ДОМА ЗА НАС КОНТАКТ АГЕНТ
Преведи: Macedonian Albanian Bulgarian Croatian English Greek Serbian Slovenian Turkish

... НАЈНОВИ ВЕСТИ !!! ... НАЈНОВИ ВЕСТИ !!! >>> ВО АКЦИСКА ПРОДАЖБА, СЕ ДОЛГООЧЕКУВАНИТЕ IATA КУРСЕВИ - ЗА ОБУКА НА КАДРИ ВО ТУРИСТИЧКАТА И ПАТНИЧКАТА ИНДУСТРИЈА !!! ВО НОВООТВОРЕНИОТ ТРАВЕЛ ТРЕНИНГ ЦЕНТАР ВО СКОПЈЕ, ВЕЌЕ СТЕ ВО МОЖНОСТ ДА СЕ СТЕКНЕТЕ СО МЕЃУНАРОДНО ПРИЗНАТИТЕ СЕРТИФИКАТИ, ОД IATA ИНСТИТУТОТ ВО КАНАДА !!! >>> СИТЕ НАШИ ПАТНИЦИ, КОИ ГИ ОЧЕКУВАА ОСТАНАТИТЕ ПАКЕТ АРАНЖМАНИ ЗА СЕЗОНАТА ЛЕТО 2013, ГИ ИЗВЕСТУВАМЕ ДЕКА ВЕЌЕ СЕ ВО ПРОДАЖБА ПРЕДХОДНО НАЈАВУВАНИТЕ ПАКЕТ АРНЖМАНИ ЗА СИТОНИЈА - ТОРОНИ И САРТИ, ЗА АТИКА - АТИНА И ГЛИФАДА, ПРОМОТИВНИОТ АРАНЖМАН ЗА ОСТРОВОТ ЛЕЗБОС, КАКО И ОНИЕ КОИ СЕ ДЕЛ ОД БОГАТАТА ЛЕТНА ПОНУДА, А СЕ ОДНЕСУВААТ НА ДЕСТИНАЦИИТЕ: МАКАРСКА ВО ХРВАТСКА, ИЛИ КУШАДАСИ И БОДРУМ ВО ТУРЦИЈА !!! >>> ПРЕКУ НАШАТА ВЕБ СТРАНИЦА МОЖЕТЕ ДА ГИ ОДБЕРЕТЕ ПОСАКУВАНИТЕ АПСОЛВЕНТСКИ И УЧЕНИЧКИ ПАТУВАЊА ЗА ПРЕСТОЈНАТА ПРОЛЕТ !!! >>> ПОКРАЈ НАЈНОВИТЕ АРАНЖМАНСКИ ПОНУДИ, ВО СЕКОЕ ВРЕМЕ МОЖЕТЕ ДА ОТПАТУВАТЕ НА РОМАНТИЧЕН ВИКЕНД ВО ЕВРОПСКИТЕ МЕТРОПОЛИ, СО ИЗБОР НА НАКОЕ ОД ВОЗБУДЛИВИТЕ "CITY BREAK" ПАТУВАЊА !!! < НАЈНОВИ ВЕСТИ !!! ... НАЈНОВИ ВЕСТИ !!!

Социјални мрежи:

Facebook Twitter Youtube
 
ПОНУДИ НА ВАШИОТ E-MAIL:

ВЕСТИ
Вест од 25/04/2013
 На меѓународниот саем за туризам, "SKOPJE TRAVEL MARKET", на 26.Април, во 13.00 ч, во Галеријата на Хала 1, новоформираниот "IATA ATC - Travel Training Center" во Скопје, ќе одржи презентација, на програмата и авторизираните курсеви за обука на кадри во туризмот, на Меѓународниот IATA Институт од Канада: "IATA/UFTAA Foundation in Travel and Tourism Diploma course" и "IATA GDS Fares and Ticketing Amadeus Certificate course" 
 
Вест од 15/04/2013
 На престојниот меѓународен саем за туризам - SKOPJE TRAVEL MARKET, туристичката фирма SAVANA ќе се претстави со сите свои веќе познати брендови. Доколку сте заинтересирани за нашите понуди, Ве покануваме да не посетите, во хала 1, штанд 119 на Скопскиот саем, од 25. до 27.Април, од 11.00 до 19.00 часот. 
 
