Травел Тренинг Центар - Скопје
  ДОМА ЗА НАС КОНТАКТ АГЕНТ
Преведи: Macedonian Albanian Bulgarian Croatian English Greek Serbian Slovenian Turkish

... ПОЧИТУВАНИ ПОСЕТИТЕЛИ НА ВЕБ СТРАНИЦАТА НА САВАНА ... ВО НАШАТА АКТУЕЛНАТА ПОНУДА, ВЕЌЕ ОДДАМНА СЕ НАОЃААТ НАЈБАРАНИТЕ ТУРИСТИЧКИ АРАНЖМАНИ НА МАКЕДОНСКИОТ ПАЗАР ... ОСВЕН ДОБРО ПОЗНАТИТЕ ТУРИСТИЧКИ ПРОГРАМИ КОИ ВЕ ВОДАТ ДО НАЈУБАВИТЕ МЕСТА ВО РЕГИОНОТ И ЕВРОПА, САВАНА ЗА ОВАА ЛЕТНА СЕЗОНА ДОПОЛНИТЕЛНО ОБЕЗБЕДИ И НОВИ АТРАКТИВНИ ПОНУДИ... ПРЕД ВАС СЕ АКТУЕЛНИТЕ ПРОГРАМИ ЗА ЕСЕНСКИТЕ И ЗИМСКИТЕ ПАТУВАЊА ... ЗА ЉУБИТЕЛИТЕ НА ПАСИВНИОТ ОДМОР И РЕЛАКСАЦИЈАТА ТУКА СЕ ПОЗНАТИТЕ БАЊСКИ И СПА ЦЕНТРИ ... ДОКОЛКУ ВО ОВАА СЕВКУПНА ПОНУДА КОЈА ПОСТОЈАНО СЕ ДОПОЛНУВА, ПРОНАЈДЕТЕ НЕШТО ШТО ЌЕ ВИ СЕ ДОПАДНЕ, НАМ СЕКАКО ЌЕ НИ БИДЕ ЗАДОВОЛСТВО ДА ВЕ УСЛУЖИМЕ !!! 

Социјални мрежи:

Facebook Twitter Youtube Instagram
 
Рекламирај се, на www.savana.mk !!!
 
 

IATA/UFTAA Foundation on Travel and Tourism, Diploma course

ШТО ЌЕ НАУЧИТЕ
По завршувањето на овој курс, ќе бидете обучени...
- Да знаете да ја дефинирате туристичката индустрија и нејзините придонеси во глобалната економија, да стекнете можности за вработување и вештини кои се потребни за да работите во патничката индустрија.
- Да го користите знаењето за географијата, за да продавате патувања кон различни дестинации во светот и да правите комплетни планови за патувањата на вашите клиенти.
- Да давате точни совети во однос на барањата на патникот, за патни документи, царински прописи, здравствени регулативи, монетарни услови, како и за предностите на патничкото осигурување.
- Да правите аранжмани за патување со авион, користејќи ги стандардните системски кодови и терминологии, како и да им давате услуги и информации на авионските патници, пред и за време на нивното патување.
- Да можете да ги опишете карактеристиките и придобивките од заедничките продукти во патничката индустрија, како и услугите при продажбата на железничкиот превоз, изнајмувањето на возила, хотелското сместување, крстарењата или однапред договорените пакет аранжмани.
- Да можете да овозможите ниво на услуги кон клиентите, кои успешно ќе ги мотивираат да ги плаќаат истите и да ја градат својата лојалност кон Вас, како клиент.
- Да можете да ги толкувате основните авионски тарифи, условите на цените, како и со точност да издадете авио билет за планиран итинерер на патување.
- Да користите различни технологии при продажбата на планираните патувања.
- Да се резервираат и продаваат услуги, преку глобалните дистрибуциски системи (GDS), како што се: Abacus, Amadeus, Galileo или Sabre.

