СЕ ДОПОЛНУВА, ПРОНАЈДЕТЕ НЕШТО ШТО ЌЕ ВИ СЕ ДОПАДНЕ, НАМ СЕКАКО ЌЕ НИ БИДЕ ЗАДОВОЛСТВО ДА ВЕ УСЛУЖИМЕ !!! 

Социјални мрежи:

Facebook Twitter Youtube Instagram
 
 TRAVEL info - архива на изданија
Travel Training Center / Web Site
Airtickets ONLINE / Web Site
Holiday Real Estate / Web Site
Macedonia Vision / Web Site
Уплати "online" !!!
Оnline payment with ccard / Онлајн плаќање со кредитна картичка (по про-фактура !!!)
ЗАКИНТОС - Островото на желките...

 ПОПУСТ до 7% за сите резервации до 30.април !!!

ПОСЕБНИ ПОНУДИ за термините 28.Maj; 03,04.и10.Јуни; 16,17,23.и24.Септември 2017
Пакет аранжман - 7 ноќевања со автобуски превоз од 94 €

Најјужниот од јонските острови, последните години веројатно е еден и од најпосетените грчки острови од страна на македонските туристи. Неговите убавини веќе не се тајна за вљубениците во морето, природата и добрата забава. Надалеку познат по убавите и чисти песочни плажи, идилични и скриени заливи, прекрасни туристички места со богата и разновидна понуда. Долж бреговите се простираат овошни плантажи, виногради и насади под маслинки, кои остовот го карактеризираат како богат со прекрасна флора надополнета со преку 7500 видови на цвекиња. Неговиот рељеф на исток се карактеризира со благи падини, кои се спуштаат кон морето и песочните плажи, а на западната страна завршува со камени и високи карпи надвиснати над морето. Островото Закинтос, иако ориентирано кон развиениот туризам, сепак ја задржало еколошката заштита на сопствената природа. Во негова непосредна близина се наоѓаат и помали островчиња меѓу кои и на далеку познатото Маратониси или островото на желките. мено на ова мало островче скриено од допирот на цивилизацијата, сеуште доаѓаат голем број на морски желки од загрозениот вид – “Карета”, кои тука во песокта на неговите плажи ги полагаат своите јајца од кои подоцна се излегуваат нивните мали желки. Главен град на островото е Занте, кој претставува и главно пристаниште на островото. Неговото население (преку 40.000 жители) му дало белег низ неговата долгогодишна историја, како град кој се карактеризира со исклучително богат и специфичен колорит. Влијанието на другите култури низ неговата историја, придонеле и денес да се разликува по својата специфична архитектура, особено присутна низ објектите во главниот град. И покрај големиот земјотрес во 1953 година, Занте е целосно обновен со голема посветеност токму на неговото население. Денес е вистински медитерански бисер и еден од најактуелните грчки острови во јонскиот архипелаг.

ПРОГРАМА НА АРАНЖМАНОТ:

01.ден     СКОПЈЕ - ПЕЛОПОНЕЗ
Состанок на групата на паркингот спроти хотел “Holiday inn” во 15:30 часот. Поаѓање за Грција во 16:00 ч. Патот води преку граничниот оремин Меџитлија-Ники. Ноќно возење со попатни одмори.

02.ден     ПЕЛОПОНЕЗ - ЗАКИНТОС (Лаганас)
Пристигнување на Пелопонез и пристаништето Килини во утринските часови. Превоз со брод до островот Закинтос. По пристигнувањето, трансфер од пристаништето во Занте до местото Лаганас и објектите за сместување. Слободно попладне за одмор. Ноќевање.

од 03. до 08. или 10.ден     ЗАКИНТОС (Лаганас)
Денови за одмор и идивидуални активности. Престој и услуга во објектот по избор од програмата. Комуникација со локалните претставници на агенцијата за евентуални факултативни излети и посети. Ноќевање.

09. или 11.ден     ЗАКИНТОС - ПЕЛОПОНЕЗ
Напуштање на собите до 10:00 часот. Во звисност од сатниците на испловување, заминување на пристаниште и превоз со брод до Пелопонез. По пристигнувањето на пристаништето Килини, патувањето продолжува кон Македонија. Патот води преку најдолгиот прекуморски мост во Европа кој го спојува Пелопонез со копното на Грција. Дневно и ноќно возење со попатни одмори.

10. или 12.ден     СКОПЈЕ
Пристигнување во Скопје, во раните утрински часови.

Автобуски превоз за ЗАКИНТОС, според термини од табелата         

 

 

Место и време на поаѓање:

Превоз со конекција од следните градови (со доплата 5€ по лице):

Скопје    

16:00 h

(паркинг спроти хотелот "Holiday Inn")

Велес     

16:30 h

(БП, мотел Македонија)

Куманово 

14:30 h

(БП Макпетрол, автобуска станица)

Градско

16:40 h

(патарина Градско)

Гостивар

13:30 h

(паркинг кај Дом на култура)

Росоман

16:50 h

(БП Црна Река петрол 1) 

Тетово

14:30 h

(кружен тек кај Дом на култура)

Прилеп

17:45 h

(БП Лукоил)

Кочани

14:30 h

(БП Макпетрол, кај Основен суд)

Битола

18:45 h

(паркинг кај спортска сала)

Штип

15:15 h

(паркинг пред пошта)

Поаѓање од Грција: следниот ден попладне

Радовиш

14:30 h

(БП Макпетрол)

Струмица

15:15 h

(паркинг пред Тинекс)

ПАТНИ ИНФОРМАЦИИ (сопствен превоз)