Вест од 10/04/2013
 Потсетување за веста од 12.Декември 2011 година // Од неодамна е пуштена во употреба новата и единствена web страница - Airtickets.mk !!! На нејзе и без особена асистенција од страна на стручни лица, самите ќе можете да направите резервација и уплата на дел од услугите кои ви се потребни за реализација на вашето патување. Што за тоа, вели страницата... - Добредојдовте на Airtickets.mk ... Со нас можете брзо и едноставно, 24 часа на ден, 7 дена во неделата, да обезбедите се што ви е потребно за вашето патување. Резервирајте on line од каде и да се наоѓате, дома, во канцеларија, на кафе, во парк, на излет, резервирајте и купувајте on line авио билети, хотелски соби, изнајмете автомобил, или испланирајте го вашето патување. Со порталот Airtickets.mk имате пристап до: авио билети од Скопје и сите аеродроми во светот, хотелски соби во повеќе од 55000 хотели во светот, автомобили под наем во земјата и странствo... Доколку имате потреба од дополнителни информации и услуги, јавете се на телефоните за подршка на клиенти на број 02 3115 826, каде што нашите професионални, обучени и искусни консултанти ќе ви помогнат да го направите вистинскиот избор за вашето патување.  
 
Вест од 01/04/2013
 На престојниот скопски саем - "Образование и Кариера" 2013 година, Травел Тренин Центарот на Савана, ќе се претстави со веќе поставените курсеви за престојниот уписен рок од 27.Мај 2013 година. Посетителите на саемот ќе имаат можност подетално да се запознаат со поволностите и придобивките од посетувањето на меќународните IATA курсеви, како и со можноста за нивно активно изучување во ТТЦ Скопје.  
 
Вест од 15/03/2013
  Од неодамна започна да работи, новиот сектор на Савана, посветен на прометот со недвижности во регионалните дестинации за одмор. Веќе познат под името Holiday Real Estate, овој наш сектор преку својата истоимена веб-страница, ги објави првите поинтересни понуди за "место под сонцето" наменето за македонските граѓани...  
 
Вест од 05/03/2013
 Одбележувајќи ја петата година од своето континуирано излегување, месечниот информатор TRAVEL info, преку своите печатени изданија објавени во 63 последователни броја, веќе одбележа фантастичен тираж од преку 650.000 примероци!!! 
 
Вест од 01/03/2013
 Веќе од месец Февруари оваа година и официјално, "TTC" како авторизиран центар од меѓународниот IATA институтот од Канада, ја започна својата официјална работа со потенцијални коминтенти ! ... Новиот едукативен и тренинг центар за обука на стручни кадри кои работат или планираат да работат во областа на туризмот, своите први курсеви ги започнува од месец Мај во тековната година. Со понуда на повеќе планирани курсеви, во Travel Training Centar (TTC) - Скопје, освен предавањата од меѓународните курсеви: IATA/UFTAA Foundation in Travel and Tourism Diploma course и IATA GDS Fares and Ticketing Amadeus Certificate course, ќе се реализиораат и обуки за туристички работници лиценцирани како придружници и водичи на туристичките групи кои заминуваат или пристигнуваат во земјата, на претставници кои за време на реализацијата на периодичните аранжмани престојуваат во странство, како и на туристичките кадри кои планираат да се стекнат со искуство во менаџирањето со туристичките агенции... наскоро, со повеќе нови информации од TTC - Скопје... 
 
Вест од 10/02/2013
 Во проектот за развој на домашниот туризам, како и за негова поуспешна промоција на европскиот и светски пазар, оваа година секторот за "incoming" на Савана - Macedonia Vision, забележува низа успешни реализации на аранжмани, со нови групи на странски туристи. Минатогодишната интензивна кампања и учество во промоцијата на овој македонски бренд, очигледно почна да ги остварува и првите позитивни резултати. 
 