ТРЕБА ДА ПРИСУСТВУВААТ
Овој курс се препорачува за:
- Агенти во туристички агенции
- Агенти за резервации, во авиокомпании
- Туроператори
- Агенти во “кол-центри”

ОСНОВНИ ТЕМИ НА ИЗУЧУВАЊЕ
- Туристичка и патничка индустрија и професионалност во работењето
- Географија во планирањето на патувањата
- Патнички документи и формалности при заминување на пат
- Патнички и туристички продукти и услуги
- Авио тарифи, авио билети, работење со ГДС (Глобални дистрибуциски системи: Amadeus,Galileo) Овој курс е комбиниран, од учебник и материјали за E-изучување. Во комплетот за изучување на овој курс, е вклучен и посебен “IATA CD Kit”. Со завршување на овој курс, се здобивате со IATA/UFTAА Диплома, за основен курс во туризмот и патувањата.

ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ
Основното ниво е поделено на 13 модули, кои ќе ви овозможат да ја разберете патничката и туристичката индустрија, практичната улога на туристичките професионалци во оваа индустрија, важноста како да се исполнат очекувањата на клиентот, како и улогата на технологијата во патничката индустрија. Дополнително ќе се запознаете и со регулативите во патничката индустрија, кодовите, глобалната географија, авио тарифите, издавањето на билети, вклучително и електронското издавање на авио билети, како и потребните информации за визи и здравствени регулативи и креирање на пакет аранжмани. За соодветно изучување на курсот потребни се најмалку 170 часа интензивно учење, но посетителите кои ќе го изучуваат курсот во авторизираниот IATA центар за обука, во интерес на вистинско негово имплементирање, можат да очекуваат подолг период за изучување. Со успешното завршување на испитот, ќе се квалификувате со здобивање на IATA/UFTAA International Travel and Tourism Foundation Diploma и воедно ќе можете, после вашето име да ја додадете ознаката DTTF (Diploma in Travel and Tourism Foundation).

СЕ ПРЕПОРАЧУВА ДА ИМАТЕ
- Диплома од завршено средно образование
- Основни математички познавања и вештини
- Добро познавање на англискиот јазик

ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ОБУКАТА
За овој курс се предвидени 200 наставни часа. Еден час е со времетраење од 50 минути. Кандидатите ќе добијат и оригинален комплет за обука, во издание на IATA. Испитните сесии се планирани во месеците Март, Јуни, Септември и Декември.

ЦЕНА НА ЧИНЕЊЕ НА КУРСОТ
Цената на курсот со обука изнесува 990 EUR, во денарска противвредност, по пресметковен курс за 1,00 EUR = 62,00 MKD. Уплатата е можно да се изврши на шест месечни рати, без пресметување на дополнителна камата. Минималниот број на студенти за одржување на овој курс, е осум кандидати. Посебни цена за вработените во туристичката индустрија и за студентите на факултетите за туризам и сообраќај намалена за 10% изнесува 890 EUR, во денарска противвредност, по пресметковен курс за 1,00 EUR = 62,00 MKD.

РОК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ И УПЛАТА НА КУРСОТ
- Крајниот рок за пријавување и уплата на курсот е 21 ден пред датумот предвиден за започнување на курсот.(подоцна од овој рок е можно само доколку има слободни места за истиот)
- Бројот на посетителите (8) на еден курс, е ограничен по група и истиот не може да се зголемува. - Уплатата на курсот се врши вирмански, по пријава или профактура, во денарска противвредност на жиро сметка на организаторот.
- Уплатата може да се изврши и со платежна картичка, или пак со кредитна картичка (на Стопанска банка АД и НЛБ Тутунска банка АД), користејќи ги поволностите за уплата на рати: до 6 рати без камата, или пак со пресметување на камата, до 36 месечни рати.
- Уплатата на курсот може да се изврши и со потрошувачки кредит на Стопанска банка АД, со пресметување на камата, од 6 до 72 месечни рати, или со користење на кредит за едукација.

Travel Training Center / Web Site
Airtickets ONLINE / Web Site
(c) Copyright 2007 SAVANA Tourist Enterprises
Orce Nikolov 20, 1000 Skopje, Macedonia
tel. ++ 389 2 3115 826, fax ++ 389 2 3114 206,
email: info@savana.com.mk
 

61.000 facebook likes


ВИ БЛАГОДАРИМЕ
НА ДОВЕРБАТА