Травел Тренинг Центар - Скопје
  ДОМА ЗА НАС КОНТАКТ АГЕНТ
Преведи: Macedonian Albanian Bulgarian Croatian English Greek Serbian Slovenian Turkish

... ПОЧИТУВАНИ ПОСЕТИТЕЛИ НА ВЕБ СТРАНИЦАТА НА САВАНА ... ВО НАШАТА АКТУЕЛНАТА ПОНУДА, ВЕЌЕ ОДДАМНА СЕ НАОЃААТ НАЈБАРАНИТЕ ТУРИСТИЧКИ АРАНЖМАНИ НА МАКЕДОНСКИОТ ПАЗАР ... ОСВЕН ДОБРО ПОЗНАТИТЕ ТУРИСТИЧКИ ПРОГРАМИ КОИ ВЕ ВОДАТ ДО НАЈУБАВИТЕ МЕСТА ВО РЕГИОНОТ И ЕВРОПА, САВАНА ЗА ОВАА ЛЕТНА СЕЗОНА ДОПОЛНИТЕЛНО ОБЕЗБЕДИ И НОВИ АТРАКТИВНИ ПОНУДИ... ПРЕД ВАС СЕ АКТУЕЛНИТЕ ПРОГРАМИ ЗА ЕСЕНСКИТЕ И ЗИМСКИТЕ ПАТУВАЊА ... ЗА ЉУБИТЕЛИТЕ НА ПАСИВНИОТ ОДМОР И РЕЛАКСАЦИЈАТА ТУКА СЕ ПОЗНАТИТЕ БАЊСКИ И СПА ЦЕНТРИ ... ДОКОЛКУ ВО ОВАА СЕВКУПНА ПОНУДА КОЈА ПОСТОЈАНО СЕ ДОПОЛНУВА, ПРОНАЈДЕТЕ НЕШТО ШТО ЌЕ ВИ СЕ ДОПАДНЕ, НАМ СЕКАКО ЌЕ НИ БИДЕ ЗАДОВОЛСТВО ДА ВЕ УСЛУЖИМЕ !!! 

Социјални мрежи:

Facebook Twitter Youtube Instagram
 
Рекламирај се, на www.savana.mk !!!
 
 

GDS Fares and Ticketing Course, Amadeus, Certificate course

ШТО ЌЕ НАУЧИТЕ
По завршување на овој курс, ќе бидете обучени:
- Да ги анализирате прикажаните пораки, на глобалните дистрибуциски ситеми (ГДС), прилагодени на милјажниот систем за пресметување на цените.
- Да одредувате и пресметувате цена, за различни видови на авионски патувања.
- Да ги читате, толкувате и применувате правилата на цените.
- Да проверувате дали се исполнети правилата, за примена на одредена тарифа, при пресметување на цена за одреден интинерер за патување.
- Да користите (ГДС) Глобален дистрибуциски систем (Амадеус ), за издавање на авио билети по мануелно пресметани цени, за одредени резервации.

ТРЕБА ДА ПРИСУСТВУВААТ
Овој курс се препорачува за:
- Агенти во туристички агенции
- Агенти на шалтер за информации и резервации во авио компании
- Агенти за издавање на авио билети во агенции и компании
- Агенти на „кол-центри”

ОСНОВНИ ТЕМИ НА ИЗУЧУВАЊЕ
- Запознавање со авио тарифите, базирани на милјажниот систем за пресметување.
- Ограничувања на индиректни патувања, споредни патувања и патувања со отворена конекција.
- “Backhauls” проверки, кружни патувања, патувања со различни класи на услуга, како и алтренативни точки во итинерерот, преку кои се пресметува тарифата.
- Најповолни цени на итинерери, цени за патувања околу светот и проверка на минимум пресметани цени за рута.

ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ
Курсот е поделен на осум модули, во кои ќе се запознаете со организацијата IATA. На овој курс ќе изучувате: авио тарифи, милјажни системи, глобални дистрибуциски системи, пресметување на цени, ограничувања во пресметувањето на цените, различни видови на авио итинерери, најповолни комбинации на цени, сложени итинерери (патувања околу светот), конверзија на валути, пресметување на аеродромски такси и вежби за издавање на E-билети. За овој курс ќе добиете, работна тетратка и “IATA CD-Kit”. Наставата е интерактивно комбинирана со мини тестови и квиз прашања. Со успешно завршување на испитот, ќе се здобиете со Интернационален IATA сертификат за “GDS Fares and Ticketing Amadeus” кој e признат насекаде во светот.

СЕ ПРЕПОРАЧУВА ДА ИМАТЕ
- Диплома од завршено средно образование
- Основни математички познавања и вештини
- Добро познавање на англискиот јазик Наша препоката IATA Foundation in Travel and Tourism

ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ОБУКАТА
За овој курс се предвидени 60 наставни часа. Еден час е со времетраење од 50 минути. Кандидатите ќе добијат и оригинален комплет за обука, во издание на IATA. Испитните сесии се планирани во месеците Март, Јуни, Септември и Декември.
 
ЦЕНА НА ЧИНЕЊЕ НА КУРСОТ
Цената на курсот со обука изнесува 490 EUR во денарска противвредност, по пресметковен курс за 1,00 EUR = 62,00 MKD. Уплатата е можно да се изврши на шест месечни рати, без пресметување на дополнителна камата. Минималниот број на студенти за одржување на овој курс, е осум кандидати. Посебни цена за вработените во туристичката индустрија и за студентите на факултетите за туризам и сообраќај намалена за 10% изнесува 440 EUR во денарска противвредност, по пресметковен курс за 1,00 EUR = 62,00 MKD.

РОК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ И УПЛАТА НА КУРСОТ
- Крајниот рок за пријавување и уплата на курсот е 21 ден пред датумот предвиден за започнување на курсот. (подоцна од овој рок е можно само доколку има слободни места за истиот)
- Бројот на посетителите (8) на еден курс, е ограничен по група и истиот не може да се зголемува.
- Уплатата на курсот се врши вирмански, по пријава или профактура, во денарска противвредност на жиро сметка на организаторот.
- Уплатата може да се изврши и со платежна картичка, или пак со кредитна картичка (на Стопанска банка АД и НЛБ Тутунска банка АД), користејќи ги поволностите за уплата на рати: до 6 рати без камата, или пак со пресметување на камата, до 36 месечни рати.
- Уплатата на курсот може да се изврши и со потрошувачки кредит на Стопанска банка АД, со пресметување на камата, од 6 до 72 месечни рати, или со користење на кредит за едукација.

 

Travel Training Center / Web Site
Airtickets ONLINE / Web Site
(c) Copyright 2007 SAVANA Tourist Enterprises
Orce Nikolov 20, 1000 Skopje, Macedonia
tel. ++ 389 2 3115 826, fax ++ 389 2 3114 206,
email: info@savana.com.mk
 

60.000 facebook likes


ВИ БЛАГОДАРИМЕ
НА ДОВЕРБАТА