Вест од 01/02/2013
 Во предпродажба се објавени, долгоочекуваните аранжмани за престојната летна сезона во Грција. Меѓу низата препознатливи дестинации, оваа година се вбројуваат и неколку нови, за кои се надеваме дека ќе го привлечат вашето внимание. Во новите дестинации на Јонското море, оваа сезона ја вбројуваме и прекрасната Сивота. На Егејското море, познатата Атика со Атина и Глифада, а како најповолно изненадување од островите на Егејското море, овојпат не така далечната - Евиа, со веќе се' попознатото летувалиште Пефки !!!  
 
Единствената Лефкада...
Најповолни тарифи
Подарете Ваучер, подарете спомени...
Рекламирај се, на www.savana.mk !!!
 
 

За нас

САВАНА доо

Профил на компанијата:

1. Назив на правно лице

    Друштво за туризам, промет и застапување САВАНА доо, 
    скратено име: САВАНА доо, заштитено име: SAVANA Tourist Enterprises

    
Адреса: 
    Република Македонија
    1000 Скопје, ул. Орце Николов 20
    тел: 389 2 3115 826, факс: 3114 206

2. Правен субјект

    Друштво со ограничена одговорност - доо

3. Историјат

    САВАНА доо, е основана во 1990 година како приватно претпријатие и една од првите приватни туристички агенции во Република Македонија. Од оваа, веќе респектабилна временска дистанца, САВАНА како една од водечките туристички агенции во дражавата, денес може да истакне дека, работејќи уште од самиот почеток под мотото "комплетен туристички сервис", низ изминатиот период успеа организациски да ги понуди сите потребни услуги, за бројните клиенти на домашниот и поширокиот туристички пазар. Ориентирајќи се кон целта - да обезбеди што поширок спектар на туристички услуги, воедно наменет за уште поголемиот број на потенцијални корисници, САВАНА постојано инвестираше во квалитетен персонал и адекватни технологии, толку потребни за функционирање на истите. Како резултат на таквата деловна политика, континуирано и денес, нејзините услуги ги користат огромен број на задоволни клиенти во земјата и во светот.
    Во 1990 година, САВАНА започна да работи со двајца вработени ентузијасти, а денес, моментално во неа веќе работат 23 редовно вработени, високо стручни туристички работници. Во досегашниот период на своето постоење, со исклучиво пазарна ориентираност во работата, САВАНА успеа да оствари просечна годишна продажба од преку 6.000 авионски билети, како и продажба и реализација на повеќе од 30.000 аранжмански пакети во летувања, зимувања, или групни и индивидуални патувања.

4. Цели и активности

    Стремејќи се уште од самиот почеток, во достигнување и имплементирање на повисоки стандарди во сопственото туристичкото работење, по углед на тогаш сеуште малубројните туроператори во регионот, САВАНА веќе во далечната 1991 година, започна со инвестирање во професионална едукација на својот персонал, упатувајќи го во етаблираните тренинг центри за сертифицирана и стручна обука, во регионот. Благодарејќи на таа посветеност и истрајност во професионалната определба, веќе на 15.Февруари 1995 година, Туристичката агенција САВАНА стана постојана членка на меѓународната асоцијација IATA, со регистарски број: 76-3 2014 5. Добивањето на IATA лиценцата, како прва туристичка агенција во самостојна и незавсина Република Македонија, за САВАНА значеше и признание и поттик, за да продолжи по замислениот пат на професионално градење и воздигнување во сопствената стопанска гранка. 
    Секогаш отворена за соработка со своите колеги и партнери од туристичкиот дел на македонското стопанство, спремна да ги гради и споделува со нив сите позитивни искуства, САВАНА уште од самиот почеток на конституирање на новите стопански институции во туризмот во младата држава, зема активно и значително учество во тие процеси. САВАНА е една од основачите и членка на ATAM (Aсоцијација на туристичките агенции на Македонија), како и на СКТМ (Стопанската комора за Туризам на Република Македонија). Со свое учество во органите на управување, во изминатите години САВАНА даваше активен придонес и во работењето на некогашниот Туристичкиот сојуз на Република Македонија, како и во некогашниот Туристичкиот сојуз на Град Скопје. 
    Според важечкиот Закон за Туризам од 2003 година, како и со последните измени на истиот од 2011г., САВАНА поседува "А" лиценца за Туроператор, доделена од Министерството за Економија на РМ, како и полиса за Осигурување на одговорност од дејност, на вредност до 100.000 EUR.