Кичево

16:15 h

(БП Пуцко петрол, спроти ТА Меридијан)

Насока: Скопје-Zakynthos (780 km)

Струга

16:45 h

(хотел Дрим, трафики)

Скопје-Битола (E75/Е65), Битола-Kozani-Ioannina (E65/E90),

Охрид

17:00 h

(БП Лукоил, кај автобуска станица)

Ioannina-Arta-Patra-Kyllini (пристаниште) (E951/E55)

Ресен

17:45 h

(спроти автобуска станица)

Ferryboat Kyllini-Zante (90 min), Zante (пристаниште) – Laganasi

Кавадарци

16:50 h

(БП Црна Река петрол 1, Росоман-Сирково) 

Трошоци во еден правец: (износите се променливи)

патарини MK (180 ден), патарини GR и мостарина 18,50 €,

брод/автомобил од 38,20 €, брод/патник од 8,30 €

 

 

 

 


ЛАГАНАС
Опис на објекти и ценовник

(кликни на сликата)

ЛЕТУВАЊЕ НА ЗАКИНТОС ВО ЛАГАНАС

 

ЛАГАНАС

наем

ЈУНИ

ЈУЛИ

АВГУСТ

СЕПТЕМВРИ

 

термин BUS

16

23

30

9

18

27

5

14

23

1

8

соби/студио/апартмани

термин check-in

17

24

1

10

19

28

6

15

24

2

9

(7 или 9 ноќевања)

ноќевања

7

7

9

9

9

9

9

9

9

7

7

 

STD 1/2 (2 лица)

109

125

225

270

378

378

378

315

274

126

97

DIMITRIS "C" (ac*)

до 30.Април

104

119

210

252

352

352

352

293

255

120

93

Лаганас

STD 1/2+exb (3 лица)

127

146

263

315

441

441

441

368

320

147

113

 

до 30.Април

121

139

245

293

411

411

411

343

298

140

108

 

STD 1/2 (2 лица)

116

134

240

288

404

404

404

336

293

134

103

MARINOS "B" (ac*)

до 30.Април

111

128

224

268

376

376

376

313

273

128

98

Лаганас

STD 1/2+exb (3 лица)

135

155

278

333

467

467

467

389

338

155

119

 

до 30.Април

129

148

259

310

435

435

435

362

315

148

114

Цените се дадени за наем на студио/апартман за 7 или 9 ноќевања.
Информации за цените, превозот, условите за плаќање и останатите услуги, побарајте на соодветната web страна на бараниот објект.
 


ИНТЕРЕСНИ МЕСТА ЗА ПОСЕТА:

Плажата Navagio е една од најубавите плажи на островото Закинтос. Самата плажа воедно е и една од петте најфотографирани плажи во цела Грција. Се наоѓа на западниот дел од островото и до неа е можно да се дојде само со чамец или со брод. Во нејзина непосредна близина се наоѓа селцето Анафотириа. Водата околу плажата е кристално чиста и специфична по нејзината тиркизна боја. Песокот е бел, составен од неколку зрнести облици и величини на ситни каменчиња. Плажата секојдневно се посетува од мноштво туристички бродови и чамци, кои до нејзе носат илјадници туристи – гости на островото. Многумина од туристите оваа плажа ја сметаат за задолжителна дестинација при посета на овој познат остров. Островото Marathonisi кое и по свјот облик наликува на желка, можете да го посетите доаѓајќи од страната на градчето Лаганас или пак преку езерото Кери, со изнајмен чамец или туристички бродче. Надалеку познато по желките од видот Caretta Caretta кои тука ги полагаат своите јајца, уште оддамна го добива епитетот – острово на желките. Неговата еколошка чистота и не постоењето на никакви градби, овозможува вистински пријатни мигови на допир со чистата природа, уживакќи во свежиот воздух, топлата медитеранска клима и прекрасните пејсажи. Плажата Kalamaki се наоѓа на јужниот дел од островото на оддалеченост од околу 7 километри од градот Занте. Песокот на оваа плажа е преубав но и тука морате да бидете внимателни бидејќи желките и тука доаѓаат да ги полагаат своите јајца. И оваа плажа претставува дел од националниот парк. Импресивните камени карпти кои се издигнуваат над оваа плажа ја прават уште поспецифична. На самата плажа постојат неколку барови, како и пропратни објекти за туристите – капачи. Автобускиот превоз има своја станица во близина на истата. Од спортските активности е можно само изнајмување на чамци – педалини. Плажите на Zakinthos се неговата најпозната карактеристика. Посетата на нив, е всушност и вашата најголема активност која можете да си ја дозволите додека престојувате на него. Секоја специфична по својата убавина и природни карактеристики, заслужува да биде дел од вашиот прстој на Закинтос. Дали ќе ги минете вашите денови на плажите: Agios Nikolaos , Аlikes, Banana beach, Dafni, Drosia, Pahia Ammos beach, Kaminia, Keri, Koula, Gerakas, Limnionas beach, Makris Gialos, Marathia, Porto Zero, Porto Roma, Porto Vromi, Tsilivi, Spianza, Stenitis, Xygia или едноставно ќе останете пасивни уживајќи во убавините на местата Argassi I Laganas, во кои оваа сезона го обезбедивме вашето сместување.

НАЗАД
(c) Copyright 2007 SAVANA Tourist Enterprises
Orce Nikolov 20, 1000 Skopje, Macedonia
tel. ++ 389 2 3115 826, fax ++ 389 2 3114 206,
email: info@savana.com.mk
 

61.000 facebook likes


ВИ БЛАГОДАРИМЕ
НА ДОВЕРБАТА