5. Организација и работа 

    Како етаблирана туристичка агенција со позиција на регионален туроператор, САВАНА во основа е организирана и работи во неколку сектори на туристичко работење. Сектор за резервации и продажба на авио билети, сектор за организација и продажба на туристички аранжмани, хотелски резервации и туристички услуги во земјата и во странство (ориентиран кон домашниот пазар), сектор за туроператорско сервисирање на странски гости во земјата и регионот (ориентиран кон странските пазари), сектор за туристички превоз и туристички трансфери, сектор за обука на професионални кадри во туризмот, сектор за маркетинг, продукција и издаваштво во туризмот, сектор за книговодство и сметководство за сопствените потреби и дирекција на фирмата САВАНА.
    - Сектор за резервации и продажба на авио билети, има професионално обучен персонал со меѓународно искуство, како и искуство стекнато во агенцијата од 1990 година па се' до денес. Сите вработени во своето досие, имаат IATA сертификати, како и сертификати за работа со програмите на глобалните системи за резервации и продажба на авио билети - Amadeus и Galileo. Сите вработени во споменатиот сектор, се спремни да ви ги понудат најдобрите опции за вашите летови, за чија резервација, цена и ред на летање можете брзо и едноставно да се информирате во туристичката агенција. Овој сектор од 2011 година, ја сервисира и новата веб страница www.airtickets.mk за “online” продажба на авио билети, хотелски резервации и “rent a car”, низ сите земји во светот. Истите, можете брзо и ефтино да ги купите преку интернет, со користење на вашата платежна картичка.
    - Секторот за организација и продажба на туристички аранжмани, хотелски резервации и туристички услуги во земјата и во странство, е препознатлив по добро организираните програмски дестинации, како и аранжманите направени според различните желби на домашните, групни или индивидуални туристи. Овој сектор, кој своите производи редовно ги презентира пред македонската јавност преку јавните гласила и веб страницата на Савана, самиот воедно е и издавач на печатеното месечно издание "Travel info" , како и на интернет страницата www.travelinfo.mk . 
    - Секторот за туроператорско сервисирање на странски гости во земјата и регионот, денес е препознатлив преку неговата трговска марка - "Macedonia Vision". Овој веќе познат бренд, преку своите активности, гласила и интернет страница www.macedoniavision.com , нуди голем број на информации и сервисни услуги, за сите странски туристички групи и индивидуалци кои ја посетуваат Македонија и балканскиот регион. Преку овој сектор на САВАНА, на сите ним им се обезбедува хотелскo сместување, трансфери, разгледи, водичи и други туристички услуги, потребни при посета на регионот. Во контекст на искуствата од работата на овој “incoming” сектор, САВАНА е горда што успеваше да ги реализира неговите активности дури и за време на политичката нестабилност на Балканот, во периодот помеѓу 1992 и 2001 година. 
    - Преку секторот за туристички превоз и туристички трансфери, благодарејќи на исклучително добрите и професионални партнери во транспортот, САВАНА денес може да обезбеди услуги со возила од најразличен капацитет. За квалитетен превоз и трансфери, може да понуди сервис со следните типови на возила: автомобили до 4 патници, комбиња до 7 патници, минибуси до 15 патници, како и со автобуси од 45 до 85 патници.
    - Секторот за обука на професионални кадри во туризмот, е препознатлив во брендираниот назив: ТТЦ – Скопје или пак, Travel Training Center – Skopje. Неговото постоење го оправдуваат повеќето планирани курсеви за стручка обука и сертифицирање на професионално ориентираните лица, кои својата професија ја гледаат во туризмот. Во споменатиот “ТТЦ” центар на САВАНА, како официјален IATA ATC (IATA Authorised Training Center), веќе  можат да се посетуваат курсевите за обука на IATA и UFTA – агенти, курсеви за практична обука и тренинг на туристички придружници и туристички водичи (за дестинации во Македонија и низ Европа), јазични курсеви за применето знаење во одредени туристички професии, како и други курсеви и семинари, во интерес на професионалното подигнување на квалитетот на работењето во туризмот. Сите потребни информации за работата на овој сектор, можат да се добијат и преку неговата веб страница www.ttc.mk . 
    - Преку секторот за недвижности, или попознат како "Holiday Real Estate", се надеваме дека многумина од нашите сограѓани, навистина ќе можат да го пронајдат своето место под сонцето. Животната цел кај многуте следбеници на патувањата, да го пронајдат своето крајно одредиште - со недвижност во саканата туристичка дестинација, ќе биде поблиску остварлива токму преку нашиот  новоотворен сектор. Неговите актуелни понуди, претставени преку веб страницата www.holidayrealestate.eu , постојано ќе се надополнуваат и претставуваат, токму со цел да се пронајде што пократкиот пат, на кој ќе треба да се сретнат вистинските инвеститори и заинтересираните купувачи.  
    - Во секторот за маркетинг, продукција и издаваштво во туризмот, по значителните инвестиции во последните неколку години, забележителни се и позитивните реакции кон сите негови проекти. Овој сектор ја опфаќа севкупната активност околу издавањето и одржувањето на веќе познатите медиуми на САВАНА. Во нив засега се вбројуваат, две печатени и шест електонски гласила на фирмата САВАНА, последователно отворени и константно присутни во македонскиот медиумски простор.

    Печатени изданија:
    - TRAVEL info - месечен информатор за патувања, одмор и забава
    - Macedonia Vision - годишен алманах за претставување на Македонија
    
    Електронски изданија:
    -
www.savana.mk
    -
www.travelinfo.mk
    - www.airtickets.mk
    - www.macedoniavision.com
    - www.ttc.mk
    - www.holidayrealestate.eu

6.
Персонал:

* Managing director / Управител
- Стеван Пешевски

* Planning manager / Комерцијален директор
- Мирче Пешевски

* Sales manager / Директор за продажба
- Светлана Унковска

* Air reservations & ticketing department / Сектор за продажба на авио билети
- Величе Арсова
- Даниела Ѓоргиевска
- Ирена Ничевска

* Travel booking department / Сектор за организација на туристички аранжмани
- Ана Крстевска
- Наташа Јовановска
- Ана Богоевска

* Travel arangement & sales department / Сектор за продажба на туристички аранжмани и услуги 
- Катерина Петковска
- Дејан Спироски
- Ташко Робев
- Наталија Ефремова
- Ивана Дамеска
- Александра Илиевска
- Дијана Неделкоска
- Вишна Стерјо
- Елена Николовска

* Representatives in Greece for Summer 2013 / Претставници во Грција за Лето 2013
- Александар Златановски (Халкидики)
- Габриела Гавриќ (Пиериа)

* Holiday Real Estate department / Сектор за продажба на недвижности за одмор
- Зоран Грковски  

* Accounting department / Сектор за сметководство
- Борко Трајчевски
- Ивана Симовска

* Technical staff / Технички персонал
- Валентина Симоновска

Travel info / Web Site
Airtickets ONLINE / Web Site
Macedonia Vision / Web Site
Travel Training Center / Web Site
Holiday Real Estate / Web Site
АНКЕТА
ЛЕТНИ ОДМОРИ 2013 !?
Дали ќе одите на летен одмор ?
Да
Не
Можеби
Во кој месец од летната сезона ?
Јуни
Јули
Август
Септември
Острово за млади...
Најблискиот одмор...
СИТЕ НА ОДМОР !!!
(c) Copyright 2007 SAVANA Tourist Enterprises
Orce Nikolov 20, 1000 Skopje, Macedonia
tel. ++ 389 2 3115 826, fax ++ 389 2 3114 206,
email: info@savana.com.mk